Емисија 27.05.2020: Тик Так и Зорка на „Радио 2“

Одличен почеток на денот за сите ранобудници со Тик Так и Зорка на „Радио 2“. Сега нивните емисии може да ги слушате и на Женски Магазин.

Денеска е денот на слободата. Сите сме збунети што да правиме по 19 часот, па Тик Так и Зорка ти даваат идеи. 
Имаме еден многу јак роденден и една комуникациска дилема на Тик Так предизвиката од разговор со твитерџија. 
Од утре се отвараат кафулињата и рестораните, па дискутираме за тоа како ќе изгледа кафанџискиот живот, дали и колку ќе се качи цената икаква услуга ќе добиеме, и се разбира, вечниот проблем- резервираш едно, добиваш друго.
Каква лекција не научи седењето дома, како купувачи, работодавачи, продавачи?
Се она што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути, ОВДЕ