Еротски приказни: ДОЖИВУВАЊЕ НА ПЛАЖА
Неколкучасовниот престој во ова мало убаво бротче ми го разубави денот. Ми се оствари мојата желба од детството да го гледам морето кое со неговите природни убавини заедно со птиците кои го надлетуваа морето му даваа величествен, несекојдневен поглед. Во еден миг, се споредив со птиците и сфатив дека сме слични. Јас бегав од мојот крај за да го избришам минатото од мојот живот и да почнам нов живот за да преживеам, а тие, исто така, бегаа од зимата, преселувајќи се во топли краишта за да можат да преживеат.
Со исклучок на некои несмасни испади на Фис, во суштина, си поминавме многу убаво. А Фис, морав да го трпам поради Ема. Особено, откога ми се довери Ема, чувствував таков презир кон Фис, што во друга прилика не би го погледнала в лице.
Искрено, Хуго ми се допадна и ми остави впечаток. Додека разговаравме во бротчето, навистина се трудеше и беше забавен. Беше умерен, се однесуваше со мене отмено и со почит. Тоа ми се допаѓаше. Кога излегувавме од бротчето, Хуго подзастана и ми кажа: „Нада ужасно сум осамен. Проблемот е во тоа што не можам со секого да разговарам. За водење љубов се снајдувам и секогаш имам партнерка, но за разговор никако не можам да најдам интелигентна дама со која би дебатирал, би споредувал и би давал мислење. Те молам да излегуваме одвреме-навреме, не мора никој да знае. И така Фис е опседнат со самиот себе“.
Климнав со главата и со очите му потврдив. Потоа, тој нè врати со комбето во болницата. По пат, Фис му рече на Хуго дека можеме и утре да прошетаме и да се забавуваме некаде. На тоа, Хуго му се насмеа и му кажа: „Ајде и утре да се дружиме. На некоја плажа да отидеме. Дами, се согласувате?“
Го погледнав Фис и му реков нерешително: „Ќе се договориме“. Всушност, не знаев дали ќе има промена на работа. Да не се случи некој ненадеен случај и не ќе можеме утре да излеземе. Ема ме погледна и не кажа ништо.
Кога дојдовме во клиниката, беше уште топло. Со Ема се упативме кон паркот што беше позади болницата и седнавме на клупите. Нè видоа двајца пациенти и седнаа со нас. Се погледнавме со Ема, меѓутоа не можевме да заминеме. Сакавме сами да бидеме и да го набљудуваме залезот на сонцето. Едниот имаше некоја манично-депресивна состојба и му се случуваше да има напад и од возбуда да почне да вика. Кога бевме дежурни во трета смена, добиваше одвреме-навреме напади. Имал во војска висок чин, но во некоја акција му загинал цел вод и само тој останал жив. Не можеше да се помири со тоа и ги бараше другарите.
Поразговаравме околу еден час со нив и им се извинивме и си отидовме на вечера. По пат, ѝ реков на Ема: „Ема, што мислиш за утре? Ако не нè повикаат итно на работа, да одиме на плажа и така имаме нови костими за капење“. Ема ми одговори со рамнодушен тон: „Знаеш Мери дека мене ми е сеедно. И да останеме дома, Фис ќе дојде кај мене во соба. А утре добро би било да отидеме на плажа. Нема прилика секојпат да се види убава плажа со чиста вода. Тука се наоѓаат најубавите плажи во светот“.
Морав да го слушнам нејзиното мислење за Хуго. Се премислував, меѓутоа кога се сетив дека Ема со мене ги дели нејзините најдлабоки тајни ѝсе отворив: „Знаеш Ема, ми се допадна Хуго. Не е нападен, културен е и одмерен. Тој умее со жените за разлика од Фис. Искрено речено, Фис е многу арогантен, а Хуго е услужлив и има некоја човечност во него. Ако имаме потреба за каква било помош мислам дека Хуго би ни излегол во пресрет. Што мислиш ти?“
Ема ми го потврди моето мислење и почна да ми раскажува: „Хуго е секогаш услужлив и се наоѓа кога некој има итна потреба в град. Сите кажуваат за него дека умеел со жените, но дека бил авантурист. Ќе излезел неколкупати со некоја жена и потоа не ѝсе јавувал. Кога пристигнав овде, имаше една сестра, се викаше Бела. Неколкупати се виделе и таа се заљубила во него. Хуго не ѝвозвратил на нејзината љубов и таа си заминала. Директорот нè собра на состанок и ни нареди да нема љубовни врски меѓу нас. Затоа Фис ја крие нашата врска. Има и други причини, меѓутоа таа е една од нив“.
Веќе ми стана јасно. Може е подобро да се крие врска, но во овој момент не е важно. Немав вистинска намера да започнам нешто ново, туку едноставно бев љубопитна. Отидовме на вечера. Го сретнавме Хуго. Се договоривме ако нема нешто итно, утре да одиме на плажа.
Вечерта спиев мирно и бев среќна бидејќи денот убаво ни помина. Колку е убаво чувството кога некој се интересира за тебе. Утредента не бевме повикани на дежурство и отидовме на плажа.
Оваа плажа беше со залив. Немаше многу луѓе. Плажата беше прекрасна, песочна и сончева. Темнозелена бистра вода што се преливаше од сончевите зраци. Јас и Хуго легнавме директно на песокот. Ема и Фис отидоа подалеку позади еден гребен. Легнати еден до друг на песокот, разговарајќи полека почнавме да се приближуваме еден кон друг. Хуго почна да ми ги допира прстите од рацете. Стана и почна да ме масира.
Неговите кружни движења ми предизвикуваа пријатно чувство. Ми годеа неговите прсти врз грбот. Со прстите почна да се движи надолу. Ми го тргна горниот дел од костимот за капење и моите гради останаа слободни. Со прстите почна да оди по градите и да ми ги масира. Се чувствував опуштено и сталожено.
Потоа, почна да ме масира сè подолу и подолу. Дојде до гаќичките и полека и нежно почна да ми ги соблекува. Се завртив кон него. Ме гледаше со неговиот мил поглед. Од очите му се читаше похота. Ми шепна нежно: „Сакам да сум „во тебе“ од првиот миг кога те видов. Многу си страствена. Предизвикуваш во мене голема ерупција. Ме бакнуваше полека и со мерак. Моите нозе инстиктивно се раширија. Полека неговиот јазик се најде „во мене“.
ПРИЈАТЕЛКИ