Еротски приказни: ОД ДЕТСКА СИМПАТИЈА ДО АВАНТУРА

Добивај вести на Viber

Навидум мирниот викенд ни се претвори во пријатно доживување. Дојдоа Душан, партнерот на Теодора, заедно со другар му Ставре. Ставре ме препозна од детските денови и низ разговор се создаде убава атмосфера. Надворешно не реагирав но длабоко во душата се вознемирив, нозете ми се нишаа и се чувствував како да сум на брод, срцето ми се затрепери.

Каков шок доживеав! Отидов да се одморам на викенд в планина од разните глупости што ми ги приредуваше мојот сопруг и ненадејно ја сретнувам мојата детска симпатија. Кога почнавме да разговараме, тој пред нив гордо се исповеда дека јас сум му била негова симпатија. Се присетив на детството.

Детските години ги живеевме искрено, со чисто срце, имавме симпатии соодветни на нашата возраст и се срамевме од нив кога ќе ги видевме. Ги гледавме со скриен поглед, а ги посакувавме и ги љубевме најмногу на цел свет.

Исто така, и денес, кога го видов Ставре, се однесував спонтано како да не поминало толку време оттогаш. Всушност, се чувствував како да продолжуваме таму каде што сме застанале некаде во детството. Сме пораснале преку ноќ и средбата е нормална.

Кога останавме сами, тој почна да ме милува и ме бакнуваше страсно, а јас се чувствував згрижено во неговата прегратка и сé ми беше нормално

Додека јас се трудев да бидам ладна како да е се во ред кога го погледнав Ставре лицето му беше црвено, очите му блескаа како џамлии. За миг го притиснав кон моите гради и осетив како срцето му биеше силно што за миг помислив дека ќе излезе од градите. Во еден момент, тој започна да ме бакнува уште посилно и похотно.

Неговите врели усни ми го грицкаа увото и ми шепотеа некои љубовни зборчиња. Не се ни обидував да разберам за што ми шепоти но само го слушав неговиот милозвучен глас. Изречените зборови ми звучеа како најубава мелодија. Се чувствував нежно како чаша стакло што само не пукнало.

Ставре со шепот ми предложи да одиме во мојата соба велејќи ми: „Сакам да бидеме сами. Имам желба да те гледам тебе, твоето лице, твоите проѕирни очи и твоето беспрекорно тело. Кога ќе почувствуваш потреба, тогаш ќе бидеме заедно“.

Полека одевме на прсти за да не ги разбудиме Теодора и Душан. Меѓутоа, беше толку тивко и мирно што значи дека тие сигурно заспале во цврст сон. Влеговме во собата и легнавме на креветот. Тишината беше пријатна и нежна. Бевме топли – што од виното, што од евоцирањето спомени што навираа како водоскок и ми го засилуваа уште повеќе копнежот кон него.

  Ми ја поместуваше косата од лицето и ми ги милуваше усните. Не реагирав. Потоа, помина со раката по мојата коса. Ги затворив очите, но ништо не зборував. Продолжи. Ме бакна страсно во образот, потоа во устата, па во челото. Многу внимателно со бакнежите почна да се спушта кон мојот врат. Неговите усни се движеа кон моите гради. Почна да ги бакнува и да воздивнува кажувајќи ми: „Копнеев по твоите гради. Сакав да ги допирам, да ги лижам и да ги бакнувам“. Потоа, почна со прстите да ми ги допира брадавиците и да се приближува со неговото лице.

  Не можев да се воздржам и раката несвесно ми се спушти кон неговото меѓуножје. Му ги откопчав пантолоните. Излезе неговиот влажен „орган“ со голема брзина и рипна право. Тој беше возбуден и цврст, подготвен за водење љубов.

  Ја тргнав раката. Тој почна да ме гали преку гаќичките. Неговиот допир предизвикуваше да се наежам и махинално ги соблеков фармерките и гаќичките. Ми се приближи уште повеќе. Телото му се тресеше.

  Ми ги рашири нозете и гладен за мојата „внатрешност“ полека почна да „влегува“ во мене. Се повеќе и повеќе се засилувавме и почувствував како неговите „топки“ го погодуваат моето меѓуножје до крај. Ми го бакнуваше рамото, ми ја мирисаше косата и нашата спонтана игра траеше долго време. На крајот, не можеше да се воздржи. Топлата и лигава течност му се истури врз мене.

  Излегов од собата и полуоблечена влегов во бањата за да се истуширам. Ставре слезе долу за да спие бидејќи утре рано требаше да одат на риболов.

  Минатата недела слабо спиев, меѓутоа ноќва под влијание на интересните настани и свежиот воздух телото ми се опушти и заспав. Утрото не можев да се разбудам но, ме разбуди Теодора со зборовите: „Добро утро. Полека станувај. Веќе е доцна, те оставив да спиеш подолго“. Се чувствував одморена, и се насмеав, станав, се облеков и слегов долу.

  Излеговме надвор пред куќата. Во дворчето имаше поставено маса и столчиња. Кога излегов и ги видов планините наредени околу езерото, им се воодушевив. Јадевме в тишина. Шумолењето на птиците и езерските бранови го нарушуваа планинскиот молк. Откако јадевме, со Теодора излеговме за да ја разгледаме околината.

  Езерото беше блиску и на два чекора се најдовме до него. Ретките птици летаа врз езерските бранови и ја пееја својата утринска мелодија. Два пара лебеди си ги ширеа крилјата и ја разубавуваа езерската зелена вода. Погледнав нагоре. Видикот беше феноменален небото беше преполно со бели облаци го украсуваа небото и беа ниски што чиниш сега ќе се доближат до земјата.

  Исправени пред мене ги видов грандиозните планински масиви на кои врвовите им беа овенчани со магичен превез од магла што на нивната енергија и моќ им даваа таинствен изглед. Се обидуваа да ми кажат дека се центар на опкружувањето и дека се поиздржливи и посилни од луѓето. Колку војни, битки, тајни средби и заговори тие планински масиви преживеале, колку жртви покриле. На колку луѓе и животни им биле скривници. Но, останале до денешен ден непроменети, чисти, чесни и се уште исправено и авторитетно стојат пред нас и покрај сите премрежја што им поминале.

  Во моментот ја осознав мојата маленкост. Природата дава можност правилно да расудуваме. Огромната планинска синергија се спои со мојата енергија и духот ми се облагороди.

ОСАМЕНА