Еротски приказни: КАРМЕН

Добивај вести на Viber

Кармен! Конечно се појави. Многу убава девојка облечена со убав свилен фустан во шпански стил ѝ се приближи на Ема, а Ема кога ја виде ѝ се фрли в прегратки, ја гушна и почна да ѝ плаче: „Кармен! Конечно дојде. Едвај чекав да те видам, да те гушнам“. Ема ја стегаше силно како да се разделуваше со неа, а не како штотуку да пристигна.

  Кога Ема ја пушти од прегратките, Кармен ми се доближи, ме гушна и ме бакна. Прво помислив дека е од култура, но потоа забележав како да ме знае отсекогаш и ѝ се обрати на Ема: „Оваа е Нада, така? Те опиша Ема и да не те знаев ќе те препознаев“. Ема поцрвене и сигурно помисли дека ѝ се лутам и почна да ми објаснува, меѓутоа Кармен горделиво ја прекина и ми рече со восхит: „Всушност, Ема толку се фалеше од тебе што добро ме изгушка денес, инаку ќе помислев дека ти ми го зела  моето место во нејзиното срце“.

  Сите три се насмеавме и заедно со Кармен се качивме горе во нејзината соба за да се распакува. Кармен раскажуваше за престојот во нејзиниот крај, за нејзините родители и нејзините роднини до доцна во ноќта. Изморени, се повлековме секоја во својата соба за да се одмориме. Влегов во собата, ги отворив широко прозорите и гледав накај ретките дрвја. За првпат откако сум овде, добив некоја енергија како да се споија небесното белило и врелата земја. Замаглените облаци што беа на повидок и наредени на сред хоризонт, како ноќна стража, иако беа замаглени, ми даваа прочистена љубов, ме препородуваа, како некој благослов што се спушташе накај мене и ми го полнеше телото со сила.

  Од овој миг, верував дека сите злокобни и мрачни луѓе кои ни го блокираат патот кон заветената во себе блескава иднина, ќе успееме да ги преобразиме или да ги тргнеме од нашата чистина – нашето изгрејсонце.

  Ми заѕвони мобилниот телефон. Хуго ми се јави за да ми се заблагодари за друштвото. Тој веднаш почна да ми се исповеда, од толку жени кои ги имал, вклучително и неговата бивша сопруга, немал најдено личност која толку му одговарала на неговиот карактер. Хуго зборуваше сам со себе и раскажуваше за мене дека сум убава, со интелект, со смисла за префинетост, шарм, стил, која го разбира, но возвратно, и тој ја разбира.

  Ми предложи во некој од следните викенди да се изгубиме некаде сами и да уживаме цел викенд заедно. Не можеше да не го спомене и сексот. Ми кажа дека бил во таков вознес, што кога ќе си споменел, веднаш му се вклучувала фантазијата.

  Хуго почна спонтано да ми зборува: „Нада, постојано си ми во мислите. Фантазирам како заедно се возиме во мало бродче. Ти ми се смееш и додека се возиме, ме бакнуваш в уста, па ми го ставаш јазикот во мојата врела уста, судир на заби, страстен допир со јазикот до крајот на грлото. Се наежувам целиот. Застануваме и седнуваме на мала плажа под сенка од високи грмушки. Двајцата сосема сами. Пиеме ладен сок од термосот што го понесовме и јадеме сендвичи со шунка. Те масирам по грбот и поминувам на твоите гради. Сме задремале. Се разбудувам и твојата рака ми е ставена на мојот набрекнат „орган“. Ти во полусон полека ме масираш. Јас не можам да мрднам и ненадејно во ритамот со твојата рака, врела течност, во густи млазеви, излегува од мојот преголем „орган“. Се завртувам кон тебе. Почнувам да те бакнувам. Мојот „орган“ сам си го наоѓа местото и цврсто, до крај, влегува во твојата слатка, тесна задница. Го сакам сексот со тебе бидејќи е спонтан и незаситен сум по тебе, твоето тело, твоите усни, твоите мускули, твојата мека и влажна „внатрешност“.

  Тој почна тешко да дише. И јас се запалив. Не знаев дека по телефон е убаво да се споделува еротик. Дури си поопуштен и послободен затоа што не се гледаш лице в лице. Само чувствата управуваат со тебе. Затоа, за да прекинам го пресеков велејќи му: „Те молам Хуго, не зборувај глупости. Што ако некој те слушне? Знаеш дека не е дозволиво ова што го кажуваш по телефон“. Му посакав добра ноќ и си легнав.

  Вечерта спиев мирно и утрото станав и ѝ тропнав на Ема. Кармен веќе беше кај неа и заедно се шминкаа. Викнаа во еден глас: „Те чекаме со нетрпение и сега ќе ти ѕвоневме“. Кармен отиде да ја повика новата лекарка Сара, која беше сместена на првиот кат, за да одиме на работа сите заедно. Сара дојде со Кармен и сите весели, расположени и кокетни отидовме до кантината и јадевме сосем малку, но затоа пиевме по еден голем филџан еспресо. Следниот викенд, беше предвидено Сара да го запознае островот.

  По пат накај клиниката го сретнавме Фис, кој кога нè виде сите заедно засвирка со устата. Да беше друг ќе му забележавме, меѓутоа со оглед дека Фис беше многу примитивен, не му ја зедовме постапката за зло. „Толку умее, така е воспитан и така живее“, прокоментира Кармен.

  Влеговме кај шефот на одделението, лекар Филип. Кога ја виде Кармен, се зацрвени, рацете му се затресоа кога се поздрави. За да ја скрие својата збунетост веднаш ѝ се обрати на Сара со многу пофални зборови што ги читал во нејзината биографија. Сакаше да се пофали дека ја научил напамет и сега очекува од неа многу посветеност, одрекувања и труд како да не знаеше колку овде сите вработени се исполнителни, вредни и прецизни со обзир дека нема каде да одат во слободно време.

  Јас, Ема и Кармен станавме, а тој ѝ се обрати на Кармен дека ќе ја повика подоцна бидејќи требало да направат некој извештај. Мене сè ми стана јасно и неговата претходна збунетост и зацрвенетоста и тресењето на рацете, но многу ми беше мило што можеби за сојузник имаме лекар со нас. Тој излезе заедно со нас за да ја упати Сара воедно и да ја претстави на другите колеги, а со тоа да ја запознае со новите работни задачи. Многу беше расположен, очигледно му се допадна Сара. Кармен цело време работеше со мене. Во еден момент, ја повика Филип и таа отиде кај него. Јас бев пресреќна затоа што добив уште една голема пријателка, а тоа беше Кармен.

ПРИЈАТЕЛКИ