Една година од смртта на Драган Вучиќ: Го сакаше животот, а мирот што го имаше не можеа да го купат никакви пари

На денешен ден , минатата година не напушти шоуменот Драган Вучиќ. Веста за неговата смрт ја потресе јавноста, а Вучиќ почина од коронавирус на 65 години.

Вучиќ  беше човек кој останува запаметен по својата харизма, по својата насмевка, по своите песни, по своите шоуа и квизови.

„Мирот што го имам никакви пари не можат да го купат“, рече во едно интервјуто во 2017 година.

Искрен и свој во одговорите, вистинската легенда од човек, тогаш раскажа за неговите 5 минути, за категоријата „сељак“ во која го сместуваа, за лошите коментари, но и за среќата со семејството, сопругата Весна со која беше заедно 40 години, и синот единец Мартин.

* Некои Ве плукаат и Ве сместуваат во тн категорија сељак, кој е Ваш коментар на ова?

-Ух јас сум веќе навикнат, од 95/94 година го работам ова , еве веќе 23 години , епа тој сељак дојде до тоа ниво што сум сега. Кој како сака нека ме плука, Драган Вучиќ е бренд во Македонија и тука завршува целата моја приказна. Значи јас прво немам нит Фејсбук, нит ме интересира што пишуваат, нит па одам по други телевизии, а тоа што е сељак ние сме си навикнати, и тоа нема врска со мене. Мене битно оџакот да ми дими, а лево и десно, тие дали се новинари, дали се залопамтила, не знаат што да прават за да бидат читани, кај што ќе се види моето име ќе отворат. Значи од една страна сакаат да бидат читани да им се спомне името, од друга страна својата негативна енергија на мене ја истураат. Воопшто не ми е гајле, да бев сељак до сега „ехее“ ќе беше, меѓутоа јас сум човек со музичка академија, со 4 странски јазици , далеку сум од сељак, а 10 години пред сите овде. Сега да кликнам јас 100.000 гледачи ќе имам, потписници во било која кампања да сум, минимум. А они нека си ја тераат својата работа, коментарот е тоа.


*Твит- „Мило ми е што Драган живее како холивудска ѕвезда“. Каков живот живее Драган?

-Холивудска ѕвезда зошто...јас сум толку приземен човек, мене ќе ме видите и на пазар , ќе ме видите во банка да си чекам ред , ќе ме видите секаде, јас не сум холивудска ѕвезда нит па така се чувствувам. Јас сум сосема природен и не сум јас како што велат-Драган бил препотентен .. јас немам „п“ од препотентен искрено да ви кажам. Јас сум сосема друга личност и сакам да се дружам , меѓутоа најголемата врлина според мене е тоа што сакам да помагам луѓе, сакам да помагам на моите драги наоколу пријатели и роднини, максимално што можам да помогнам на некој, дали за вработување, дали за финансии , дали да помогнам нешто од моите спонзорства , да им го доделам она мене што ми припаѓа . Да јас сакам да шетам и шетам , одам по Грции, по разни спа центри итн. меѓутоа јас имам 3-4 дена , па после имам 10-15 дена одмор и гледам да си ги искористам затоа што мирот што го имам никакви пари не можат да го купат- рече Вучиќ во тогашното интервју.