Животна училница // Приказни
Едногодишниот Зоран се избори со тешка операција, се пофали - екс министерот Филипче
- 02 Декември, 2022

Поранешниот министер за здравство и познат неврохирург Венко Филипче, објави слика од едногодишно момче кое поминало тешка операција.
„Едногодишниот Зоран е храбар борец. Неговата убава насмевка денеска ја исполни со позитивна енергија целата Клиника за неврохирургија. Зоран успешно се избори со една тешка операција и сега се чувствува добро. Му посакувам многу здравје, палави и среќни детски денови“, напиша поранешниот министер Филипче на фејсбук.