Еротски приказни: ЈАС, ЕМА И КАРМЕН

Добивај вести на Viber

Деновите си поминуваа, а јас, Ема и Кармен станувавме од ден на ден сè поблиски. Дружењето си има свој тек и ако е со некоја намера или со некоја корист, тогаш е краткотрајно. Mеѓутоа, ако размислуваш слично или ако сакаш да правиш слични работи, веќе станува долготрајно. Но, дружењето е поврзано и од сличниот карактер со тие со кои се дружиш. Со Ема бевме веќе здружени и имавме стекнато меѓусебна доверба. Меѓутоа, Кармен пријатно ме изненади. Беше поголема другарка и од нас двете и од ден на ден се повеќе го покажуваше своето другарство и стекнуваше сè поголема доверба кај мене.

  На работа си помагавме во сè. Овие специфични пациенти имаа секакви барања што им ги исполнувавме. За да не ни остане работата, ако излезев, Кармен и Ема ме заменуваа и обратно. Имаше еден многу тежок пациент кој, која од нас да беше во смена, мораше да го прошета повеќепати во текот на денот, а тој ако започнеше да раскажува за неговите авантури, останувавме и по два три саати со него бидејќи тој упорно инсистираше да го слушаме.

  Ние, покрај сиот багаж што го носевме со себе, умеевме да го поминеме денот прекрасно, со интересни шеги со тоа што секоја за себе си правеше смеа на своја сметка. Во тие денови, кога бевме заедно слободни иако беа малку, бевме полни со идеи и денот ни беше интересен.

  За Кармен не знаев многу, ниту пак Ема иако беа подолго време заедно. Една приквечерина седевме надвор на клупа и беше тивко зајдисонце. Јас се немав видено со Хуго и рече дека ќе дојде подоцна со џипот за да ме види и да го чекам долу. Ние трите започнавме разговор за детството и неа почнаа да ѝ се слеваат солзи. Ема ја забележа додека јас бев отсутна со мислите прашувајќи сè како ќе биде врската со Хуго. Погледот ми луташе низ облаците, што цело време ми изгледаа како да висеа и се спојуваа со Земјиното тло.

  Таа плачеше и одмавнуваше со главата. Но, Ема ја замоли да ни се довери што е тоа што толку ја повредило и зошто не го споделува тоа со нас. Кармен со тешка мака проговори: „Знаете, потекнувам од благородничко семејство. Татко ми бил многу добар. Сме живееле раскошно во замок со сите удопства. Традиционално, еднаш годишно, на неговиот голем имот се организирал лов. Сум имала и постар брат и татко ми секаде го носел. Меѓутоа, на последниот организиран лов ненадејно загинале и тој и моето братче. Не знаеле кој е, не можеле да ги идентификуваат куршумите“.

  Кармен длабоко воздивна и продолжи: „Следната година, мајка ми заминала од имотот заедно со мене и се омажила за неговиот другар, кој бил присутен на ловот. Заминале во друго место да живеат, но станале сомнителни и двајцата. Адвокатите на баба ми поднеле тужба против него, меѓутоа никогаш не се докажало кој е убиецот. Баба ми се откажала од неа и нормално од мене. Јас ова не го знаев. Мајка ми криела од мене сè, случајно дознав кога отидов да извадам извод на родени. Еден вработен ме препозна додека го вадев изводот и во разговор ми раскажа сè. Кога се вратив дома и ја прашав мајка ми, таа сè одрекуваше“.

  Таа прекина и по куса пауза продолжи: „Заминав од дома, со мајка ми прекинав секаков контакт и по извесно време дојдов овде. Размислував долго и решив да ѝ напишам на баба ми долго писмо и таа ме повика да се запознаам со целото семејство од страната на татко ми. Јас прифатив. Таа ме молеше да останам таму, меѓутоа јас се вратив овде. Ќе видам како ќе се одвива животот овде... Всушност, не сакав да ја оставам Ема, знаејќи ги нејзините проблеми. А и дополнително, со д-р Филип сум во некоја тајна врска, не сакам да се разделиме на ваков начин“.

  Таа се испоти и почна да ѝ се слева пот низ лицето. Јас и Ема ја гушнавме и почнавме сите три да плачеме. Сите три сме со тешки судбини. Плачевме за нашиот испреплетен живот, за луѓе кои ни ги загорчија животите, сакајќи ние да го живееме нивниот живот. Нашето тагување го прекина Хуго, кој ми се јави и ми кажа дека е дојден и дека ме чека позади болницата.

  Јас станав прва и отидов да се сретнам со него. Кога го видов, почнаа колената да ми се тресат. Тој излезе од џипот и ме прегрна. Ме бакна. Тоа е таа хемија што се создава меѓу двајца. Го сакав неговото внимание, тоа е она што најмногу ми се допаѓаше кај него. Едноставно, со него се чувствував дека сум жива и дека има некој што мисли на мене. Кога некој знае да ја искаже почитта со грижа за тебе, ти кажува колку му недостасуваш, колку му значи времето поминато со тебе и да не е вистина, сепак импонира такво внимание.

  Секој од нас бара нешто мило, пријатно, нежно, копнежливо, било да е збор или нечие внимание, му се чини како со ангорско ќебе да си ги обвиткува срцето и душата. Кога ми ги искажа сите тие мили зборови, мислев дека ќе се растопам од жештина. Ми ја фати раката и мислев дека ќе ја изгорам неговата дланка и дишеше тивко зад мојот врат, а јас целата се тресев.

  Хуго нежно со прстите го милуваше мојот врат, неговата уста ми шепотеше слатки зборови, чиниш мед тече од нив, а неговиот примамлив мирис сакав да го почувствувам на мојата кожа, да го осетам во моите чувства.

  Влеговме во џипот. Хуго ми рече дека морал да ја искористи посетава и бил на разговор кај директорот. Фис бил отсутен на што и јас му потврдив и требало вечерва да се врати. Потоа, разговаравме општо некои теми за работата. В разговор, спонтано, почна да ми го покажува џипот. Го навали седиштето и полека спуштајќи се кон моите гради, тој ми ја откопча кошулата и не издржа – ми ги извади градите и почна да ми ги цица жестоко брадавиците.

  Испуштав воздишки од задоволство, му ја ставив раката на неговиот веќе зацврстен „орган“, што секогаш пријатно ме изненадуваше. Чувствував колку е голем над пантолоните, му го откопчав каишот, се спуштив надолу и почнав да му го лижам, прво малку, а потоа до крајници, и слушав воздишки на задоволство...

ПРИЈАТЕЛКИ