Емили Ратајковски објави фотки од породувањето: Ги разнежи сите

Емили Ратајковски на Инстаграм сподели колаж од фотографии направени во текот и после породувањето. 

-Помеѓу напорот и првите моменти со Слај. Живот! - напиша познатата манекенка во опсиот на фотографијата. Инаку , за само еден час , Емили доби преку 1 милиони лајкови покрај убавите коментари.



Многумина и пишаа како фотографиите се прекрасни, а оставаа и емотикон срце, честитики и ѝ праќаа позитивна енергија.

Да потсетиме, Емили Ратајковски се породи на 8 март и роди син кој таа и нејзиниот сопруг Себастијан Бер Меклард го нарекоа Силвестер Аполо.


Фото: официјален профил Емили Ратајковски- emrata