Еротски приказни: АВАНТУРАТА ПРОДОЛЖУВА
Кога ќе се спомене дека некој бил на планина за да се одмори, тој настан ни асоцира на тишина, мир и спокој. Кога стапнав овде, се уверив во тоа. Веднаш почувствував мир, тишина, спој на душата со природата и сè ми делуваше привлечно.
Ме одушевуваше глетката на сино-зелената вода на езерото, што се спојуваше со зеленилото на планините. Имаше овде-онде изгазена трева и имаше формирале козји патеки што беа сведок на движењето на планинарите и на животните. Боровите ги украсуваа планините што на околината ѝ даваа значителна и горделива убавина.
Имав желба да прошетам по планините за да го помирисам и осетам природниот рај и благодет и затоа ѝ предложив на Теодора да прошетаме по козјите патеки за да ѝ се поклонам на грандиозната и привлечна планина. Ако не го направам тоа, ќе се разочарам себеси бидејќи сум пропуштила нешто многу важно. На Теодора ѝ се допадна идејата. Всушност, таа ја прифати со нескриено задоволство.
Се договоривме дека кога ќе се вратиме, ќе ги приготвиме рибите и сè што е потребно за ручек додека да се вратат Душан и Ставре од риболов.
Планините заблескаа пред нас. Отсекогаш ги сакав планините и ја чувствував нивната моќ и енергија. Осаменоста што ја доживеав во мојот брак со Милан, во моите имагинарни мисли се тешев со планините. Тие нудеа слобода што ја нема во градот – во затворените куќи и станови. Слобода на душата и слобода телото, достижни, но сепак свои.
Одејќи по патеката и воодушевувајќи им се на горделивите планини, забележавме како низ дрвјата се пробиваа сончевите зраци и ги засенчуваа контурите од дрвјата. По пат сретнавме лисица, елен протрча пред нас, низ тревата видовме две желки што се одмараа, а нас ни беше интересно. Се однесувавме како мали деца пуштени во природата. Забележавме едно куче зад нас што нè следеше. Се насмеав и ѝ реков на Теодора: „Сигурно е некое од околниве куќи штом овде заскитало. Сопственикот го бара, а кучево тргнало по нас и ни прави друштво. Законот во природата изгледа е поразличен од нашиот“.
Тишината беше прекината од време на време од цвркотењето на птиците што ги нишаа гранките на борчињата. Има ли нешто поубаво од свеж планински воздух, незагаден, природа чиста, недопрена со рака. Уживав во овие мигови. Искрено, овој мир и спокој го нема никаде и не можев да се наситам на свежината. Да имав ќебе ќе си легнев на земјата и ќе заспиев.
Теодора, исто така, молчеше. Сигурно и таа ѝ се насладуваше на природата. Ми беше чудно што не ме праша ништо за синоќа. Сакајќи да дознам дали не слушнале, почнав да ја распрашувам. Таа ми одговори дека била изморена и дека спиела длабоко. Јас ѝ раскажав накусо за сè што се случи. Ако забележел Душан нешто, можеби ќе ѝ кажел утрово.
По изразот на нејзиното лице забележав дека не ѝ е сеедно и таа прокоментира: „Ти си моментално во многу заплеткани односи. Додека ги средиш, ќе помине некое време. Дури тогаш ќе го имаш решението за да пресечеш. А со Ставре јас би сакала да се гледате со тоа што ќе се дружиме сите заедно. Полесна ви е комуникацијата бидејќи се познавате од деца, но сепак, рано е да се предвиди. Ајде сега да уживаме во величествените планини, птичјата мелодија и убавиот планински воздух“.
Продолживме да пешачиме. Знаев што ја мачи. Беа блиски со Ставре, а јас во моментот бев во тројна врска. Ако она синоќешното го сфати Ставре како еден мал излет, ќе биде добро. Меѓутоа, ако го сфати сериозно, ќе биде проблематично. Ситуацијата е замрсена и комплицирана.
Затоа на Теодора ѝ одговорив со пријатен глас: „Сосема си во право. Да уживаме во овие исклучително убави моменти. Јас немам секогаш ваква можност да му се насладувам на чистиот планински воздух“.
Продолживме да се искачуваме. Но, се изморивме. Нозете нѐ болеа од напорот. Теодора ми предложи да се вратиме. Се согласив затоа што немавме соодветни обувки за искачување до врвот, а таму е пострмно и може да има одрони. Се спуштавме полека, а кучето цело време не се оддалечуваше, туку одеше по нас. Нѐ гледаше со неговиот милозлив поглед. Ни беше како чувар заштитник.
Стигнавме во дворот и ја запаливме скарата. Додека прегоруваше, ги средивме сомчињата и ги ставивме на скара. Ставивме кафе и дојдоа Душан и Ставре. Кога влегоа, Ставре ме погледна и му засветкаа очите. Погледот му беше љубовен и среќен. Очигледно, синоќешното водење љубов не беше крај за него. Душан и Теодора се бакнаа и отидоа да ги допечат рибите. Јас и Ставре влеговме внатре за да ја средиме масата.
Кога влеговме, Ставре, без збор, со бакнежи ме однесе до бањата. Ми го бакнуваше целото тело и полека ме соблекуваше. Срцето ми трепереше од возбуда. Едноставно, сакав да сум со него, да го почуствувам неговото мускулесто тело. Внатре во мене вриеше сè, целата пулсирав и имав желба само да водам љубов со него. Планината ми даде енергија и сила. Веќе не бев таа исплашена осамена девојка, туку владееја со мене сила и доминација.
Стрпливо ме соблекуваше дел по дел. За кусо време, останав гола. А тој се соблече во два потези. Почнав да го бакнувам лудо и диво. Не можеа моите усни да престанат да го бакнуваат неговото тело. Се наведнав кон него и му го „фатив“ цврсто со усните. Му го влечев „органот“ што под силата на мојот јазик и усни само што не експлодира. Целиот зацрвенет ме подигна в раце и ме „стави“ на него. Ме држеше цврсто додека не се „проби“ во мене. Потоа, почна со цел залет да „влегува“ и да „излегува“ од мене. Сакав да останам засекогаш во оваа позиција. Да ја делам иднината со него. Многу емоции, пулсирања, потења додека неговата семена течност не се изли врз двајцата во силен и густ млаз.
ОСАМЕНА