Еротски приказни: АВАНТУРИТЕ НА ИСИДОРА
На паузата седнавме со Роза да ручаме. Ги обожувавме вкусните колбаси со пире и супа од кнедли. Бевме изморени, гладни и одвај ја џвакавме храната. Случајно го погледнав мобилниот.
Имав пропуштени повици од Габи. Ѝ се јавив. Гласот ѝ беше нервозен, изнемоштен велејќи: „Дора, в полиција сме. Влеговме со Исидора во еден трговски центар. Додека разгледувавме по дуќани, еден пар маж и жена нè следеле и на Исидора ѝ го украдоа паричникот. Добро што ги забележале на камера и веднаш реагираше обезбедувањето и ги фати непосредно по кражбата. Сега сме в полиција. Ништо не ѝ недостасува, паричникот е вратен, но чекаме да дојде началникот за да поднесат обвинение. И наместо на шетање, ние денес завршивме в полиција. Сестра ти плаче, не може да се смири“.
Се стресов и од шок не можев да се соземам. Исидора каде и да отиде барајќи внимание, ќе направи некоја глупост и потоа сите трчаме по неа. Од што бев вчудоневидена, не успеав да ја прашам дали е повредена. Ми се одјаде, ми се плачеше. Роза ме тешеше: „Па ти Дора, најдобро ја познаваш сестра ти. Штом обожува да е во центар на внимание не, може никој да ја смени. Ајде, дојади и заедно да одиме“.
Не можев повеќе да јадам и тргнавме. Пристигнавме и влеговме во канцеларијата на инспекторот, а Габи седеше неподвижна од стресот. Исидора расплакана му објаснуваше на инспекторот дека таа е странец и дека првпат доаѓа и дека е многу разочарана бидејќи не очекувала во ваква цивилизирана земја таков примитивизам. Инспекторот гледаше во неа и во нејзините прекрстени нозе и ја смируваше дека секаде постојат вакви немили настани додека зјапаше во неа со неговиот разуздан поглед. Климаше со глава, но мислите му лутаа. Си помислив овој којзнае што фантазира. Беше фасциниран од нејзината убавина, но кога ме виде дури и се зачуди, не очекуваше двете да бидеме исти. Јас ја прашав да не е повредена и се смирив.
Сепак, за него беше решен случајот, се најде паричникот и ништо не фалеше во него, а воедно се фатија и виновниците и се чувствуваше гордо.
Ни донесоа експрес кафе од апаратот. Го испивме и ѝ реков на Исидора: „Што чекаш штом си дала изјава. Сè е в ред. Крадците се странци и најверојатно ќе ги депортираат. Сè е готово“. Инспекторот ни потврди и ја праша уште еднаш дали е сè в ред и нè испрати и ѝ даде број на Исидора ако има некој проблем да го бара него.
По пат накај дома, се расположивме. Сепак, на Исидора ѝ дадов до знаење да внимава другпат на чантата да не ѝ ја украдат повторно затоа што овде е странец и не може да се снајде. Другите денови продолжија со секојдневни активности, пиење кафе во кафетерии и прошетки. Направивме редослед и секој ден ако бев зафатена, една од пријателките ѝ правеше друштво на Исидора да прошета.
Студентскиот живот е најубавото време од животот за многумина. Некои студенти наоѓаат нови пријатели, а особено кога се во странска држава. Понекогаш, тоа е пријателство за цел живот.
Студирањето е, пред сè, големо искуство и животно училиште. Студентите учат да живеат самостојно, да го организираат своето време, понекогаш да преживеат и да станат позрели и одговорни. Тие учат да ги прават своите работи навреме, одредуваат месечен буџет и сами си ги прават домашни работи, од пазарење до перење. Јас бев среќна со девојките околу мене бидејќи се согласувавме и си помагавме.
Традиционално, секоја година имало забава за студенти од прва година со цел подобро да се снајдат во новата средина. Забавата ја организираше студентската организација. И оваа година, уште на почетокот беше истакнато на табла за забавата за сите студенти. Ние се договоривме да присуствуваме на забавата и да се запознаеме со другите студенти, кои понатаму со некои од нив би се дружеле во иднина. Денот се приближуваше. Забавата беше в сабота, ден кога немаат студентите предавања.
Утрото сите одлучивме до десет часот секој в соба да се одмара или да спие. Потоа, секоја од нас каде што има потреба или обврска да си ја заврши за да попладне да бидеме сите подготвени. Мајка ми ни купила слични фустани со бели цветови. Мојот беше црвен, а на Исидора со нијанса на бордо. Беа многу слични и убаво ни стоеја. Со Исидора отидовме на фризер.
На враќање ѝ заѕвони мобилниот на Исидора. Помислив дека е мајка ми бидејќи таа ѝ се јавуваше секој ден. Но, неа лицето и се разнежи и почна да се смее. Ми шепна: „Антонио е“. Конечно ѝ се јави. Разговараа неколку минути. Кога прекина, Исидора, онаа која секогаш работите ги ставаше во нејзина функција, веднаш смислила план прашувајќи ме: „Може вечер и Антонио да го поканам да дојде на забава?“, на што ѝ потврдив со климнување со глава.
Попладнето, таа излезе порано за да се сретне со Антонио. Ние останатите се подготвивме и тргнавме. Пристигнавме во една многу убава сала декорирана посебно за забавата. Кога влеговме, претседателот на студентската организација одржа пригоден говор и потоа засвири жива музика.
Почнавме да играме и по некое време, се приближи Исидора со Антонио и ми рече: „Дадо, ние дојдовме“. Антоние беше крупно, високо момче. Само што се поздравив, ми се приближи некој. „Кримо!“, извикав. На Кримо му светеа очите од радост. Беше среќен и ми се смееше. Се поздрави и тој како и Антонио беше зачуден кога виде две исти девојки. Исидора кога го виде, со насмевка ми шепна: „Дадо, Кримо е многу убав и привлечен“. Одмавнав со главата.
Неочекувано, желбата ми се исполни. Кримо! Мојот спасител! Моите соништа станаа реалност. Меѓутоа, тој е со друштво, се прашував дали ќе ме покани да играме. Но, може и Роза да ја покани. Ѝ неа ја спасуваше. Мислите ми ги прекина Кримо. Нежно ми ја фати раката и ми кажа: „Ајде да играме. Прифатив без двоумење. Прво ми беше непријатно, меѓутоа имаше премногу народ околу мене, па се ослободив. Сите беа притиснати еден кон друг и во еден миг помислив дека сите сме во еден хелиумски балон и дека сите заедно ќе летнеме.
Ме прегрна силно и сè повеќе се нишавме отколку што игравме. Забележав како ги допираше моите цврсти гради, цел се затресуваше и телото му гореше. Усните ни беа премногу блиску еден кон друг и ми доаѓаше секој момент да му ги загризам усните. Едноставно, со некого имаш фидбек.
СТУДЕНТКА