Еротски приказни: ПРОШЕТКА В ПРИРОДА
Кога на човек му се случуваат убави моменти во животот, толку е соживеан со нив што не може да замисли дека границата на убавото и на лошото е тенка и многу малку треба да се премине од едната кон другата страна. Доброто и лошото се во ист круг, а животот е вртелешка. Истото и нам ни се случи. Кога човек е млад, а и заљубен, мисли дека светот се врти околу него, а не тој околу светот. Јас и Кримо бевме опседнати со нас, нашата среќа и љубов.
Така помина и студентската година која ни беше лесна, убава, преточена во нашата љубов вткаена со нашите срца во која не ни помислувавме на лоши моменти. Бидејќи се подготвував за дома, Кримо ме изненади со убав престој во планински бунгалов со мили луѓе. Иако беа негови пријатели од прво гледање сите станавме блиски како да се познаваме отсекогаш.
Сем, сопственикот на ова прекрасно место, ми кажа за блиската река. Кримо, се почувствува гордо затоа што престојувал и другпат овде и се понуди да ме однесе. На мојата среќа и немаше крај. Отидовме. Реката беше веднаш зад бунгаловот, со чиста планинска вода. Околу неа зеленило, рипки кои слободно си пливаа во водата, жаби кои го потврдуваа своето присуство со крекање, чапји и дрвца кои весело ја испуштаа својата радост и шумолење од тивкиот ветер кој се пренесуваше од блиските планини. Се забавувавме прекрасно – водевме љубов. По извесно време, слушнавме гласови, смеење, кои беа сè поблиску до нас. Се слушаа гласовите од Ен и Сузи кои ни викаа: „Ајде заљубени! Доаѓајте веднаш! Ќе пиеме кафе! Само што пристигнаа Мајк и Лиза со нивниот џип! Ја носат и гитарата!“ Станавме и им се приближивме.
Кримо праша кои се тие, а Ен му одговори: „Ги познаваш, парот кој пее и свири на гитара“. Кримо радосно климна со главата. Се собравме во бунгаловот. Се запознав и со нив. Мајк и Лиза со Кримо се поздравија срдечно и весело. Разговаравме и пиевме кафе. Подоцна, Лиза почна да свири на гитара. Другите почнавме да пееме. Испеавме многу светски хитови. Сите пиеја и долго во ноќта изведувавме караоке-шоу.
Беше мошне интересно. Всушност, на луѓето им беше потребно да одат некаде да се забавуваат. Во обичен работен ден, сите се бескрајно зафатени. Цел ден трка со времето, по испити, некои како Кримо студираа и работеа. Заборавивме на обврските, на измореноста, ова ни беше вистинско освежување, рај за душата. Забавата траеше до доцна во ноќта. Опуштено пиеја вино и до крај на забавата беа доста напиени.
По забавата отидовме во собите. Кримо уште од врата почна да ме гушка. Почна да го трие од мене неговиот „орган“. Затоа што бев пониска од него, можев да го видам како ја гризе долната усна, додека очите му беа во екстаза – му светеа, што од пиење, што од похота.
И во мојата и во неговата глава, продолжението беше јасно бидејќи уште на крај од забавата бевме запалени. Јас со дланката на мојата рака му го допрев полниот „орган“ и почнав да му го галам.
Ми ги допре брадавиците под маицата, потоа ме зграпчи за градникот и почна да ме соблекува. Предизвика кај мене луда желба и ја стави левата рака помеѓу нозете. Бидејќи ми се чинеше полупијан, се сетив дека ладен туш добро би му дошол буквално го одвлечкав во бањата. Влеговме и со широк млаз ладна вода почнав да го прскам. Тој како да се освести и но желбата му остана и почна со цела жестина да ме притиска кон плочките. Ме заврти кон ѕидот и силно ми ги стегна бутовите. Почна со јазикот да оди надолу и да ми ги гризе бутовите. Се тргнав и се завртев. Почнав да му го лижам полниот „орган“ кој беше набрекнат и цврст. Водата се сливаше врз нас, а јас продолжив со јазикот да му го цицам коренот од неговиот огромен „орган“. Ме фати за косата и длабоко ме втурна кон него. Со устата му го покрив цел и во еден момент почна да шприца врела сперма. Му го видов лицето. Цело му беше црвено, а ушите му беа црвени жар и му гореа.
Кога заврши, се избриша со крпата и отиде да си легне. На излегување од бањата ми рече: „Дора, те сакам и ќе те сакам целиот мој живот. Ти си мојот мит, мојата муза, моето изгрејсонце. Каде и да сме, ако некогаш од која било причина се разделиме, да знаеш дека ти засекогаш ќе бидеш моја и единствена, моја сакана“. Јас се насмеав на овие негови зборови. Не ми беа стварни ни зборовиве за разделба, а камоли да помислам на некаква разделба.
Се средив во бањата и отидов да си легнам. Кримо цврсто спиеше. Отидов на тераса, седнав и ги набљудував ѕвездите што единствено го осветлуваа небото. Беше многу темно, ништо не се гледаше, само се слушаше тивкото ветре што ги нишаше гранките и се слушаше цвркотењето на птиците. Ја оставив вратата од терасата и си легнав.
Утрото се разбудив подоцна. Кримо синоќа прв заспа, а јас денес подоцна станав. Забележав кај огледалото лист хартија на кој беше напишано: „Отидовме да го поправаме моторот. Ти дружи се со девојките“. Се облеков и слегов долу. Тие станале, појадувале и пиеја кафе. Јас им се придружив. Сите ме избакнаа. Ен ми кажа: „Ние пред малку појадувавме. Појадувај и ти, па да отидеме да се прошетаме и да набереме лековити билки за чај“.
Многу се израдував. Јадев набрзина и станав. Другите кога ме видоа колку сум нестрплива, станаа и тие. Ни донесоа конци за да ги врземе билките што ќе ги набереме. Претпладнето се прошетавме, набравме билки и отидовме до блиската шумичка. Таму видовме и печурки, но Лиза нè предупреди дека биле отровни. Прошетката беше навистина корисна. Уште повеќе ги засакав пријателките.
Ен беше многу разговорлива и во еден момент ми кажа: „Дора, со Кримо се знаеме неколку години. Имаше девојка, меѓутоа таа си замина во нејзината земја и не се врати никогаш. Многу беше разочаран и вети дека никогаш повеќе нема да се заљуби во девојка од друга земја, но ете повторно се заљуби. Сега ви посакуваме само здравје и да останете заедно засекогаш“. И другите прокоментираа нешто во тој стил, а јас им ги гледав лицата. Беа добронамерни и искрени. Полека се прибравме под сенките од бунгаловот и се одмаравме чекајќи ги Кримо и останатите да се вратат.
СТУДЕНТКА