ЕМОТИВНО СЕЌАВАЊЕ: Кариќ објави видео во кое Дијана вели дека животот е убав, а тој дека ќе ја сака засекогаш
Емотивното
видео од покојната мисица и Кариќ ги расплака сите
Четири дена пред годишнината од смртта на неговата
поранешна девојка, Дијана Милојковиќ, Стефан Кариќ објави видео кое
ги расплака сите.
Во видеото Дијана е насмеана и среќна а Кариќ ја
прашува: „Колку ти е убаво“, таа одговара дека животот е најубавата работа на
светот.
- Мене ми е преубаво, воодушевен сум од овој
живот. Луѓе, не можете да замислите колку е убав животот, тоа е најубавата
работа на светот. Само сакав да кажам дека животот е многу убав, но мојот маж не
го дозволува тоа и е многу лут на мене и ми рече дека правам малер - изјави Дијана во видеото.
По споменатото видео, Стефан објави уште едно видео
со своите фотографии и напиша: „Никогаш нема да престанам да те сакам!“
Инаку, Дијана почина на 22 јули 2019 година, имаше само 33 години. Повеќе од две години се бореше со злобна болест. Дијана беше
прогласена за Мис на Европа во 2014 година, а нејзиниот став кон борбата против
ракот инспирираше илјадници луѓе.
Фото и Видео: Инстаграм