Елена Стефановска: Ги освежив усните, јаболчиците ми се природни

Добивај вести на Viber

Водителката Елена Стефановска од емисијата „Живот со стил“ на својот Инстаграм профил објави фотографија на која со хијалурноска киселина ги пополнува усните во еден центар за естетика во Скопје.

Елена вели дека не станува збор за никаква операција, туку за освежување кое таа го прави на секои 2-3 години.

„Овој третман не е ништо страшно, го прави секоја трета девојка во светот. Моите усни се само освежени и ова пополнување го правам на секои три години за да го задржам описот. Инаку, на лицето немам никакви корекции како што многумина мислат“, ни изјави водителката.

„ Сите ме прашуваат за јаболчиците, дали имам направено некоја естетска хирургија или пополнување, но тие се природни, и за нив е заслужна генетиката, ги имам наследено од мајка ми. Се уште ми е рано за ботокс на лицето, а за мојата природна убавина е заслужна хигиената и редовната нега на лицето со вистинските препарати. Тоа е мојата тајна на убавината“ , додаде Елена. За хијалурноската киселина, водителката вели дека е природна супстанција која нормално се произведува во телото со цел да се хидрира ткивото, и нема ништо штетно во неа. (М.Џ.)