Ексклузивно со Марија Груевска за песната која ги тресе социјалните мрежи „Горам цела“
„Важно е да се оддолжиш на оние кои после едно долго натпреварување слушајќи те со туѓи песни или нивни преработки, сакаат да слушнат како звучи и нешто твое“, ни изјави битолчанката Марија Груевска по повод пормоцијата на нејзината песна „Горам цела (Горим сва)“.
Песната ја испеа на српски, а жешките кадри од снимањето на спотот направија хаос на социјалните мрежи.
Груевска жешките сцени ги снимаше со нејзиниот вереник Синиша Стојановски кој воедно ѝ беше најголема поддршка на Марија додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.
Битолчанката публиката ја памети по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Во ова музичко шоу, настапиле бројни учесници и ретко кога некој би можел да ја изненади јавноста со нешто сосема различно или да ги шокира членовите на жири комисијата, но нашата учесничка токму тоа го направи. Груевска уште од самиот почеток на учество во ова шоу, ја имаше титулата за најекстравагантен учесник. Во истото се појави на сцената со змија околу половината, и со ореол на главата, облечена како калуѓерка на кој настап ја соблече униформата и остана во необичен син костум, додека на главата носеше метална перика.
Но не е само ова шоу. Фановите се сеќаваат на нејзините настапи во Икс фактор и На иста адреса, како и Макфест. Промоцијата на Горим сва, Марија ја одржа пред верните фанови во Битола, а потоа и во Скопје.
Какво е чувството сега после промоцијата?
-Па пред се олеснително, едно бреме помалку, затоа што навистина е важно да се оддолжиш на оние кои после едно долго натпреварување слушајќите со туѓи песни или нивни преработки, сакаат да слушнат како звучи и нешто твое.
Од каде идејата промоцијата во Битола да биде во Офицерскиот дом?
-Идејата е од неколку причини: пред се , Офицерскиот дом располага со најубавиот простор за ваква намена, потоа во него “дише“ историјата на Битола и најмногу од се затоа што е еден од неколкуте најпрепознатливи објекти на градот.
Како реагираа најблиските и пријателите?
-Од една страна максимално се вложија во подготовките , а од друга страна беа горди што отворивме едно ново поглавје.
Да проговориме малку за песната и видео записот, со кого се работени? На кои локации е снимано видеото?
-За песната е задолжен Зоран Грујовски , продуцент од Хамбург кој ги работи сите мои проекти, а за видео записот беше задолжено General film studio на чело со Дарио Јанковиќ, сценариото на Душко Груевски и сценографија на маестро Зоран Николовски. Видеото е снимано во Битолскиот народен театар, во хотел Буши, во претседателскиот апартман и има делови снимани со макета, филмска камера и хрома.
Конктактираш ли се уште со учесниците на Звездите на Гранд? Има ли некоја нова соработка?-Секако дека контактирам, имаме некои планови за некакви дуети но се уште не е ништо конкретно.
Какво искуство беше тоа за тебе?
-Морам да признаам дека беше сосема ново искуство, и сметам дека ми претставува голем предизвик да снимам што е можно повеќе видео записи.
Неодамна доби и награда во Битола, на манифестацијата за најуспешни битолчани, во организација на Битолски весник. Колку ти значи и за што се работи?
-Секоја награда е од големо значење за мене и претставува дополнителна мотивација. Но сепак сметам дека тоа е повеќе признание за мојот минатогодишен долгорочен јавен ангажман.
Какви се плановите на Марија за оваа година?-Пред сe песна за конкурс на Евровизија, уште најмалку три авторски нумери секако со можност за видео записи и веројатно еден комерцијален концерт, но не со авторска музика туку преработки.
Кој се погрижи за стајлингот на промоцијата во Битола?
-Мојата мајка и јас околу гардеробата, и фризерско студио Кристина Кики Серафимова.
Неда Маретиќ