Една година радост: Водителката Александра го прослави првиот роденден на ќерката Сара
Минатата година на денешен ден познатата македонска водителка Александра Пановска Илиевска на свет го донесе своето прво дете.
Веста за пристигнувањето на Сара ја откри неколку денови подоцна, со фотографија која ја сподели на својот Инстаграм профил, покрај која напиша: „Соништата стануваат реалност“.
Тогаш со розови балони и подароци се прослави раѓањето на Сара, а денес во сосема поинакво издание. Имено, првиот роденден на Сара е инспириран од џунглата, заедно со сите животни во неа, па така на фотографијата може да се видат балони во зелени и златни нијанси, како и торта и колачиња, на кои се претставени омилените животни на Сара.
„Една година радост“ - напиша познатата водителка покрај фотографијата на која пред роденденската торта позираат таа и нејзиниот сопруг, со нивната славеничка.
фото: Инстаграм