Еротски приказни: ОСТВАРЕН СОН
Во фантазиите секој од нас има неостварена желба. Случајните средби со непознат човек и продолженото дружење ми биле неостварен сон. Излегуваш да се проведеш забавно без некакви планови и среќаваш непознат човек. Не се познаваш, а само за миг очите ви се сретнуваат. Одеднаш тој покажува интерес за тебе. Сега сонот ми се оствари и се чувствував среќна. Почнав таква врска, дали и колку ќе трае, не ми беше важно.
За мене беше важно што ќе доживеам авантура и ми се исполнува сонот. Некогаш и возрасните иако се зрели луѓе со срушени бариери, сепак, доживуваат ситни, но скапоцени мигови.
Му го знаев единствено името – Барни и знаев дека поседува сопствени фирми, го сретнав случајно и од него добив покана за излегување.
Седнавме на кафе и гледајќи се очи в очи, се видовме двајцата убаво. Тој беше убав и висок, човек со убави црти на лицето. Очите му беа јасни, немаше некоја скриена тајна во нив. Ме гледаше и потоа ми кажа дека сум му се допаднала уште кога ме видел. Искрено, кога се сретнавме во стриптиз-клубот и јас не ни помислив на тоа, а и не го забележав и дополнително беше полутемно. Другиот ден мислев дека е обична покана за кафе и не обрнав внимание, а сега низ разговор го погледнав в очи.
Ми се допадна неговиот мек и умерен глас, погледот во кој немаше нешто скриено или перфидно. Неговите раце ги држеа моите. Ми се допадна и ме импонираше. Надвор на отворено, ме бакна во образи, почна да ми ги грицка ушите, а мене ме опфати магијата на љубовта. Тоа е тој мирис – мирисот на очекувањата, страста, адреналинот и уживањата. Почнав да треперам како лист на гранка. Возбудата ме обзема, а веројатно и Барни, кој беше црвен во ушите и на вратот.
Барни веднаш ми предложи да одиме во неговиот хотелски апартман. Подобро што беше директен отколку да одевме во друга кафеана и пак ќе завршевме кај него. Друга прилика можеби ќе тактизирав, меѓутоа овојпат прифатив со задоволство. Ми се допаѓаше неговата брза постапка, а не да глуми лажен морал. За кусо време стасавме во хотелот каде што престојуваше. Кога се случува некоја покана вака набрзина и тој нема време да ја сокрие лагата.
Влеговме во хотелот. Влеговме во лифтот и веќе бевме сами. Тој почна да ме гушка и да ме бакнува. Излеговме и се најдовме пред вратата од апартманот. Голем и широк апартман. Тој со бакнување ме донесе до креветот во спалната соба.
Неговата рака се лизна кон моето меѓуножје и едвај ја сокрив возбудата од целото тело што трепереше од неговиот допир. Првпат во животот се почувствував сакана од некој кој е покрај мене. Во моите мисли секогаш замислував покрај мене да имам некого кому сум му пожелна, а особено зрел маж како што е Барни, кој го голташе мојот поглед и се препознаваше дека има голема желба да биде со мене. Веќе влегувавме во ноќта, беше зимно време, па брзо се стемнуваше. Ми одговараше темнината што се спушташе врз моето тело, што можеше секој момент да „експлодира“ како ураган.
Забележав дека сакаше да праша нешто, но не знаеше како. На крајот, излезе тивко прашање од неговите врели усни. На увото ми шепна дали сакам со него интимно и заеднички да ги споделиме нашите копнежи. „Да“, му одговорив со многу милост во гласот. „Сакам постари зрели мажи кои знаат како да ме донесат до врвот, а ти си покрај мене и со тебе сакам да сум интимна“, му реков потоа.
Го погледнав – беше целиот црвен во лицето. Продолжив со погледот надолу во неговото меѓуножје и забележав како неговиот „орган“ пулсираше во брз ритам. Беше по боксерки и со едната рака му ги повлеков надолу, а со другата рака му го милував неговиот врел „орган“, што беше „жежок“ и лигав. Се наведнав и со усните му го допрев. Моите усни сами почнаа да му го бакнуваат и да му го милуваат. Тој почна да шепоти, меѓутоа не можев да го разберам. Мојот јазик го полуде и почувствував неверојатен нагон за да „сврши“ во мојата уста.
Ги тргнав усните и ги префрлив на големите две пинг-понг „топки“, а со јазикот започнав да си играм со преминот кон зашилениот „столб“. Потоа, се повлеков и сакав да му се „качам“. Но, тој ме крана како да сум кукла и ме спушти на креветот свртувајќи ме на стомак. Очекував такво нешто бидејќи почна да ми шепоти колку го привлекувам и колку убав задник имам. Тој со големо задоволство ми ги рашири нозете и ми ја лижеше „пукнатината“, допирајќи го и „отворот“. Почнав да се ежам од страст. Не можев да издржам и чаршафите ги собирав со рацете. Посебно задоволство ми ја опфати душата.
Во таа тишина, мир каде што не постоеше ништо освен Барни и јас со многу страст, со привлечна хемија меѓу нас се слушна ѕвонење. Рипнавме и двајцата. Целата магија, создадена за вечерта, падна пред нас. Двајцата се пресековме, а ѕвонењето упорно продолжи и на крај се сетив дека тоа е мојот мобилен телефон, што не успеав ни да го извадам од чантичката. Барни стана и ја зеде мојата чантичка, што остана на масата, и ми ја подаде.
Некако се снајдов и ја отворив чантичката. Додека го наоѓав мобилниот телефон низ главата ми одеше само мислата – што ли се случило. Видов непознат број и ми се пресече стомакот. Веднаш го притиснав копчето за да одговорам.
Од другата страна слушнав машки глас, кој почна да ми објаснува: „Г-а Нада, овде е инспектор Соер. Да знаете дека вечерва се случи нешто. Не знам каде сте, но ние сме веќе во клиниката, дали може да дојдете овде? Мора да разговараме“.
Му потврдив дека за кусо време ќе дојдам таму, а гласот толку ми се тресеше, што не можев да зборувам. Нозете ми се тресеа и седнав на креветот. Барни седна до мене. Полека се смирував и почнав да се смеам: „Барни, ние сме како средношколци, нè фатија на дело“.
ПРИЈАТЕЛКИ