Единствената жена која Ди Каприо не ја изневери- неговата мајка: Лавовски се бореше да му обезбеди подобар живот на синот
Фото: Profimedia
Мајката на Леонардо ди Каприо често била видена на холивудските премиери со својот славен син. „Таа е причината зошто можам да си ја работам работата“, рекол актерот за својата мајка која имала трауматично детство, а потоа дала сè од себе за да му обезбеди подобар живот на своето дете.
Деновиве многу се пишува за Ирмелин Инденбиркен (79) бидејќи турбулентниот живот на нејзиниот син повторно е актуелен. Се вели дека таа е единствената жена што Леонардо ди Каприо не ја изневерил, поради огромната почит и љубов што ја има кон својата мајка.
Ирмелин Инденбиркен го одгледа Лео како самохран родител во Лос Анџелес. Актерот во интервју за „Access Hollywood“ во 2014-та година изјави дека неговата мајка секогаш го поддржувала во неговата одлука да се занимава со актерство, а тој имал 12 години кога ѝ кажал за својот сон за актерска кариера.
На почетокот на неговата кариера таа била многу заштитнички настроена кон него, бранејќи го од папараците кои постојано го бркаа.
Фото: Profimedia
Тешкото детство на мајката на Лео
Ирмелин Инденбиркен е родена во 1942-ра година во засолниште во Германија за време на Втората светска војна. Нејзината мајка во 1998-ма година за германскиот магазин „Hellweger Anzeiger“ изјавила дека семејството живеело во село северно од Дортмунд и дека имало многу тешки времиња.
Тие биле принудени да заминат за Америка. Ирмелин пораснала во германската заедница во Њујорк, а нејзините родители се вратиле во родната земја во 1985-та година.
Мајката на Леонардо ди Каприо сакала да стане адвокатка. На рана возраст го запознала таткото на нејзиниот син, Џорџ, кој продавал стрипови, а името на детето наводно го избрале додека биле на одмор во Фиренца, гледајќи ги делата на Леонардо да Винчи.
Двојката се раздели една година по раѓањето на Лео. Тие останаа во добри односи, а Џорџ извесно време живееше во нивното соседство. Сепак, главната грижа за Ди Каприо ја презела неговата мајка, решена на својот син да му подари подобро детство од она што го имала.
Затоа се преселиле од суровите предградија на источен Лос Анџелес во подобро соседство, каде Лео се запишал во средно училиште. Неговата мајка го возела секој ден иако ѝ биле потребни три часа за тоа.
Фото: Profimedia
Лео ја запозна својата мајка со нејзиниот сегашен партнер
Мајката на Леонардо ди Каприо наводно има големо влијание врз неговиот љубовен живот, односно сите негови девојки треба да поминат одреден тест со неа.
Многу од неговите поранешни партнерки биле многу блиски со Ирмелин, како Жизел Биндхен и Камил Морон.
Сепак, сигурно е дека актерот во најголема мера сам одлучува за своите љубовни избори, кои се придружени со епитетот на контроверзен поради гореспоменатото правило. Неговата врска со Еден Полаи (19) предизвика големи критики.
Ирмелин Инденбиркен е во врска со Дејвид Вард (70), а нивниот „состанок на слепо“ го организирал Лео, пред 11 години.
И да, тука е и долгогодишната пријателка на Ди Каприо, Кејт Винслет, и таа врска е една од најтрајните во неговиот живот.
Извор: zena.blic.rs