Едно тесто, 10 различни пецива: Убаво на око, а за вкусот да не зборуваме (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Кога сакате да си поиграте малку во кујната и да бидете креативни, сигурни сме дека ќе го запомните овој рецепт.

Само од едно тесто, можете да направите дури 10 колачи и да се пофалите со тоа колку сте вешти во правење на различни форми.

Неопходно е:

-400 мл млеко

-1 јајце

-1 лажичка шеќер

-малку сол

-20 гр квасец

-650 гр брашно

Подготовка:

Во сад ставете млако млеко и шеќер, додадете го квасецот да се стопи. Додадете брашно и сол и замесете средно тврдо тесто. Покријте да одмори околу 30 мин. Исечете го тестото на помали парчиња и направете топчиња. Покријте да отстои повторно и потоа превртете ја секоја топка со сукало и направете пецива.

Еве како изгледа во пракса:


Foto: Youtube Printscreen/Jelajelena Petrovic