Еден комбинезон и подвезици и Манескин стави сè во сенка! На синоќешниот црвен тепих видовме сѐ - од кич до гламур

Добивај вести на Viber

Оваа церемонија на доделување секогаш се чека со нетрпение бидејќи е малку полежерна од Греми, па изведувачите имаат можност да експериментираат со модата и да презентираат многу ексцентрични изданија.

Во Лос Анџелес синоќа се одржа доделувањето на Американските музички награди, кое несомнено – како што обично се случува секогаш кога има „свеж“ албум – го одбележа Тејлор Свифт!

Американската кантавторка е повеќекратна победничка на оваа церемонија, а на прво место е прогласена за уметник на годината и со тоа ги надмина Бијонсе и Хари Стајлс кои важеа за фаворити.

За работите да бидат уште поинтересни, таа беше наградена и за поп албум на годината, за новата верзија на нејзиниот музички албум „Red“ од 2012 година, а беше наградена и за најдобар кантри изведувач и најдобро видео (за песната „All Too Well").

Тејлор доминираше не само на сцената, туку и остави најсилен впечаток на црвениот тепих, каде се појави во златен комбинезон од брендот Blonds, од колекцијата есен 2019 година, а својот аутфит го комплетираше со луксузен златен накит.

Покрај Тејлор, по овој настан многу се зборува и за членовите на италијанскиот бренд Монескин, кои ја добија наградата за најдобра рок песна „Beggin’, а на наградата пристигнаа во подвезици! 

Што се однесува до ексцентричните изданија, денес се зборува за музичарот Машин Ган Кели, кој носеше виолетов костум покриен со боцки.

Таму беа и Кели Роуланд, Вејн Брејди, Пинк и многу други..




Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube - screenshoot