Еротски приказни: ЈАС И ХУГО
Еротски приказни: ЈАС И ХУГО
Плажа, песок и вода. Желбата ми се исполни. Легнати со Хуго директно на песокот, по долго време, ја почувствував разиграноста на моето срце, моите треперења како жена без лажен морал, без двојство, жена која сака да води љубов, да има некој до неа, со неа, да љуби, да биде љубена. Во тоа е смислата на животот, а ја барав и секогаш ќе ја барам, ќе се преиспитувам додека дишам. Во овој залив се почувствував себеси дека сум жива и дека сакам да живеам, дека не сум слаба личност, туку сосема спротивното.
Љубовта е двигател на светот, љубовта знае да го преобрази човек, да посакам да му се допаднам некому, да кокетирам со моите очи, со мојата насмевка, со моето заводливо тело. Легната во тој транс што сакав никогаш да не престане, добивав грчеви под налетот на Хуго, кој сигурно умееше да притисне на места каде што се чувствував како жена. Ниту со Џино, ниту со Димитри немав почувствувано таква страст, едноставно, се ослободив од напнатоста што долго време тлееше во моето тело. Со мојот поглед ги набљудував птиците кои го прелетуваа светлоцрвеното небо и се почувствував еднакво слободна како нив.
Хуго умееше со жени, очигледно. Знаеше на кој начин и каде да ме допре и како да предизвика ерупција во моето тело. Сакав да му се заблагодарам на ист начин како неговиот. Сега се наведнав кон него. Му ги бакнував вратот. образите, па устата. Тој ме прифати со неговите врели усни. Продолжив да го масирав полека, нежно, а потоа сè посилно и посилно.
Ми шепотеше на уво: „Ти благодарам многу. Знаеш како да ме придобиеш. Твоите усни меки како кадифе ми предизвикуваат страст кон водењето љубов. Ме враќаат во времето кога бев среќен. Во овие прекрасни моменти почувствував како да сум на небо, неизмерно задоволен и среќен. „Копчињата“ што ги притискаш на моето тело, ме водат кон врвот на совршенството“.
Не знам дали беше искрено кажано, но продолжив со поголема жестина. Му ги масирав мускулите и му ги турнав гаќите за пливање. Неговиот „орган“ се исправи како свеќа. Со рацете му ги масирав препоните и полека со јазикот заронив во неговата „внатрешност“. Го почувствував неговото влажнење, силните пулсирања и, по кусо време, неговата врела течност што со куси пулсирања излегуваше од неговиот „орган“. Неговото тело беше врело, водено додека мускулите му се олабавија. Задоволството што го почувствуваме беше истото на луѓе кои со години ги усовршуваат заедно техниките за водење љубов.
Потоа, продолжиме да лежиме на песокот. Ме намачка со крем за сончање. Ме мачкаше масирајќи ме полека, ме допираше само со врвовите од прстите под кои се чувствував како да сум „виолина“, а некој „свири “на моето тело. Доволно лежевме под врелото сонце и влеговме во вода. Водата беше чиста, бистра, темнозелена и се гледаа рипчињата кои пливаа под водата. Јас не научив да пливам добро и затоа Хуго ме држеше околу половината.
Се чувствував како да играме во водата. Се вртевме и топлата разбранета вода ни го галеше вратот, лицето, косата, што ми причинуваше големо задоволство. Хуго ми кажа дека ако останам подолго време овде, имало училиште за пливање и ако сум сакала би можела да почнам да одам на курс по пливање. Во водата останавме подолго време, а искрено, не ми се ни излегуваше. Хуго почна да се смее и ми рече во шега: „Мораш да научиш да пливаш, во вода најубаво се води љубов. Всушност, таа ти помага да се најдеш себеси“.
Излеговме од водата. Застанавме да се исушиме и ги здогледав Ема и Фис. Тој нешто ѝ објаснуваше. Почнаа да се приближуваат кон нас. Ема беше црвена во лицето како да ѝ удрил шамар. Кога дојдоа до нас, Фис со неговиот саркастичен израз на лицето му кажа на Хуго: „Гледам многу убаво се согласувате вие двајца. Хуго е голем заводник, сакав само да знаеш Нада. Го земам за друштво, а тој пак, си брка авантури“.
Ни јас, ни Фис, ни Ема не одговоривме ништо. Ја погледнав Ема. Беше многу убава, личеше на порцеланска кукла. Нејзините прекрасни очи ѝ беа насолзени и го тргнав погледот. Да беше друг маж би ја третирал како кралица. Но Фис!!! Сигурна бев дека Фис повторно ја има уценувано. Не сакав да ја гледам таква и сакав во моментот да заборави на сè и поради тоа започнав да се шегувам на своја сметка. Им кажав дека не знам да пливам и дека ако Хуго не бил заедно со мене во водата, би можела да се удавам.
Додека зборував, Фис веднаш почна да се фали како работел како спасител на плажа пред неколку години и имал спасено многу луѓе. Не му верував на Фис ништо и затоа го погледнав и му реков иронично: „Фис, се гледа дека хуманоста ти е во гените. Се препознава твојата хуманост.“ Тој не ја сфати мојата иронија и продолжи со фалење, но му заѕвони мобилниот телефон.
Се јави Хари. Му кажа на Фис дека ќе оди на аеродром да ја земе Кармен и некоја млада лекарка. Фис го прашуваше зошто толку рано, но Хари му објаснуваше дека имало поместувања во распоредот на летање бидејќи имало некаде бура. Завршија со разговорот. Фис ни викна: „Одиме на ручек, но ќе треба да побрзаме. Знаете, доаѓа Кармен, на Ема другарка ѝ, а со неа и нова лекарка. Ќе имаме засилување во персоналот“.
Отидовме во еден отмен ресторан, на отворено. Имаше многу луѓе кои беа расположени, разговорливи и пријатни. Ги набљудував и никој немаше некоја особена загриженост како ние што имавме. Јадевме печен зајак, тоа беше специјалитет на куќата, некои салати и пиевме бело вино. Пиевме нес-кафе и станавме набрзо. Разговаравме и се шегувавме, но Фис беше отсутен, пишуваше пораки на мобилниот – беше преокупиран со предвременото доаѓање на Кармен и на лекарката.
Станавме и отидовме во клиниката. По пат, почна да дува влажен ветер. Кога стигнавме во клиниката, тие сè уште не беа стигнати. Ема ме замоли да седнеме надвор на клупа и да ја пречекаме Кармен затоа што беше нестрплива. Таа ми се довери и ми кажа дека ако не била Кармен, таа не би останала жива бидејќи Кармен многу ја штитела и ѝ давала надеж. Знаејќи ја ситуацијата со Ема, верував дека е во право. Влеговме во кантината да земеме кафе. Некој викна: „Ема, еве сум!“ Се појави Кармен. Ема со насолзени очи ѝ се фрли во прегратката на Кармен.
ПРИЈАТЕЛКИ