Емотивни фотографии: Криси Тејген и Џон Леџенд го изгубија бебето

Добивај вести на Viber

Криси Тејген и Џон Леџенд го очекуваа своето трето дете, а среќната вест ја споделија преку емотивен видеозапис на пејачот. Меѓутоа работите се искомплицираа, и мајката беше хоспитализирана поради постојано крварење настанато поради проблем со нејзината плацента.

Пред само неколку часа тие објавија дека го изгубиле бебето, преку емотивни фотографии и текст.

„Шокирани сме и во длабока болка за која само имавме слушнато, болка што никогаш порано не сме ја чувствувале. Никогаш не бевме во можност да го запреме крварењето и да му дадеме на бебето потребни течности, и покрај вреќи и вреќи со трансфузија на крв. Само што тоа не беше доволно.

Никогаш не одлучуваме за имињата на нашите бебиња до последниот можен момент по нивното раѓање, непосредно пред да ја напуштиме болницата. Но, ние, поради некоја причина, почнавме да го нарекуваме ова мало момче во мојот стомак Џек. Така, тој секогаш ќе биде Џек за нас. Џек се трудеше толку напорно за да биде дел од нашето мало семејство, и ќе биде, засекогаш.

На нашиот Џек - жал ми е што првите неколку моменти од твојот живот беа исполнети со толку многу компликации, што не можевме да ти го дадеме домот што ти требаше за да преживееш. Ние секогаш ќе те сакаме.

Им благодариме на сите што ни испратија позитивна енергија, мисли и молитви. Ја чувствуваме целата ваша љубов и навистина ве цениме.

Ние сме толку благодарни за животот што го имаме, за нашите прекрасни бебиња Луна и Мајлс, за сите неверојатни работи што можевме да ги доживееме. Но, секојдневието не може да биде секогаш полно со сонце. Во овој најтемен ден, ќе тагуваме, ќе плачеме. Но, ќе се гушкаме и ќе се сакаме повеќе и ќе поминеме низ тоа.“