Еротски приказни: ЉУБОВТА СО ВИКТОР
Кога си некаде далеку, ти недостасуваат твоите родители, околината, друштвото, всушност сè. А мене, бидејќи имав мирен живот во кој семејството, пекарата, Виктор и медицината ми беа главна преокупација, сè тоа ми недостасуваше.
Со Виктор се познававме од деца. Заедно одевме в градинка. Си праќавме секогаш мили погледи. Кога пораснавме, Виктор секогаш имаше девојки околу него и ме одбегнуваше. Од училиште нè испратија на семинар за подобрување на средношколскиот систем и таму имавме поблиска средба. На паузите, сите учесници заедно пиевме кафе и така почнавме да комуницираме.
Честопати, ме покануваше на кафе, а јас не сакав да губам време со момчиња. Искрено, отидов од љубопитност, поточно, Исидора ме натера да излезам, а Виктор умееше да ги придобие девојчињата. Таков беше и со мене. Се однесуваше како да сум единствена девојка во светот. Ме држеше за рака додека пиевме кафе, ме галеше по лице, ме гледаше право во очи, ми ласкаше колку сум убава, шармантна и на крај ми кажа: „Ти ќе ми бидеш девојка“. Ништо не му одговорив. Тој беше стрплив и правеше сè чекор по чекор. Исидора цело време, во нејзин стил, ми држеше лекции за љубовта и ми велеше да прифатам. По неколку излегувања, спонтано, се случи првиот бакнеж. Така почна мојата љубов.
Пред неколку месеци, бевме цело друштво на роденден кај него. Кога сите заминаа, останав да му помогнам да расчистиме. Средивме сè и седнавме да гледаме телевизија. По некое време, кога сакав да си одам ми одѕвони она што Исидора ми го кажуваше постојано: „Дора многу си проста. Со твоето однесување по две години забавување, Виктор ќе се раздели од тебе“.
Додека се двоумев дали да останам, Виктор пушти еден порнофилм. Седнав и го гледавме заедно. Може и ќе си заминев, но самата атмосфера придонесе, првпат, во мојот стомак да се создаде чувство на мешавина од сексуална желба и од вознемиреност. Виктор ме забележа и ме прегрна, ме гледаше во очи и можев да го почувствувам неговиот забрзан здив во моето лице. Со раката ми го милуваше лицето, го почувствува моето тресење и ме почна да ме бакнува бавно, полека и копнежливо. Мислев дека летам на облаци и дека целиот свет е мој.
И јас, моите раце му ги ставив на тилот, на вратот и на рацете. Тој предизвикувачки ме повлече бакнувајќи ме. Ме запали. Правеше сè да ме донесе до лудило и во фаза каде што се губам и станувам целосно во дофат на сопствената страст. Не ми е жал што останав, затоа што знаев со сигурност дека сакам да бидам со него и имав желба и страст.
Виктор, приближувајќи се кон мене, ги обвитка двете раце под гаќичките и ми ги соблече. Потоа, нежно ми го зграпчи задникот. Се тресев од неговите допири, испуштав воздишка прифаќајќи ги усните за уште бакнежи. Прстите на едната рака му се лепеа помеѓу нозете и тој пополека ги завиваше прстите со едната рака во браздата на моето меѓуножје, ми ги раздвојуваше усните со другата рака и лесно ме допираше. Осетив големо задоволство. Подоцна, полека го стави својот „орган“ во мене. Ми ги грицкаше брадавиците, а јас му ги гризев усните. Навлегуваше сè подлабоко во мене, а јас ги ширев нозете сè повеќе и повеќе. Нашата бура траеше додека не ги задоволивме своите страсти. Свршивме заедно двајцата. Откако ја крунисавме со секс нашата љубов, поседов уште малку и зедов такси за да си отидам дома.
Исидора ме чекаше на врата и сакаше да се шегува, но јас не сакав да разговарам и остро и реков да не ме прашува ништо. Има некои работи во животот што се лични, интимни и важни за личноста што ги доживува и не се споделуваат во моментот со никого. Отидов да се истуширам и сама да се израдувам бидејќи навистина го сакав Виктор од срце и сакав со него да ги доживеам првите љубовни моменти. Тогаш, мислев дека ќе бидеме заедно засекогаш, дека сè ќе оди по моите планови, сè до ненадејната поплава. Тврдината во моето срце се разниша. Откако го запознав Кримо, сфатив дека во животот сè се менува, па и љубовта. Се слушав со Виктор како и досега, но не бев сигурна колку го сакам.
Временската ситуација се стабилизира и почнавме да одиме на факултет. По речиси еден месец, беше саниран пансионот во кој живевме и се вративме повторно во него. Но, со ситуацијата сите ние станавме блиски, особено станав многу блиска со Роза. Одевме на факултет, се враќавме дома, се дружевме сите заедно и одевме на кафе во кафетериите.
Кримо го немав видено од тогаш. Еден ден, сите бевме во кафетерија. Во еден момент, Роза викна: „Еве го Кримо, нашиот спасител! Седи со една девојка!“ Сите ги насочивме погледите кон нив, Роза викна толку силно што Кримо се заврти кон нас, нè виде и дојде да се поздрави. Јас само се поздравив и не сакав да го погледнам во очи. Не му бев лута, ние речиси и не се познававме, туку себеси си бев лута затоа што сама си влегувам во илузии. Потоа, кога замина Кримо, сите се шегувавме како нашиот спасител е и љубовџија.
Деновите си врвеа, беа исти како цреша на цреша. Веќе се запролети. Имавме колоквиуми, но мене не ми беше тешко. Ги положив колоквиумите со високи оценки. Времето се затопли и ние излегувавме почесто кога бевме слободни за да го запознаеме градот со сите културно историски споменици. Кримо не го имав видено и веќе како да го заборавив.
Исидора сакаше да ми дојде на посета кога ќе се стопли времето. Таа ми беше близначка и патолошки бев поврзана со неа. Имавме спротивни ставови, но љубовта помеѓу нас беше огромна. Таа уживаше во авантуристички животен стил.
Набргу, Исидора извади авионска карта. Ја чекав на аеродром и кога ја видов ми затрепери срцето. Беше многу убава. Беше ослабена и делуваше како манекенка на модна писта.
СТУДЕНТКА