Едно тесто, два рецепти: Дали сте за сочни крофни или крцкави кифлички? (ВИДЕО)
Одличен избор за кога
ќе ви се пријаде нешто слатко ...
Знаеме дека на многу луѓе понекогаш им е тешко да ги „валкаат садовите“ само заради еден оброк. Затоа го споделуваме со вас овој таканаречен рецепт 2 во 1, каде од едно тесто ќе направите две вкусни работи.
Потребни намирници:
-300 мл млеко
-1 лажичка шеќер
-50 гр путер
15 гр квасец
-2 жолчки
-550 гр брашно
-малку сол
-кора од лимон
Начин на подготовка:
Замесете го тестото од наведените состојки, а потоа оставете го да одмори околу 30 минути, нека биде покриено. Извадете топчиња од тестото, околу 50 грама по топче и ставете ги во плех на хартија за печење. Покријте ги да одморат околу 30 минути. Натопете ја дрвената лажица со која готвите (или пластична) во масло и издупчете ја секоја крофна на средина. Во тенџере ставете масло за пржење и пржете ги крофните на тивок оган, во многу масло.
Ако ви остане тесто, можете да направите кифлички. Тестото развлечете го со сукало, во што поголем круг, а потоа исечете го на триаголници и завиткајте го во кифлички. Покријте да се одморат и печете ги на 200 степени 30 минути.
Сервирајте по ваша желба со шеќер во прав, џем, чоколаден прелив, како сакат и уживајте во сочни криофни или крцкави кифлички.
Бон апетит!
Видео и Фото: Jelajelena Petrovic
Можеби ќе ве интересира:
Торта со кафе и бисквити: Пандишпан од ореви и најкремаст фил