Едноставен рецепт кој успева од прва: Чоколаден колач Брауни со бадеми
Зошто да не ги изненадите вашите најблиски со вкусен десерт? Ви носиме рецепт за вкусно чоколадно уживање на кое никој не може да одолее!
Чоколаднниот колач познат како „Брауни“ спаѓа во групата на колачи кои не бараат многу време, лесно се подготвуваат и ги сакаат речиси сите. Покрај тоа, секогаш можете да ги модифицирате по ваш вкус и да додадете состојки што ги нема во рецептот, како цимет или суво овошје.
Состојки:
- 150 гр путер
- 200 гр чоколадо
- 4 јајца
- 140 гр мазно пченично брашно
Подготовка:
За почеток измешајте ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер во пенеста смеса. Растопете го путерот и измешајте го со чоколадото во компактна смеса и оставете го на страна да се излади. Измешајте го брашното со прашокот за пециво и сето заедно додадете го во првата смеса, а потоа растопениот путер со чоколадото. На самиот крај, лесно измешајте ги сечканите бадеми и печете го колачот во загреана рерна на 200 ° C околу 25 минути.
Кога колачот е готов, исечете го на коцки, а по желба можете да го послужите со топка сладолед! Уживајте!
Извор: wanted.mondo.rs
*ПР објава