Еротски приказни: НАПАД

Добивај вести на Viber

Со многу топлина и љубов ја испративме Исидора на аеродром. Ја избакнавме сите со насолзени очи и ѝ посакавме среќен пат. Кога Исидора се изгуби во толпата патници, солзите почнаа сами да ми капат и да ми се сливаат низ лицето. Таа беше дел од мене и кога и да се разделевме, мене ми се јавуваше истата празнина во срцето.

  По пат до дома, поради обврските на факултет, се договоривме со Кримо, овој период да се слушаме кога имаме слободно време. Влегов дома, ги отворив книгите и учевме со Роза заедно. Приквечерта се јави Исидора. Убаво поминала по пат, а и ги поздрави сите и беше задоволна од престојот.

  Останатите денови ги поминав во учење, на часови на факултет и со Емина, девојката на Аби. Се активирав во студентската организација. Таму се разгледуваа прашања во интерес на студентите, доаѓаа делегации на студенти од разни места во светот. Се одржуваа разни семинари, предавања за правата на студентите, за условите во студентските домови и студентските прифатилишта, дебати за тоа како се одржуваат предавањата во секоја земја, како и за студентскиот стандард.

  Времето ми беше организирано и деновите ми поминуваа побрзо. Со Емина полека се зближивме и со секое гледање ми беше сè поблиска до срцето. Таа живееше в студентски град каде што беше многу раздвижено и имаше студенти од различни делови од светот со кои се запознаваа и комуницираа. Постоеја сали за конференции, библиотека, медиотека со компјутери каде што можеше да се учи и да се истражува. Таа беше при крај со студиите и сакаше кога ќе дипломира, да оди да работи во Хуманитарната организација „Лекари без граници“.

  Една вечер бевме на состанок во врска со пријавите за размена на студенти преку студентската организација. Ми се јави Кримо и ме праша: „Каде е Емина? Заедно сте?“ Гласот му трепереше. „Што се случи?“, го прашав. Кримо полека одговори: „Нè нападнаа истите напаѓачи, тие, наркоманите. Влегоа дома и Аби и другиот братучед ги нападнаа со нож. Сите притрчавме, но беше доцна. Двајцата се ранети и се во болница. Напаѓачите ги сликавме со мобилен и веднаш повикавме полиција. Таа дојде заедно со брзата помош. Брзата помош ги однесе двајцата в болница, а полицијата сега ги бара за да ги уапси. Тие и досега ги имаа повикано на испитување бидејќи имаа доказ, отпечаток од прст од раката на едниот напаѓач. Меѓутоа, сега ќе ги фатат конечно“.

  Му кажав на Кримо дека веднаш ќе дојдеме со Емина и накусо ѝ шепнав на Емина што се случило. Таа се сплетка, рипна од стол додека јас им се извинив на останатите и истрчавме надвор и со првото такси отидовме в болница.

  Пристигнавме за брзо време и го забележав Кримо, кој беше занесен во разговор со двајца инспектори. Емина му се фрли во прегратки и почна да липа. Кримо со солзи во очите ја тешеше дека сè ќе се среди. Таа беше в шок и цело време го молеше Кримо да ја носи кај Аби. Влеговме в болница, но Аби го однесоа на операција затоа што не му прекинуваше крвавењето во рамото. Другиот братучед беше добар, му ги сошиле раните и го однеле в болничка соба.

  Сите седевме во холот. Емина уште плачеше. Еден друг негов братучед, Осман, седеше до Емина. Цело време ја тешеше Емина велејќи ѝдека Аби е силен и здрав и дека ова ќе го помине. Излезе докторот од операциона соба и рече дека операцијата е завршена и дека сè е в ред, меѓутоа треба да се стрпиме до утре сабајле. Се договорија Кримо да си оди дома бидејќи е изморен, а другите останаа додека да се освести Аби, па потоа ќе си дојдат дома.

  На Кримо не му се седеше сам дома. Ме повика и мене. Не сакав да го оставам сам и отидов со него. Влеговме кај него. Тензијата се чувствуваше во воздухот. Седнавме на каучот во дневната и го погледнав Кримо. Едвај дишеше. Беше при крај со силите. Во оваа испитна сесија уште ваков непријатен настан ни фалеше. Пуштив телевизија. Кримо задрема. Не се мрднав за да не го разбудам. И јас бев преморена, ми паѓаа клепките од очите и сами се затвараа.

  Сум заспала. Некаде пред зори заѕвони мобилниот на Кримо. Слушав во сон како разговара. Очигледно, слушна нешто убаво – беше радосен. Мене ме крена од каучот и ме однесе во неговата соба. Ме бакна, а јас му шепнав: „Разбуди ме за еден час“.

  Ги отворив очите и ме разбуди свеж мирис на кафе. Кримо на послужавник ми донесе кафе и лепче. Ја тргнав завесата, го отворив прозорецот и погледнав надвор. Гулаби летаа низ просторот, долу имаше кафулиња и слаткарници и луѓе кои им фрлаа храна на гулабите. „Навистина има прекрасен поглед низ прозорец“, си помислив во себе.

  „Како е Аби?“, го прашав. Очите му се раширија Ја отвори устата и забите бели како бисер му засветија низ собата. „Цела ноќ бил мирен, се освестил, операцијата била добра, немал крвавење. Докторот поминал неколкупати кај него и бил задоволен од неговата состојба“.

  Го погледнав Кримо, беше само по боксерки. Неговото мускулесто тело ме предизвикуваше.

  Без збор, ја спушти главата и стигна до моите усни. Немав време за да се бунам или да кажам нешто, а тој почна да ме бакнува, нестрпливо ги соблече боксерките и набргу беше гол покрај мене. Ја спушташе главата сè пониско и пониско нежно бакнувајќи ме и, по извесно време, го почувствував неговиот јазик помеѓу моето меѓуножје. Мислам дека бев влажна, дури и пред да стигне до него. Се чувствував опуштено и посакувано. Не можев веќе да чекам. Го зграпчив неговиот „орган“ и почувствував колку е див, нестрплив и желен да „влезе“ во мене. Додека го држев и го милував неговиот сладок „орган“, тој го смести лицето на моите гради, повремено грицкајќи ги и бакнувајќи ги. Со усните ми ги грицкаше и ми ги цицаше брадавиците, а јас почнав да треперам од задоволство.

  Ги кренав и ги раширив нозете, а тој веднаш го „стави“ во мене до крај. Уф... тоа беше прекрасно чувство.

СТУДЕНТКА