Еротски приказни: ПОЧНУВА РАЗВРСКАТА
Мислите ми беа кај Хуго. И
тој вешто сокриваше. Ако не бев сведок, никогаш не би се посомневала во него. Тие
заедно со Фис беа тешки криминалци. Кој знае од каде им се толку пари и со кои
пари го купиле оружјето. Беа научени да живеат двоен живот. Фис, ако не беше
психопат, никогаш не би ја дознале вистината. Ниту Џино не можев да го разберам
иако години живеев со него.
Не можев да замислам како може некој да се препушти на ваква организација каде што предавството се казнува со смрт. Зошто некој да е одговорен за нечија смрт и како може некој да му пресуди на некого? На Фис му пресудија смртна казна и ја извршија. Многу правдини и чесни се вплеткани во нивните валкани игри. Најзгодно им било да го направат убиството кај Ема и ја вплеткаа и неа, а таа не може здравствено од шокот да се врати во нормална состојба, а дополнително направија обид и неа да ја убијат.
За убиството на Фис ги пронашле на камера нивните силуети како влегуваат и како излегуваат од зградата и така тие го признале убиството на Фис, меѓутоа тие не признавале дека тие ја фрлиле Ема од прозорец. Жал ми беше за Хуго, но правдата е таа. Кој што направил – ќе одговара пред законот.
Мислите ми лутаа насекаде додека седев со инспекторите и го посматрав директорот Руди Кес. Убав човек, меѓутоа беше во години и моментално беше во очајна ситуација. Цело време им повторуваше на инспекторите: „Јас како директор на институцијава не дознав ништо досега. Како можеле сите да кријат од мене и да знаат што се случува, а јас да немам поим. Јавноста сега ќе бара од мене информации. Мора да имам состанок со управниот одбор“.
Неговото бледо лице делуваше многу трагично. Научник од негов ранг не можеше да се снајде во вакви замрсени криминални води. Почнав да го игнорирам бидејќи ми доаѓаше бран на смеење од неговата потиштена појава. Сигурно има напишано оставка и ќе оди кај претпоставените да ја приложи. Додека седевме, се јави Филип и кажа дека Ема е добро и дека ќе мора Кармен вечерва да оди кај Ема. Филип и сестра Анастазија ќе си дојдат вечерва.
Станав да си одам в соба. Меѓутоа, влезе Кармен и кога ѝ реков да оди вечерва кај Ема во болница, таа веднаш го праша директорот дали може и јас да одам со неа. Руди ни кажа: „Одете вие двете, ќе го преземеме вашето утрешно дежурство“. Тој ме погледна и продолжи: „Сериозен сум. Одете и погрижете се за Ема. И така утре ќе дојде цел персонал и ќе правиме целосна визита на пациентите“. Кармен ме погледа значајно, а јас климнав со главата. Пристигнаа Џо и Филип заедно со сестра Анастазија. Рекоа дека на Ема и се вратило малку паметењето. Веднаш, со истата кола нѐ зедоа мене и Кармен и отидовме в болница. По пат и раскажав сè на Кармен.
Кога нѐ виде Ема, топло се изненади. Веќе беше онаа старата Ема. Најверојатно, од падот и се врати паметењето. Срцето ми воскликна од радост. Се воздржував од солзи радосници. Ја погледнав Кармен. Очите ѝ светеа од радост. Ема се сеќаваше и ни раскажа дека некои луѓе ја турнале од прозорец. Лицата им биле покриени со качулки.
Потоа, им раскажав дека инспекторите дознале дека Хуго со уште двајца го турнал Фис од прозорец. Ема врисна велејќи: „Ааа, да! Гласот на едниот ми беше познат! Можно е да беше Хуго!“
Им кажав дека мораме да бидеме претпазливи сите три уште повеќе. Одеднаш Кармен ѝ се обрати на Ема: „Ема, има нешто за мене што не знаеш. Морам да ти кажам една моја чувана тајна“.
Потоа, сè ѝ раскажа на Ема. Исповедта ѝ беше преполна со емоции од еротски доживувања. Очигледно, на Кармен и беше пријатно и убаво секс со двајца. Ема прво се вознемири и мислеше дека ова е некоја уцена од двајцата, меѓутоа кога Кармен почна да ѝ објаснува на Ема дека ужива во водењето љубов со двајцата, таа видно се расположи и почна да се смее.
Во еден момент, ни рече: „Не сакав никој да ја знае мојата тајна, но штом некој те открива веќе не е тајна“, покажувајќи кон мене и продолжи: „Со самиот чин на водење љубов со двајца добивам спонтани струења во мозокот, што не запираат. Едвај чекам да почнеме. Се облекувам предизвикувачки. Со црна или црвена долна облека. Кај мене желбата е пресилна. Тие ме соблекуваат полека, лесно, дел по дел, додека полека се спуштам и брзам кон тој што е поблиску. Едниот ме гушка, бакнува, а другиот оди и ми ги бакнува нозете сѐ погоре и погоре. Ми ги раширува и полека „влегува“ во мене диво и страсно. Другиот го бакнувам, го лижам и цицам сè додека не си ги заменат местата. Обично, започнувам со Филип затоа што создава експлозија од вулкан кај мене. Се чувствувам прекрасно, возвишено, задоволно и еруптивно. Полна сум со енергија и со љубов. Не сакам да ја давам љубовта на еден – тоа ми се врти низ главата. Не сакам да сум врзана со еден човек, а ова ми одговараше барем досега. Го сакам, но тој некако не е сигурен во својата љубов. Целата ситуација не е во ред и мора еднаш засекогаш да ѝ ставам крај“.
Таа ни кажа нам дека многу размислувала овие денови за сите непријатни настани што се случија. Особено, откако се случи моето ненадејно упаѓање кога ги видов заедно како водат љубов тројцата.
Кармен додаде дека уште овие денови планира да ги повика за последен пат двајцата и тоа ќе ѝ било последно. Потоа, ќе почнела да оди на психијатар за да може нормално да се однесува. Единствено што бара од нас двете е поддршка за да се ослободи од оваа непријатна состојба.
Иако не знаевме како ќе се одвива ситуацијата со Ема, бевме сигурни во нејзината одлука да го промени нејзиниот досегашен таен живот.
ПРИЈАТЕЛКИ