Еротски приказни: НА ЖИВОТЕН КРСТОПАТ

Викендот бев со мојот партнер Ален. Нашата средба беше магично убава. Се чувствував како принцеза од бајките. Моето воспитување и однесување никогаш не би ми дозволиле да правам излети надвор од бракот. Кога бракот ќе излезе од контрола и тргне на удолница, ништо не може да го врати назад. Така се случи и со мојот брак во кој ги вложив срцето и парите. Сопругот мој Милан беше многу примитивен, меѓутоа имаше научено неколку фрази и делуваше отмено, а беше лукав и злобен. Ме излажа мене и мојата фамилија. Затоа, мојот гнев се преточи во вистинска љубов со Ален.

  Се качив в такси и интуицијата ми говореше дека нема да имам убав пречек. „Баш ми е гајле“, си помислив во себе. Јас овие три дена добив таква љубов што ќе ме штити од сите неволји извесно време.

  Кога влегов, имав што да видам. Во нашата трпезарија на еден стол водеа љубов еден црн човек и плава девојка. Таа седнала на нашата трпезариска маса, а тој полека со голема возбуда и ги милуваше градите. Таа му го бакнуваше и му го лижеше неговиот набрекнат и голем „орган“. Ги погледнав со гадење, но тие не ме забележуваа. Беа внесени во нивното водење љубов. Во кујната две девојки и еден маж пиеја од моето виски и се смееја.

  Влегов во нашата дневна соба и таму на мојот брачен кревет го затекнав мојот сопруг Милан како со рацете милува една црна девојка легната под него и со убави мали гради. Дури и мене ме возбуди нивното силно стенкање. Ја препознав. Тоа беше собарката од сликата. Кусо ги погледнав и гледав како неговиот „орган“ полека и нежно „влегуваше“ во нејзиното тело.

  Го погледнав в очи. Милан ме виде и скокна како стаписан. Почнав да врескам: „Надвор, сите надвор!!! А тебе да не те видам повторно во мојот стан!!!“ Милан и девојката се облекоа за неколку секунди, а тој се заврти и ми кажа со нервозен тон: „ Каде беше ти досега?! Со твојот љубовник! Три дена те нема! Ја видов другарка ти беше в кафеана со друштво! Уште ти ме лажеше дека вие ќе сте оделе во нејзината куќа на езеро! Ти си ми неверна, а јас што очекуваше да правам?! Да те чекам плачејќи?! Нашиот брак е готов!. Ги рече овие зборови и замина в кујна, си тури една чаша од моето виски што беше при крај и седна.

  Мозокот грозничаво ми работеше. Морав да реагирам брз, бидејќи ако ги гледам уште малку, ќе добиев нервен слом. Милан седна пијан и се однесуваше како ништо да не се случило. Овие ќе седат до изутрина, Милан ќе остане дома, а јас имав желба да го снема во истиот момент од мојата куќа. Ми се гадеше од овие гнасотии што ги видов дома.

  Се сетив што е најдобро во овој момент. Да се јавам в полиција. Така и направив. Се јавив в полиција. Ми кажаа дека за неколку минути ќе дојде екипа. Поседов малку во спалната и заминав во дневната за да ги пречекам полицајците. Кога влегоа, веднаш ја оценија ситуацијата. Присутните се уплашија и почнаа веднаш да се облекуваат и да се подготвуваат за одење. Полицајците им рекоа прво секој од нив да даде изјава, а потоа да си оди.

  Сите се изјаснија дека ги повикал Милан на забава, дека не знаеле дека е женет и тие мислеле дека куќата е негова. Без оглед на сè, полицајците ги информираа дека не смеат да прават глупости, дека ова не е јавна куќа и дека сопственикот не е дома. Кога дојде Милан на ред, почна да им објаснува за мене. Еден од полицајците му викна да одговара само на прашања и тој замолчи, се разбесна и ми се обрати: „Ќе си заминам од нашиот дом! И да знаеш дека ќе ти побарам развод! Ти си многу бездушна!“

  Климнав со рамената рамнодушно и тој излезе заедно со неговите гости. Милан е безобразен човек. Ако решил да се разведе, ќе бара дел од сè што е мое. Ќе најдам добар адвокат и ќе морам да зачувам сè што е мое.

  Останав сама и почнав да плачам. Морав да ги исчистам сите бигори од мојата душа. Додека плачев, ги отворив сите прозорци за да се проветри воздухот. Потоа, влегов во една соба што ја имав заклучено поради тоа што не беше средена и имаше само еден кревет и седнав на него и го отворив лаптопот.

  Сè приклучив на интернет и му се јавив на Ален. Беше изненаден што веднаш му се јавив, меѓутоа кога ме виде расплакана, сè загрижи. Сакаше да ме успокои. Потоа почна да ми кажува: „Овие ми беа трите најубаво поминати денови во мојот живот. Ми даде смисол на животот. Се навикнав на твоето присуство и не знам како ќе ми поминуваат деновите без тебе. Ти си моја потпора, мое небо, мој океан. Ти ми требаш – ти си мое сè. Следната недела те чекам повторно кај мене да дојдеш. Те сакам. Љубовта кон тебе е она што ме води да се будам секое утро и да го продолжам животот“.

  Секогаш разговорот со Ален ме успокојува. Веќе почнав трезвено да размислувам. Се сетив дека сум на работа следната недела поради овие слободни денови што ги зедов кога бев кај него. Му реков: ,,Ален и јас те сакам и сакам да сме постојано заедно. Сепак, не треба да брзаме бидејќи имаме уште работи да реализираме додека нѐ ни се исполнат плановите. Ќе морам овие денови да завршам некои други работи и плус сум на работа. Ако сакаме сè да ни функционира, ќе мораме да стрпиме некое време. Многу сум изморена, ќе се слушнеме утре“.

  Се поздравивме и потоа се јавив кај моите родители. Се договорив утре по работа да одам кај нив. На работа следниот ден немаше многу гости во хотелот, а Милан беше друга смена и убаво си поминав. По работа отидов кај моите родители. Ручавме, но јас чепкав по храната. Им реков што се случи со Милан и им кажав дека се разведувам од него. Татко ми ми рече: „Ние веднаш видовме дека Милан не е за тебе, меѓутоа чекавме да видиме до кога ќе трае бракот. Утре ќе побарам адвокат за да можеме да се спасиме од овој човек побезболно. Жалам ќерко што немаше среќа. Се надеваме дека ќе најдеш подобар човек за тебе“.

ОСАМЕНА