Еротски приказни: ЕМА И ФИС

Добивај вести на Viber

По вечерата, заедно со Ема се упативме во собите. Бевме многу изморени и затоа веднаш се разделивме со Ема. Јас си легнав и бев толку изморена што утрото се разбудив подоцна. Набрзина се подготвив и ѝ се јавив на Ема, но таа веќе беше симната долу на доручек и ми кажа дека за мене направила сендвич за да го јадам по пат. Слегов. Ема ме чекаше пред влезот и заедно влеговме во џипот.

  Другите веќе се сместиле во големиот луксузен џип. Седнавме и ние двете. Хари возеше, а Фис и уште еден човек седеа. Беа со нас четири сестри, две докторки и тројца доктори. Сите ние што бевме заедно во џипов бевме помалку време на островот, а јас најмалку.

  Кога тргнавме, Фис нѐ информира дека директорот бил зафатен и дека може подоцна ќе дошол. Подоцна, мене ми го претстави туристичкиот водич, кој се викаше Хуго. Хуго се запозна со мене, а другите срдечно ги поздрави. Тој беше убав човек со мустаќи, црноок, со заводлив поглед. Веднаш започна да ме мерка. Јас поцрвенев и го завртив погледот на другата страна. По извесно време, Хуго му рече на Хари да застане.

  Излеговме од џипот. Хуго започна да ни раскажува: „Се наоѓаме на остров кој е опкружен со море. Ги поврзува Африка и Европа. Овој остров се нарекува и „рајски остров“, остров на стара цивилизација, нимфи, гусари, и витези“.

  Продолживме да одиме и поминавме низ една огромна тврдина. Хуго ни кажа дека тоа е најголемата импозантна тврдина во светот, висока 50 метри, а воедно е и најдлабокото европско пристаниште.

  Потоа, одевме низ уличките кои беа тесни и со калдрма. Хуго продолжи да објаснува: „Куќите се изградени од варовник, единствен градежен материјал, што претставува заштитен знак на островот. Овој камен на сонце ја менува својата боја од бела во бледо жолта и окер и се стврднува. За да се разбие монотонијата на секоја куќа, портите и прозорите на некои и предниот дел од куќите се обоени со друга силна боја. Секоја куќа си има име. Цело време се гради, се реставрира. Има и друга модерна архитектура со рамни покриви. Исто така, има и луксузни хотели, меѓутоа многу е интересно што сè се вклопува убаво. Сите градови се наредени еден до друг“.

  Ги поминавме сите улички и стасавме до еден парк. Застанавме да се одмориме и бидејќи долго време пешачевме, седнавме на клупите. Паркот беше сличен на тој околу санаториумот. Дрва леандри во сите бои, бршлен, мали грмушки, некој кактус. Тоа беше вегетацијата на овие простори.

  Подоцна слеговме кон плажите. Сонцето силно ги беше пуштило сончевите зраци. Инаку, по улиците имаше луѓе од сите бои и раси и се слушаа по улиците разговори од неколку јазици. Имаше продавници за сувенири и јас купив неколку од сувенирите и ѝ ги дадов на Ема да ги стави во нејзината чанта.

  Хуго имаше навистина интересен глас и беше задоволство да се слуша. Плажата беше под нас и имаше доста луѓе, деца, возрасни, а некои носеа и кучиња. Тој продолжи: „Кој има намера да ужива во привлечното море, му се препорачуваат две песочни плажи. Овде и понатаму уште една. Водата за нуркање е темносина, кристална. За секој кој сака да се нурне во Медитеранот е вистински предизвик на кој не може да му одолее. Има уште неколку плажи кои се прекрасни и водата е најчиста и е препорачлива за нуркање“.

  Хуго објаснуваше, а јас ѝ се воодушевував на прекрасната убавина. Фис за првпат прозбори и рече: „За денес беше доволно. Се изморивме. Сега одиме на ручек. Сигурен сум дека и Нада е многу изморена.“ За сите бев Нада. Само Ема ми го знаеше името. Ѝ шепнав: „Ема, да знаеш јас сум Нада. Некогаш ќе ти раскажам“. Таа климна со главата.

  Одевме и стигнавме до една кафеана во стар, готски стил, но се забележуваше внатре и нова архитектура со која беше реновирана. Понудата беше повеќе од богата. Нарачавме автентични специјалитети: сирење и макарони со јајца, зајак во црно вино. Не изостана ни морскиот специјалитет: сабјарка на жар. Сите пиевме различен пијалак, некој вино, некој пиво, сок и кисела вода.

  Ручекот помина во убава и пријатна атмосфера. Сите се шегувавме и спонтано се запознавме. Гледајќи ги сите како се шегуваат размислував дека сигурно и овие како мене имале причина што дошле овде да работат и да живеат. Меѓутоа, ете, мора секој да си го најде својот пат и верував дека и јас ќе дојде момент кога безгрижно ќе се шегувам и живеам. На крај, се освеживме со сладолед.

  Тргнавме накај зајдисонцето кое беше прекрасно. Се вративме во собите. Влегов во мојата соба, но се сетив дека ми останаа сувенирите кај Ема што ги купив по пат. Сакав да тропнам, меѓутоа вратата повторно беше отворена. Ема разговараше на мобилен и на крај само кажа: „Те чекам, сега одам на туширање“. Се повлеков во мојата соба. Отидов и јас на туширање. „Од утре почнуваме со работа и денот ќе ни биде осмислен“, си помислив во себе.

  По некое време, тропна вратата. Ме интересираше кој е и отидов да погледам. Вратата уште не беше поправена и беше подотворена. Ема беше гола, само што излегла од бањата. Фис ја седна на столица и почна да ја бакнува. Тивко ѝ шепотеше додека се фаќаше за отечениот „орган“, а нејзините гради му го милуваа лицето. Подоцна, тој ја стана од столица и тој седна. Ја седна врз него и жестоко се „наби“ во неа. Скоро и да ѝ ги зари прстите од рацете во бутовите и по ритам, „влегуваше“ и „излегуваше“ од неа. Ема почна да вика: „Полека, Фис, те молам“. Тој црвен во лицето, обземен од водењето љубов ѝ довикна со возбуден глас: „Следниот пат двете со Нада ќе бидете тука! Сакам да го осетам тоа задоволство како во времето кога беше присутна Ан!“

  Ема рипна како попарена од овие негови последни зборови. Него почна да му се слива сперма низ собата и како рането животно ја потегна Ема по косата и ѝ удри неколку шамари. Таа почна да вреска и да плаче. Фис за кусо време излезе од собата.

  Јас, по овие негови зборови, бев стаписана. Не можев да им поверувам на сопствените уши што чув. Ова негово однесување воопшто не ми се допадна.

ПРИЈАТЕЛКИ