Стил // Стил на неделата
Едноставна, но ефектна комбинација: Црната боја е секогаш ИН
Инспирација за стилот на неделата ни е модната блогерка Александра Трпевска. Нејзината одлична „street style“ комбинација е едноставна, а во исто време многу ефектна.
Минимализмот постигнат со црниот капут и елегантниот фустан е совршен избор за празничните денови кои следуваат. Кројот на ракавите на фустанот кој потсетува на оние од принцезите на Дизни, и чантата која ја руши монотонијата се совршена двојка.
Модна комбинација погодна за обична прошетка и кафе, но и за деловен изглед на работа, зарем не?