Еротски приказни: КРАЈ НЕ ЕДЕН ДЕЛ ОД СТУДЕНТСКИ ЖИВОТ

Добивај вести на Viber

Водењето љубов со Кримо беше секогаш спонтано и пријатно. Исто беше и сега. „Влезе“ во мене длабоко и ја почувствував неговата топлина и исполнетост. Го чувствував неговото пулсирање, неговата незаситност. По извесно време, вешто ме заврте и се најдов пред него. Ми зборуваше некои зборови на увото, кои не ги разбирав, но звучеа нежно. Колениците ми беа собрани, а тој непречено „влегуваше“ и „излегуваше“ во мене. Рацете му беа поставени на моите цврсти гради кои нежно ги масираше и предизвикуваше дополнителна возбуда. Потоа ми ги зграпчи колковите и диво нерамномерно „влегуваше“ во мене, докрај додека двајцата се вкочанивме и врела сперма ми го испрска грбот. Се држеше за мене и потоа ми го бакнуваше вратот.

  Полека станавме и прегрнати се упативме во бањата. Со млак млаз ги ладевме нашите испотени тела. Нежно ми го масираше грбот. Јас му ги гризев неговите сочни усни. Се истуширавме и се облековме. Кримо ми рече: „Дора, те сакам. Некогаш не е момент, но кога те видов како мирно и безгрижно спиеш, предизвика во мене огромна похота, што посакував да заминеме и патуваме заедно, некаде далеку, далеку од сè“.

  Го слушав внимателно и му кажав: „Ќе почекаме бидејќи мора да видиме како ќе оди заздравувањето на твоите братучеди Аби и Едо и завршувањто на испитнава сесија“. Кримо ме прекина нестрпливо: „Да мила, после сè што поминавме ќе те изненадам со едно интересно викенд-патување. Ја сакам слободата, брзината, покачувањето адреналин, да ги поминувам бескрајните пространства, планините, ридовите, зеленилото и да им се воодушевувам на животните и на птиците. Ќе излезам сега да пазарам што е потребно за да подготвиме нешто за јадење, сите ќе се вратат за набргу“.

  Излезе да купи продукти и се врати, а јас ја средував кујната. Заедно приготвивме мусака и салата.

Додека ја поставувавме трпезата, се вратија од болница. Кажаа дека Едо е добар, дека на Аби му е подобро, дека бил контактибилен и дека немал болки. Кримо им кажа дека кога ќе ме испрати мене, ќе оди во болница да ги посети Аби и Едо.

  Емина беше посмирена и задоволна. Седнавме да ручаме. Пред крајот на ручек му заѕвони телефонот на Кримо. Се јави инспектор од полицијата за да извести дека напаѓачите се фатени и се во притвор. Нормално негирале дека се тие, но постоеја цврсти докази и слики од мобилен телефон. На сите ни олесна бидејќи не се знаеше кога ќе нападнат и можеше да се случи поголема трагедија.

  Пиевме кафе и Кримо ме испрати, а јас отидов дома заедно да учиме со Роза. Деновите си врвеа. Колоквиумите ги положив. Кримо се јавуваше, речиси не се гледавме. Редовно го прашував како се Аби и Едо, а тие беа секој ден сè подобро. Едо се врати од блница додека Аби остана подолго време. Со Емина речиси не се гледав затоа што таа од колоквиуми трчаше в болница. Поради оваа ситуација бевме спречени да одиме во Организацијата на студентите и нашето одење го одложивме за понатаму.

  Телефонски се слушав со Исидора, мајка ми и Виктор кои секогаш ме потсетуваа дека таму некаде ми е мојот дом – моите корени кои ме влечат дома. Колку се приближуваше времето, толку бев понестрплива да се вратам дома. Некогаш добивав желба да летнам дома за да ги видам и да си дојдам, но морав да се воздржам да го дочекам крајот на студентската година. па ќе си одам дома. Веќе резервирав карта.

  Кога заврши сесијата, имав време уште две недели да се запишам за следната наставна година, да го прошетам градот и да се спакувам за дома. Едно попладне отидовме в град заедно со Роза за да одбереме сувенири за семејствата и за нашите пријатели кога за да ги израдуваме кога ќе се вратиме дома за да знаат дека сме мислеле на нив.

  Шетајќи со Роза се изморивме и седнавме на кафе. Ми заѕвони мобилниот и се јави Исидора. Таа беше среќна, ги положила сите колоквиуми на факултет, а и ми рече дека и Виктор, дечкото мој, со кој се слушав ретко бил при крај со испитите и едвај чекал да ме види. Само што го завршив разговорот со Исидора, се јави Кримо и ми кажа: „Дора, подготви се, овие денови одиме на патување. Завршија големите обврски и имаме право да поуживаме. Аби се врати дома и Емина ќе се грижи за него. Ќе одиме со друштво моторџии. Се надевам ќе ти се допадне“.

  По гласот почувствував дека е среќен. Го затворив телефонот и ѝ кажав на Роза. А таа почна да ми зборува: „Јас кога бев в средно, почнав да возам мотор и патував со моите родители, кои се вљубеници во мотори. Имам дома мотор, летото кога ќе се вратам планираме да патуваме повторно. Дали имаш кацига, кожен комплет, чевли и заштитни очила? Затоа што моторот е специфично превозно средство. Треба да знаеш дека мора да имаш спакувано малку, но потребни работи. Зависи кај одите за храна. Sигурно Кримо ќе се договори“.

Се зачудив затоа што Роза не споменала никогаш дека е вљубеник на мотори, но таа продолжи: „Тоа е сон на секој авантурист. Човек ако еднаш се качи на мотор, потоа тоа чувство влегува во душата и трае засекогаш и никогаш нема откажување“.

  Имав обичен кожен комплет панталони и палто. Се загрижив дали е во ред гардеробата и му се јавив на Кримо. Тој кажа: „Јас имам кацига и очила, ќе ти да дадам. Земи нешто гардероба и толку. Добро што имаш кожен комплет“ Ми се врати расположението. Одбравме сувенири со Роза и се вративме дома.

  Следниот ден ми се јави Кримо: „Дора, утре наутро, биди подготвена. Рано тргнуваме. Ќе ја земам кацигата и со два пара моторџии тргнуваме. Луѓето се прекрасни и другпат сум бил со нив на шетање. За храна ќе носиме нешто ситно, а по пат има мали кафеанчиња и кафулиња. Таму ќе бидеме сместени во едно убаво планинарско мотелче со убав видик“.

  Се подготвив и утредента според договореното дојде Кримо и тргнавме. Со останатите се најдовме по 15 минути возење и продолживме да се возиме според определената маршута.

СТУДЕНТКА