Една е мајка: Го носи бебето на својата ќерка која се бори со неплодност

Семејна приказна која го освои светот

Животот на убавата Бреана се претворил во вистински пекол по неколку спонтани абортуси

Се вели дека најважната работа во животот на една личност е да има наследници. Убавата Бреана Локвуд и нејзиниот сопруг Арон, кои се од Чикаго се обидувале неколку години да станат родители, но за жал по многу хормонски инекции, солзи и непроспиени ноќи не успеале во тоа.

Двојката се венчала во 2016 година. Оттогаш, започнале и обидите на 29-годишната жена да забремени и да му роди дете на својот сакан.

Откако сфатиле дека нема да може да забремени природно, тие се обиделе и со ин-витро.

Семејството потрошило 73.000 Американски долари на ин витро оплодување, а Локвуд успешно забременила двапати, но исто така имала и два спонтани абортуси.
Како резултат на тоа, таа го развила Ашерман-овиот синдром, ретка болест во која се формира лузна во матката, што спречува жената да роди друго дете.

Тогаш работите се чинеле безнадежни, се додека мајката на Бреана не им понудила нешто што ја шокирало и младата жена.
Џули Ловинг (51), која долго време сонувала да стане баба, ѝ предложила на својата ќерка таа да им биде сурогат мајка на нивното дете. Отпрвин, Бреана не ја сфаќала сериозно понудата, но таа и нејзиниот сопруг подоцна се согласиле.
Во САД, старосната граница за жена да стане сурогат мајка е до 35 години. Сепак, одличното здравје на Џули направило исклучок – Американката била здрава, правела редовни прегледи кај лекар и учествувала на маратони и триатлони.

Во март 2020 година, Ловинг успешно забременила со сопственено внуче. Нејзината ќерка и зет очекуваат бебе во ноември.
Во следните неколку недели, тие ќе го знаат полот на своето бебе кое расте во матката на мајката на Бреана.

Извор: jenata.blitz.bg

Дали и ова лето „ќе го заборавите“ костимот за капење дома затоа што не сте подготвени: Емотивна објава на мајка во која ќе се пронајдат многу жени