Едноставно артист се раѓа, не се станува: Утринско кафе со Никола Петров

Не ги сакам утрата, ниту алармот кој ми ѕвони без престан додека не се разбудам. Обожавам да го пијам кафето сам на тераса и уживам во зраците на пролетното сонце. Секако правам планови и подготви за нови проекти.

Се будам со помислата дека надвор е прекрасно време, па така се мотивирам. Мојата работа ме исполнува затоа што тоа го сакав од мал, уште кога имав 5 години. Едноставно артист се раѓа, не се станува. Енергијата се пренесува, па така моите задоволни клиенти ме прават уште посреќен, затоа што насмевката на клиентите е бесценето нешто.


Инспирација најчесто црпам од светските модни трендови од врвните професионалци во мојата професија. Секако поддршката ми значи и ме мотивира за да станам уште поуспешен и подобар во она што го работам. Сега за сега ситуацијава со корона вирусот сите малку не подзамисли, но искрено јас избегнувам да слушам информации од медиумите. Секако се придржувам до препораките, редовно вршиме дезинфекција и држиме дистанца со маски и ракавици како ние вработените така и нашите клиенти. Конечно се вративме на работните места, ние од занаетчиска комора бевме најпогодени економски, но се надевам дека во најскоро време ќе се вратиме во нормала како и се останато и ќе продолжиме да функционираме во нормални услови.



Секојдневно поголемиот дел од денот го поминувам на работното место каде што уживам во стилизирање на девојките односно на понежниот пол. Таму се изразувам и креирам различни видови на фризура и шминка секако за сечиј вкус и стил  придржувајки се до светските трендови. Како што кажав правам подготовки за фотосесии со модели и фотографи за нови проекти. На FWSK со мои драги и познати колеги ги средуваме нашите манекенки кои се барани и во странство, па чувството и задоволство е огромно кога учествувам во такви манифестации каде што се стремиме да го покажеме нашиот најдобар бренд. Слободните денови и слободното време го поминувам со семејството и моите блиски пријатели, да се прошетам на некоја убава локација и да поминам малку време на шопинг.



Во просек многу сум среќен и задоволен од денот, па најчесто навечер сакам да се напијам чаша вино со добра музика и пријателски разговор. Во тренд е и новата апликација tiktok каде се релаксирам и споделувам мои видеа за да ги насмеам и расположам моите слeдачи.

Не сум зависник од филмови и книги, но секогаш ја одбирам варијантата за добар филм, а книга читам кога имам повеќе слободно време, a тоа ретко се случува.


* Никола Петров - Стилист за коса и make up артист*