Еротски приказни: НОВИ ПОЗНАНСТВА

Добивај вести на Viber

Дружењето со Арчи и со Дастин го продолживме во блискиот стриптиз-клуб. За првпат имав покана да отидам во стриптиз-клуб и сакав да видам каков е амбиентот. Кога влеговме, се изненадив од посетеноста и од релаксираниот амбиент. Кај присутните гости имаше и жени, така што атмосферата беше многу френетична и забавна. Дополнително стриперот кога ги фрли гаќичките, еден човек ги крена и Дастин го препозна човекот и радувајќи се истрча кон него.

  Тие срдечно се ракуваа, а Арчи рече: Ааа, еве го Барни! Нашиот пријател. И тој е овде. Сигурно ќе седнат со нас и ќе ве запознаам со него. Еве, уште еден станува со него. Точно имаме уште два празни стола“.

  За кусо време, Дастин со двајцата седнаа на нашата маса. Арчи ги претстави: „Ова е нашиот пријател Барни со неговиот партнер Едо“. Додека се поздравувавме, тие нè погледнаа љубопитно и потоа, Арчи нè претстави како две нивни пријателки, изоставајќи ја клиниката. Не можевме да го продолжиме разговорот од причина што на сцената имаше гласна музика и игра од повеќе стриптизети и стрипери. Барни скришно ме погледна со неговиот мистичен поглед, на што не изреагирав.

  До крајот на вечерта, имаше заедничка разнолика изведба од повеќе играчи – стриптизети и стрипери кои излегоа на сцената. Некои беа полуголи, некои играа во пар, но сите меѓу нив се соблекуваа со огромна страст и галење. „Мора да ја сакаш професијата и да внимаваш на своето тело, да умееш да глумиш и да танцуваш. Не е важно толку за евтини стриптиз-клубови, меѓутоа овде има многу софистицирана публика. Не знам колку се платени“, успеа да изусти Дастин.

  Најмаркантна во изведбата беше една плава симпатична, но ситна девојка. Беше облечена во мал костим за капење во бела боја, целиот пердувест и светкав, што не покриваше многу. Додека се вртеше околу шипката, галеше и соблекуваше двајца крупни стрипери. Тие како играа во такт со музиката, таа се вртеше и прво го бакнуваше едниот, а потоа и другиот. Стриптизетата беше вешта во соблекувањето. Беше подвижна како ластик. Низ шипката правеше разни форми и пози. За кусо време, двајцата останаа само по гаќи, на кои само што не им испукаа набрекнатите „органи“.

  Двајцата ја бакнуваа и едниот ја спушти до крајот на шипката и ѝ ги држеше рацете и ѝ ги лижеше прстите, а другиот ѝ го соблекуваше градникот. Излегоа нејзините мали цврсти гради, со мали брадавици и тој што симулираше држење на раце, почна жестоко да ѝ ги лиже градите и брадавиците.

  Другиот се доближи до неа одзади и прво ја штипеше и ја удираше по газовите и потоа со неговите набрекнати гаќи ѝ се доближи до нејзините раширени нозе. Се залепуваше и се одлепуваше до неа. Таа гласно и копнежливо воздивнуваше.

  Другите околу нив изведуваа стриптиз во парови. Парчиња облека паѓаа и беа расфрлени по сцената. Претставата беше пред крај и верувам дека сите беа заинтересирани како ќе заврши. Наеднаш се смени музиката и нејзините гаќички летнаа кон публиката. Тоа беше крајот на претставата. Таа се качи на шипката, а останатите учесници ги кренаа рацете нагоре приближувајќи се еден кон друг.

  Публиката стана на ноже и сите врескаа: „Браво! Фантастично! Сакаме уште!“ Цела група стриптизети и стрипери се поклони пред публиката со насмеани погледи и заминаа од сцената.

  Останаа уште 15 минути до крајот на работното време на клубот. Арчи и Дастин кажаа дека многупати доаѓале овде и секогаш имало фантастични изведби. Барни се надоврза и му кажа на Дастин: „Сум го поминал речиси цел свет. Сите што работат во стриптиз-клубови заработуваат многу, освен ако имаат некој кој „се грижи за нив и им ги зема парите“. Обично, стриптизетите имаат макро кој навидум се грижи за нив и контактира со муштериите и по работното време им договара состаноци. Парите се многу, меѓутоа ги делат и заработката не е голема. Сите тоа го знаат, но ретко кој излегува од канџите на тие чудовишта“.

  Арчи и Дастин потврдија дека и тие знаат дека е така, но можеби во поуспешните стриптиз-клубови не е така. Или ако газдата е моќен, па не смеат макроата да се мешаат. Посетителите почнаа да стануваат и да си одат. И ние станавме. Барни си замина со Едо, меѓутоа на заминување се поздрави со нас и ми ја стегна раката силно.

  Бидејќи јас и Жизел имавме изнајмено соба в хотел, Арчи и Дастин нè испратија. Се разделивме со ветување дека пак ќе се видиме утре. Се вративме во хотелот. Жизел беше весела, а и јас со неа и во собата зборуваше дека си поминала прекрасно, дека не била излезена многу време и дека оваа промена ѝ била добредојдена.

  Се истуширавме и си легнавме. Спиев немирно. Го сонував Барни цела ноќ. Ме бркал по тие тесни улички, а јас сум бегала. Рипнав од кревет пред да зазори. Бев исплашена и седнав на тераса. Секогаш кога ќе ме фатеше бессоница знаев да го дочекувам изгрејсонцето. Исто и сега. Жизел мирно спиеше, а јас сама седев на терасата.

  Полека почна да зазорува, а јас сакав да го „прегрнам“ изгрејсонцето. Да ги „гушнам“ силно, пресилно, овие први сончеви зраци додека сите спијат и е тивко и мирно. Без врева и викотници. Само шумот од дрвјата и цвркотот од околните птички. Обожував сама да си ги уживам овие моменти, што беа предвесник за денот. Секогаш ми донесуваа мигови на нешто ново, нешто убаво, што ќе се случи во иднина. И чекајќи ги сончевите зраци, се учев да бидам трпелива со времето, животот и луѓето.

  Може уште денес ќе има нешто ново. Што било. Нешто што ќе ми го разубави животот. Само да биде секое утро поубаво од претходното. Барем за мене, моите мечти и соништа.

ПРИЈАТЕЛКИ