Едномесечниот Дени избегна страшна судбина: Од земјотресот во Петриња паднал таванот во неговиот дом

Фотографијата што се појави на Фејсбук страницата на Хрватскиот црвен крст, по неколку дена по повеќето земјотреси што ја погодија Петриња ги топи срцата. Имено, на фотографијата се гледа бебе кое има само еден месец згрижено во шелтер-центарот во основното училиште во Сисак.

- Малиот Дени е омилен меѓу волонтерите кои работат во основното училиште во Сисак. Таму го тој направи точно еден месец од неговиот живот кој започна бурно. За време на земјотресот во Петриња, тој за малку избегна страшна судбина кога парче од таванот за малку ќе паднеше врз него и неговата мајка. Дени е среќно и здраво бебе кое со насмевката освојува сè околу себе - пишува на Фејсбук страницата на Црвениот крст на Хрватска.

ФОТО/Фејсбук