Еротски приказни: МАЛИ УБАВИ МОМЕНТИ
Малите симпатични моменти го исполнуваат животниот мозаик и даваат чувство на мир, спокој и неизмерна среќа. По напорната учебна година и положените испити, се почувствував изморено и исцрпено. Првпат одделена од семејството студирав во непозната земја, го научив јазикот, одев на предавања, се адаптирав со нови лица, имаше убави и лоши настани, но како низ иглени уши успеав да се протнам себеси и успеав да ги положам испитите. Имав момче во родниот крај кој не ми значеше. Не бев некоја љубовџика но, ете се случи љубов со Кримо.
Неколку дена пред да заминам дома, Кримо ми вети дека ќе се прошетаме со мотор викендов и тоа се случи. Возејќи нагоре по угорнина низ едно диво патче длабоко во шумата, на Кримо му застана моторот. Се јави кај Том и тој му кажа да почекаме да се качат до горе, да ги остават Ен и Сузи и ќе се вратат по нас.
Спокојно чекавме во дивата природа развеселени од пеењето на птиците, опкружени со густи дрвја, миризливи шумски џбунови и цвеќиња и пеперутки во разни бои и зелен тревест „килим“ на кој се одмаравме. Природниот и примамлив опоен мирис ни го качи адреналинот и на моторот водевме љубов. Многу примамливо и предизвикувачки.
Заѕвони мобилниот на Кримо. Се јави Том. Ги оставиле девојките да се сместат и тргнале по нас. За кусо време ќе бидат овде.
Нас воопшто не ни беше досадно, напротив, ни беше забавно. Двајцата фантазиравме каква ќе ни биде иднината кога ќе дипломираме. Отидовме дотаму со фантазиите што во детали ја испланиравме иднината, каде би работеле, каде би живееле, какви деца ќе имаме. Кога си млад, те интригира иднината и секој би сакал да има прозорец и да ѕирне макар за миг и да види дали му се оствариле соништата.
Сè се тоа илузии, но некогаш сонот се исполнува. Зависи од многу околности, но може и од универзумот. Којзнае. Животот не е едноставен. Фантазирајќи времето помина и се слушнаа звуци од мотор. Том и Роби дојдоа. Донеле цирада, го покрија моторот и потоа нè однесоа со Кримо до планинскиот хотел.
Стигнавме до една низина, чиниш си влегол во тепсија. Наоколу трева и разни билки. Планинска дрвена куќа, ниска на два ката. Голема, долга со тавани ниско поставени. Во дворот поставени маси. Сузи и Ен седеа, покрај нив кафе и чаши со сок и кога нè видоа, лицата им се насмееја и весело ни мафнаа. Многу се израдував.
Веднаш по лицето и очите се гледа кој е љубезен и искрен. Некогаш не мора да си многу близок со некого да почувствуваш близина. Почувствував дека овие два дена ќе ги поминеме со прекрасно друштво.
Отидовме в соба. Собите за издавање беа тавански со полуспуштени тавани. Собата беше мала со брачен кревет, шкафчиња и огледало, тераса и во собата тоалет со туш. Се истуширавме и слеговме долу. Долу на верандата на две маси седеа по четворица гости. И тие весело нè поздравија. Најверојатно, сите имавме заедничка цел. Да се одмориме.
Пиевме кафе и потоа ние, девојките, тргнавме во блиската околина да го истражиме теренот. Се воодушевивме од разните билки, како кантарион, мајчина душичка, диво нане, кои беа самоникнати и во изобилие. Се договоривме попладнето да собираме за да приготвуваме чаеви. Се вративме од прошетка. Немаше никој на верандата. Сите си беа во соби и одмараа. Се договоривме да заминеме во собите до ручек за да се одмориме.
Влегов в соба. Кримо лежеше и слушаше тивка музика. Легнав до него. Тоа беше љубов. Оваа година и поради мојата љубов со Кримо станав посилна, посигурна во себеси, свесна за тоа што го имам, а мојата цел беше појасна. Точно знаев што сакам и поради тоа вредеше да истраам дури и кога ми беше најтешко.
Љубовта е посилна од нас, не бира возраст, вера и нација. Едноставно, се заљубуваш. Тоа е нешто многу посилно од мене, па и од секого, од сè, навистина, ни јас ни никој друг не може да оди против своите чувства.
Кримо се заврти кон мене и страсно почна да ме бакнува. Ме погледна со тие негови очи на срна и ме привлече кон него. Длабоко воздивна и почна уште пострасно да ми ги бакнува усните. Веднаш се „навлажнив“, се тресев и ја губев сопствената контрола. Почна да ме соблекува брзо и ми ја стави раката над мојот препони, ширејќи ми ги нозете.
Ми ги соблече гаќичките, единственото нешто што уште го носев. Кримо клекна и лесно го допре мојот клиторис со врвот на неговиот јазик. Воздивнав и ги затворив очите. Јазикот влезе во мојата влажна „внатрешност“ која гореше. Извикав од задоволство и станав конфузна.
Срцето ми чукаше силно и полека се смирив, клекнав пред него и му ги милував препоните и му ги откопчував пантолоните. Прво, му ја лижев „главата“, а потоа и целиот „орган“. Потоа, му ги лижев „топчињата“ и му ја милував „главата“ со прстите. Кримо почна да се тресе и да воздивнува. Ми ја крена едната нога на неговото рамо, а другата ми ја остави на креветот. Можев да почувствувам дека „влегува“ во мене, дека ме исполнува и беше прекрасно. Ги искривуваше колковите неколкупати, а потоа, го „вадеше“ и силно го „враќаше“. Ритамот сè повеќе го зголемуваше и по некое време, целата ме исполни со сперма. Ја изгасна и својата и мојата жед.
Прегрнати заедно се истуширавме и со врели бакнежи излеговме од тоалетот. Се облековме. Слеговме долу. Келнерите и готвачот беа многу љубезни. Нè седнаа на маса под сенка. Рекоа дека за многу брзо ќе биде ручекот, но ние им кажавме дека ги чекаме останатите за да ручаме заедно. Една комби стигна. Од него излезе плав висок човек и кога го виде Кримо почна да вика: „Еве го Сем!“ Тој радосно ни се приближи, нè поздрави и седна со нас.
СТУДЕНТКА