Еднаш носеше креација на македонски дизајнер, на Велигден ѝ кажа „ДА“ на партнерката: Кристен Стјуарт имаше скромна венчавка

Конечно го кажала тоа судбоносно „да“... Кристен Стјуарт, една од најбараните холивудски актерки од помладата генерација, се омажи за својата долгогодишна девојка Дилан Мајер, а интимната венчавка се случила во неделата на Велигден во Лос Анџелес.
По шест години голема љубов, Кристен Стјуарт (35) конечно стапна на „лудиот камен“. Поранешната девојка на Роберт Патинсон се омажи за сценаристката Дилан Мајер (37) на интимна, речиси тајна церемонија во нивниот дом во Лос Анџелес. Велигденската недела изгледаше како вистински момент за конечно да ја крунисаат својата приказна со брак.
Колку малку може да остане „строга тајна“ во „фабриката за соништа“, барем не долго време, американските таблоиди по само неколку часа „откопаа“ фотографии од местото на настанот. Девојките си разменија завети и прстени под чадор во дворот. И двете избрале необични креации, од кои ниту една не беше класична венчаница.
Kristen Stewart is now married! The actress and her fiancée, Dylan Meyer, exchanged vows in a private ceremony at Stewart’s Los Angeles home on April 20, 2025. They obtained their marriage license the previous week. Congratulations to the couple! pic.twitter.com/CgTdYPS7lB
— Nyra Kraal (@NyraKraal) April 21, 2025
Дозволата за брак ја добиле во вторникот. Иако се запознаа во 2013 година на филмски сет, тие почнаа да се забавуваат неколку години подоцна, откако Кристен раскина со манекенката Стела Максвел. Гласините дека се свршија почнаа да кружат летото 2021 година, а прстените ги издадоа. Актерката набрзо тоа го потврди во шоуто на Хауард Штерн.
Оттогаш шпекулациите за венчавката не престануваат. А и самата Кристен Стјуарт постојано дава повод за приказни, бидејќи во интервјуата потенцираше дека се е испланирано и подготвено за големата церемонија. Меѓутоа, свадбените ѕвона не биеле. Во меѓувреме, ѕвездата од сагата „Самрак“ се предомисли и се одлучи за поскромна венчавка во кругот на најблиските пријатели.
Сепак, освен членовите на семејството и пријателите, беа видени и некои познати фаци. На пример, Ешли Бенсон од „Pretty Little Liars“, која дојде со нејзиниот сопруг Брендон Дејвис.
Актерката Кристен Стјуарт на вечерта на номинации за Оскар на „The Hollywood Reporter“ во 2022 носеше прекрасна шик креација на македонски дизајнер.
Имено станува збор за дводелен комплет составен од топ и пенсил здолниште во нежна бела боја искомбинирано со бели салонки.
Изгледот е надополнет со шик фризура и шминка во стилот на актерката.
Славниот австралиски дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски, кој живее во Австралија, веќе извесно време е дел од стилските избори на многу познати жени, меѓу кои се и Џенифер Лопез, Ева Лонгорија и Пенелопе Круз. Во неодамнешното интервју за „Ел“, зборуваше за својата работа.
- Да, моето македонско потекло има влијание, и во создавањето на било која колекција се инспирирам од етно-традицијата во Македонија и нејзината околина. За жал, сега не сум многу упатен во модната сцена во Македонија и во поранешна Југославија. Општ впечаток на луѓето од светскиот моден бизнис е дека Балканот е поднебје на многу креативни луѓе чиј талент не е доволно разбран и искористен - изјави Матичевски за „Ел“.

Р.Ж.М
ФОТО: Твитер