Еротски приказни: НЕОЧЕКУВАНA ИСПОВЕД

Добивај вести на Viber

Помина доста време, но сѐ уште се сеќавав на она прекрасно чувство што го доживеав кога зачекорив на островот. Спокојството и душевниот мир се стопија како мелем врз мојата душа и ја направија блажена и чиста. Сино-зелената боја на морето ми одговараше на моите фантазии и на моите неизживеани соништа. Ми даваше чувство на исполнетост и енергија.

  Водата и онаа мала вегетација, од која беше опкружена, ми даваа чувство на самодоверба. Можеби лажна, меѓутоа за мене значеше многу удобна заштита од злобата, лошотијата, пакоста, всушност, од каде што дојдов. Мислев дека оваа вода и реткото зеленило се како воена тврдина околу островот. Во основа, чувството на слобода ми беше животен предизвик, ми го грееше срцето и се чувствував како победник.

  Многу време помина од моите лоши денови и мислев дека нема да се повторат никогаш. Но, последниве настани ме извадија од колосек. Лошите настани повторно и неочекувано се повторија и тоа врз моите две другарки со кои моментално се дружев – Ема и Кармен. Во главата имав тешка бркотница и не знам која повеќе беше загрозена. Ема сама падна или некој ја фрли исто како Фис? Што се случуваше, мене ништо не ми беше јасно. Полицијата не кажала ништо досега, а дополнително се случуваа несреќи една по друга, меѓутоа ништо не беше решено.

  Бев омалаксана и повредена, не можев да си ги испружам нозете. Сакав само да избегам некаде и на мир да размислувам. Кармен сакаше да дојде со мене, но не и дозволив. Чекор по чекор одев и целта ми беше само да стигнам до клупата кај малото паркче позади клиниката.

  Воздухот беше свеж, а малубројните цвеќиња мамеа некој да ги допре и да ги помилува за да ја почувствува нивната свиленкаста мекост. Ги галев цвеќињата, се занесов и почнав да разговарам со нив: „Цвеќиња, и вие овде сте на мака, не можете да преживеете на оваа клима, треба да видите во мојот роден крај во какви убави услови виреат цвеќињата. За сè треба среќа“.

  Солзи ми течеа по лицето, но не сакав да ги запрам. Ги оставив да ми се тркалаат по лицето, се надевав дека целата мака ќе ми излезе наеднаш. Колку убаво ни беше дружењето, а сега се најдовме во безизлезна ситуација и мора разумно да делуваме.

  Седејќи сама и гледајќи ги малите висорамнини почувствував длабока носталгија во себе. Ми недостасуваше мојот роден крај, луѓето, дворовите, улиците и планините. Ах, тие високи планини. Заснежени од зима, ни во летните горештини не се топеше снежниот „тепих“. Се собиравме ученици од училиште и одевме на екскурзија. По пат пешачевме по козји патеки, му се насладувавме на свежиот воздух и седевме на ќебиња што ги носевме од дома.

  Тие планини го будеа чувството за мирис, со пчелите што се собираа на најмиризливото цвеќе за да соберат полен и да го претворат в мед. Дрвјата зелени и зимзелени беа украси, а нивните лисја шушкаа под птичките што летаа и ја пееја најбожествената мелодија на светот. Заедно јадевме од храната донесена од дома и цел ден се забавувавме уживајќи во сончевите зраци и природните убавини. Приквечер ќе тргневме и за брзо време стигнувавме дома. Ах, тие убави времиња. Посакав да сум птица, да летнам и да го видам татко ми и другите мои блиски. Но, тоа е само моја фантазија.

  Некој шушна зад мене, ме пресече од моите соништа и ме врати во реалноста. Кармен. Ах, мила моја. Јас ја отфрлив, ми се гадеше од неа, а таа тргнала по мене. Дојде, силно ме прегрна велејќи ми: „Морав да дојдам, да прашам зошто ми  беше многу налутена. Се јави Филип и кажа дека и Ема и сестрата се добри. Ако не паднела Ема врз сестрата, ќе паднела на главата и ќе била мртва. Ема имала среќа да се спаси. Ама, сега кажи ми, зошто ми беше толку лута“?

  Ја погледнав строго и директно почнав да ѝ кажувам: „Кармен, јас дојдов да ве барам со Филип, но ве најдов во секс во тројка. Ја заборавив Ема и ете што се случи. И сега, објасни ми што се случува?“

  Таа ме погледна срамежливо и со отворена уста застана неколку минути и почна да ми зборува: „Јас сум личност која експлоатира секс со двајца мажи. Сакам додека едниот ме милува и ме гали, а другиот да „продира“ во мене. Задоволство чувствувам само тогаш. Најпрво, кога дојдов овде со еден млад стажант имавме врска. Тој не можеше да има секс само со една девојка, но не ми кажа. Една ноќ додека водевме љубов влегол кај нас Џо. Јас не знаев, а тој се договорил со Џо. Џо ми го „ставил“ неговиот „орган“ одзади за да не видам и почувствував огромна сласт и така имавме секс во тројка. Почнаа заедно да ме гушкаат, да ме бакнуваат и додека се свестив веќе влеговме во играта. Додека беше стажантот овде, секое дежурство имавме секс тројцата и се научив на таков начин да водам љубов“.

  Кармен беше црвена и солзи ѝ течеа по лицето. Нервозно ги избриша солзите на лицето, меѓутоа тие понатаму ѝ течеа, но таа продолжи: „Кога си замина тој, Филип почна да ми се додворува. Џо не сакајќи да ме изгуби разговарал со Филип без да знам. Јас мислев дека ќе се тргнам од оваа зависност, меѓутоа Џо му објаснил на Филип без да знам и така продолживме во тројка. По секое водење љубов сакам да одам на психијатар, но ете, никако да соберам храброст и да го прекинам овој синџир“.

  Ја погледнав Ема. Навистина плачеше неутешно. Ми беше тешко за ова нејзина неочекувана исповед и не знаев како да реагирам. Ѝ се обратив малку стручно иако и јас многу не бев упатена во овие работи кажувајќи ѝ:  „Секој човек има дел од себе што е строго доверлив и само тој длабоко во него си ја крие тајната. Но, си можела да ни кажеш. Сепак, интимата е тешка работа. Поврзана е со психата и мора да се консултираш со психолог за да се утврди причината. Меѓутоа, не е во ред кога некој не може да прекине“.

  Потоа, ја фатив Кармен за рака, станав од клупата и ѝ реков: „Ајде Кармен, одиме. Вечерва Ема нека ја преживее ноќта, а утре е нов ден. Ќе мислиме со нови мисли“.

  Станавме и отидовме во собите за да се одмориме и со надеж дека утре денот ќе ни донесе убави настани и убави мисли.

ПРИЈАТЕЛКИ