Емисија 03.06.2020: Тик Так и Зорка на „Радио 2“

Одличен почеток на денот за сите ранобудници со Тик Так и Зорка на „Радио 2“. Сега нивните емисии може да ги слушате и на Женски Магазин.

Утрото почнува со вечна борба за доминација помеѓу припаднички на понежниот пол. Кој ќе победи?
Fake news ни се случи и нам, а Тик Так, чувствува грижа на совеста поради лажните вести кои вчера сосема случајно ни се протнаа. Инспирирани од тоа, анализираме низ какви се канали лажните вести се пласирале во минатото и анализираме како најдобро да се справиме со нив. 
Како маркетинг експерт, Тик Так и продава на Зорка педикир и фризерски услуги за да докаже дека не е битно да имаш знаење од областа, туку дека треба да си слаткоречив. 
Зорка зачудува со нејзиното познавање на огнено оружје, а тоа знаење и помага форензички да го анализира пукањето на Матка од пред некоја недела. 
Се она што пропушти утринава, сумирано во 30 минути, ОВДЕ