Елена Бубало Михајловска на кафе во „Бела“: Можеби стилот ми е едноставен, но е мој и само така се чувствувам комотно
Елена Бубало Михајловска е жена која освен што е посветена сопруга и мајка, е и жена која е посветена на сите дами кога се во прашање здравиот начин на живот и вежбањето.
За неа добрата организација е нешто најважно, бидејќи само на тој начин може да го заврши сето она што го има зацртано. Љубител е на спортскиот и едноставен стил, и посочува дека така се чувствува најкомотно, а нејзиниот младешки изглед се должи на вежбањето, со кое активно се занимава 13 години.
Во рубриката „На кафе во Бела“, откри дел од своите секојдневни рутини и навики, но и што е тоа што ја прави среќна.
* Кои се Вашите дневни рутини и навики?
- Со оглед на тоа што мојата професија е фитнес тренер и плус сум сопруга и мајка на две мали деца, па во таа насока одат сите мои навики и рутини. Да набројам неколку од нив. Ќе почнам од тренинг, нешто без кое не можам да си го замислам денот, толку многу ми помага да се носам со секојдневните предизвици и обврски и затоа не би го пропуштила, после тоа е планирање на оброците за цалиот ден, тоа исто така ми е важна работа во денот да имам сѐ подготвено за сите за да може денот нормалчно да тече, да не јадеме непотребни нездрави намирници, премногу водам грижа сите дома да имаат цел ден испланирани здрави оброци. Работата ми дозволува да посветам многу време на децата па оној период помеѓу 12:00 - 17:00 сум секогаш со нив и сопругот. И на ова би надополнила кафе средби со важни личности од мојот живот.
* Која е тајната на Вашиот младешки изглед?
- Ах, прво благодарам за комплиментот. Па колку е тајна толку не е тајна, цел живот физичка активност особено последниве 13 години, и уште поважно правилна и избалансирана исхрана. Помалку хемикалии и третмани бар за сега.
* Како се рекласирате, што Ве опушта и што Ве прави среќна?
- Многу работи, ќе почнам од онаа што ја правам буквално секој ден, а тоа пишување и составување програма и тренинзи за вежбање, уживам во тоа секој ден. Потоа читање на книги, но во овој период тоа е само стручна литература, немам време за друго. Ме прави среќна секоја средба со сестрите, родителите и блиските пријатели. Уште посреќна ме прават сите девојки што ги гледам пред камера на онлјан часови и во сала, нив ги обожавам. Прошетки фамилијарни и патувања (кои за жал во моментов многу се лимитирани). Да не заборавам дека ме опушта и секој нов рецепт што го правам, па го споделувам со вежбачите, бидејќи може е чудно ама сме опседнати со тоа, па сме ко некоја секта и чекаме некој од нас да каже нешто ново. Впрочем, секој ден ми е нова приказна во која барем за сега умемам да најдам и направам многу работи во кои ги уживам и ме релаксираат, мора сами да се потрудиме за тоа.
* Кој е Вашиот рецепт за успех на приватен и професионален план?
- Многу едукација, посветеност и искрен однос кога станува збор за професионален аспект. Несебично споделување на моето знаење, несебични соработки и третирање на секој еден да се чувствува како дел од една фамилија (мислам на вежбачите). За приватен план прво многу ми помага тоа што заедно со сопругот работиме иста работа и се надополнуваме секој ден, и тука искреност и трпеливост и на крај од денот за да нема многу викање. Важна е добрата организација и тогаш се' е под контрола сите среќни и весели.
* Кој моден стил најдобро Ви прилега, што најчесто носите?
- Со оглед на мојата работа тоа е спортска облека апсолутно секој ден. Сакам патики, фармерки, кратки панталони, едноставни маици, кошули за секој ден. И ако може да нема зима - ми ги усложнува многу работите. Може е едноставен, но е мој и така се чувствувам свое и комотно.
фото: Марко Маркоски
модел: Елена Бубало Михајловска
Може да ве интересира: