Еротски приказни: АКО ВРЕМЕТО ЗАПРЕ
Тивка есенска ноќ. Седевме в прекрасен планински ресторан. Опкружувањето со добри луѓе на маса в ресторан, ми го подигна расположението, а музиката ми влезе во душата, ми ја разгали и ми ја разнежни. Познанството некогаш изискува долго време да се здружиш, но ако се погодиш со сличен карактер како ние вечерва, близината и топлината придонесуваат за побрзо спријателување.
Со разговори, играње, шеги и смеење останавме до доцна во ноќта. Се испи и се изеде малку повеќе, меѓутоа вредеше. Ваква спонтана средба со забава и со разонода е бесценета. Нема пари со што може да се плати ваква дружба. Си ветивме дека ќе има и друг пат. Можеби ќе продолжиме да се дружиме. Јас сакам да се дружам со луѓе со кои имам движење на енергија, согласување со ставови и споделување животни искуства. Утре пред разделба си договоривме средба сите заедно за да си споделиме енергија, да се поздравиве и да си посакаме повторно да се видиме.
Доцна во ноќта почнавме да слегуваме следени од ѕвездите што силно светеа и што ветуваа безбедно слегување низ кривулестиот и стрмен пат. Светлината беше како нарачана и стигнавме среќни во куќата на Теодора.
Сите четворица бевме изморени. Седнавме во салонот. Го погледнав ѕидниот часовник. Многу интересно. Слободата ја почувствував уште посилно – немав минато, ниту иднина, само овој часовник и чии стрелки одѕвонуваа на секоја секунда и го покажуваа времето. Сакав да престане да тече времето. Во мојата глава само таа мисла ми одекнуваше – што би се случило ако времето запре. Да, ќе биде прекрасно, но овде вечно не можам да седам. Времето тука ми е ограничено и морам да одам дома и да ги завршам останатите тековни обврски.
Се насмеав. А другите тројца кои седеа со мене? Се почувствував дека ми ги читаат мислите. И останатите почнаа да се смеат. Сите имавме една иста желба – да застане времето, но тоа мора да врви. Животот е тој – ако имаш друштво, времето брзо поминува, меѓутоа ако немаш друштво, времето стои. Огинот гореше полека и тивко во каминот, предизвикувајќи некоја свечена и носталгична атмосфера.
Теодора и Душан слегоа да земат дрва од визбата за да има за ноќва и за утре наутро. Ова е планинска куќа и по полноќ заладува.
Ставре ме гледаше со широко отворени очи. Дури сега стана свесен за моето присуство. Можеби и разделбата со мене му беше тешка. Овој викенд помина фантастично, но што понатаму?
Беше поднапиен, ме прегрна и почна да ми зборува во таква состојба: „Каролина, утре си заминуваме. Meѓутоа, јас сакам да продолжи нашето дружење. Овде ја обновивме младешката страст, но имам желба да се гледаме, да не прекинуваме. Дали се согласуваш со мене?“
Јас погледнав наоколу разочарано бидејќи не бев расположена за ваков сериозен разговор по она што го видов вечерва. Не дека сме во некоја сериозна врска со него, но јас сум традиционален тип и ми е тешко да се навикнам на вакви моментални авантури. Затоа, се разделувам и со Милан, меѓутоа, сепак, само голтнав во себе и се зареков дека ќе молчам сѐ додека сам не се искаже.
Му реков: „Миличок, се согласувам потполно со тебе, а и да оставиме на времето. А сега да уживаме додека сме овде. Ваква бајковита атмосфера нема в град“, го прегрнав и почнав да ги вртам очите. Тој почна да ме бакнува со многу страст. Се сетив каде беше последниот пат и се тргнав од неговата прегратка и отидов во бањата.
Влегов и почнав да се туширам. Некој отвори, претпоставував дека е Ставре. Тивко шушкаше. Најверојатно ги соблекуваше алиштата. „Имаш тело како божица“, ми шепна и низ заматеното стакло полно со пареа влезе во туш-кабината. Бев среќна што почетокот и крајот на овој престој ни завршува со водење љубов во туш-кабина и во дадениот момент горев од желба да го пречекам неговото тело во моите прегратки.
Ми беше многу пријатно под туш и ѝ се одушевував на водата што ги освежуваше нашите жешки тела како водопад. Тој почна да ме бакнува. Ме опсипа со бакнежи. Почнав да ги гризам неговите усни додека тој ми го истражуваше моето цврсто тело. Ставре ми ги крена рацете и ми го придвижи неговото тело кон моето.
Го гледаше моето тело како да го гледа првпат и се навали со целата тежина кон мене. Почувствував како срцето сѐ позабрзано и силно му чука. Ме бакнуваше страсно и ми ги стисна рацете што беа испреплетени со неговите. Почнав да се тријам од неговиот „орган“ што се подигна и тој стенкаше тивко кога се наведнував да му го погалам и да му го бакнувам.
Ставре беше многу возбуден. „Многу ме возбудуваш“, милно ми дофрли. Почна да ми го бакнува грбот и со рацете да ми ги гмечи цврстите брадавици. Го погледнав и сфатив дека едвај чекаше да ја види реакцијата на моето лице и се насмевна кога забележа дека желбата расте во мене.
Се погледнав низ замагленото огледало и се видов целата жар црвена. Ме фати за рака, ме извлече од туш-кабината, ми стави бањарка врз мене и влеговме во мојата соба. Од брзање речиси ме фрли на креветот и нежно ми ги рашири нозете. Неговиот „орган“ влезе во мене прилично длабоко. Не можев да издржам и почнав да испуштам звуци на задоволство. Двајцата бевме многу возбудени и за кусо време заврши нашето водење љубов. Некогаш е кусо, но со голем интензитет. Ставре ме прегрна силно и повторно ме опсипа со врели бакнежи.
Бев многу изморена, возбудена, треперев како лист на гранка и едноставно сакав да трае подолго. Ноќницата беше до мене и Ставре полека ми ја облече. Заспав и како низ полусон го слушнав Ставре како разговара со Теодора.
ОСАМЕНА