Емисија 22.06.2020: Тик Так и Зорка на „Радио 2“

Одличен почеток на денот за сите ранобудници со Тик Так и Зорка на „Радио 2“. Сега нивните емисии може да ги слушате и на Женски Магазин.

Денот го започнавме со навраќање на минатото кога во училиште се учеше домаќинство и бевме тепани со лењирче по рацете. Слушатели се жалат на телефонски оператори кои издаваат само електронски сметки на мејл, а старите не знаат како да користат мејл. Има логика!

На тема корона, ги дефинираме двете категории на луѓе- екстремно претпазливи и оние на кои баш им е гајле за се. Зошто не можеме да направиме златна средина?
Слатко, зимници, сокови.... се прават ли сеуште? Се служи ли слатко кога одите на гости? Дали сеуште некој ја практикува оваа традиција?
Плус, три интересни родендени. Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути, ОВДЕ