Единствено нив ги повредив: Северина после 17 години упати јавно извинување до семејството на партнерот од интимната снимка

Во своето признание за хрватските медиуми, Северина ја допре и темата „интимна снимка“...

Пејачката Северина Вучковиќ, која долго се бори за старателство над синот Александар, детално опиша како изгледа нејзината правна битка со Милан Поповиќ.

Во признанието што го даде за хрватските медиуми, Северина ја допре и темата „нтимна снимка“, која ја придружува во текот на нејзината кариера, и поради што, како што тврди, е свесна дека повредила некои луѓе.

Сепак, таа не мисли дека на некого му должи извинување, освен на лицата што сега ги спомена за прв пат.

- Сакам да им кажам на младите девојки да бидат внимателни и да внимаваат што прават. Свесна сум дека има тројца луѓе што ги повредив со тоа и сакам да им се извинам. Тоа се децата и сопругата на мојот партнер од тоа видео. Ова се единствените луѓе на кои треба да им се извинам - изјави Северина и откри дека сака да биде таа што ќе ги сподели грешките од младоста со својот син:

- Изненадувачки е што од 2004 година до денес, никој не ги спомна страдањата на тие деца, а сега сите се многу заинтересирани за тоа како ќе го доживее мојот син, кој дури и не беше роден во тоа време. Свесна сум дека мојот син ќе се сретне со ова во одреден момент од својот живот, и го имам тоа на ум од самиот почеток. Кога ќе проценам дека е време, ќе му кажам и би сакала да го слушне тоа од мене. Би сакала да цитирам филозоф помудар од мене, кој вели дека казната поголема од злосторството е криминал сам по себе - посочи Вучковиќ.

За потсетување, во 2004 година се појави интимно видео на Северина Вучковиќ и Милан Лучиќ.