Еротски приказни: ПРВИОТ РАБОТЕН ДЕН

Добивај вести на Viber

Фис истрча брзо од собата. Бев згрозена од неговите зборови дека другпат со нас двете заедно ќе води љубов. Си реков во себе: „Прво да се адаптирам и да се запознам со луѓето, со работата, а за друго ќе видиме“. Претпоставив дека некој го викнал и за брзо време ќе се врати. И навистина, по околу половина час, се слушнаа чекори. Влезе и ја тресна вратата од Ема. Почекав да не излезе повторно и полека се приближив кон нивната соба.

  Ема стоеше гола, замотана со крпа, а тој и се доближи. Ѝ ја тргна бањарката и таа падна на земја. Ја фати под пазувите и ја подигна, потоа ја заврте и ја потпре на ѕидот. Си ги спушти панталоните и гаќите, се наведна и го „втурна“ неговиот веќе набрегнат „орган“ во неа. Движењата му беа брзи и силни. Таа беше неподвижна како да беше статуа. По неколку минути, ја фрли на креветот. Тој се заврте спротивно од неа и личеа на поза „69“ и продолжија така уште некое време.

  Не можев да се приспособам на оваа ситуација. Во некои моменти, Ема личеше како да не ја интересира ништо. Сè она што правеше, го правеше вештачки – механички, без чувства. Некако не си одговараа како пар. Нивниот секс не беше привлечен, туку чуден. Ема беше нежна личност, а тој груб – наликуваше на животно.

  Полека се вратив во мојата соба. Го пуштив телевизорот и ги менував каналите. Се обидував да се сконцентрирам, да гледам нешто за да ми помине времето. По некое време, сум заспала од уморот. Ноќта спиев немирно, најверојатно, под импресија на постапките на Фис.

  Сонував страшен сон. Џино ме бркал низ некои тесни улички, баш како оние што ги разгледувавме денес, а јас сум бегала од него. Сум влегла во една подотворена порта и сум се сокрила таму, а тој трчал по улиците и не можел да ме најде. Се разбудив со такво срцебиење, што мислев дека срцето ќе ми излета. Колку само имам страв од Џино. Тој е како дух, ќе ме прогонува уште многу време. Повторно сум заспала.

  Утрото станав, се подготвив за работа. Си ја сакав својата професија, се пронаоѓав себеси и едвај чекав да започнам со работа. Слегов долу на појадок. Ми беше многу симпатична малата кантина. Јадев многу полека, со сласт. Ема дојде и седна до мене. Беше тажна или мене ми се причинуваше така, но не сакав да си го расипувам расположението. Денес ми беше прв работен ден и сакав убаво да ми почне.

  По појадокот, отидовме во големата долга ѕидана зграда, што се наоѓаше зад главната зграда. Во еден убаво среден ходник имаше пријавница со две девојки. Ема се поздрави со нив и замина на своето работно место, а јас влегов кај началникот на одделот. Кога влегов, пред мене стоеше Филип. Тој беше еден од лекарите кој беше вчера со нас во обиколката на островот. Филип ме пречека љубезно. Беше насмеан и имаше топол и мил поглед. Ме покани да седнам со него. Од автоматот зедовме кафе и седнавме да разговараме.

  Низ разговорот ми кажа дека и тој неодамна дошол овде и дека бил задоволен со работата. Ми даде насоки за работа. „Ние сме во одделот за прием на пациенти. Малку е потешко од почеток, меѓутоа, со тек на време, ќе се навикнеш“, ми рече. Потоа, додаде: „Тие доаѓаат и некое време ги третираме како итни случаи додека се навикнат на нивната ситуација. Најважно е да си сериозна и, во истовреме, љубезна со пациентите. Тие се натпросечно интелигентни луѓе, не се обични пациенти. Верувам дека отприлика си запознаена за каков тип пациенти станува збор. Има некои кои се агресивно од почеток и добиваат интрамускулна терапија или инјекции бидејќи одбиваат да пијат таблети. Се надевам дека ќе соработуваме и дека брзо ќе се навикнеш“.

  Јас го одмерив и заклучив дека е добронамерен и дека ќе биде добар соработник. Сакав да му поставам прашања, но тој продолжи: „Цел персонал е сплотен и функционираме одлично. Не смееме да имаме лош однос меѓу нас поради природата на болестите на пациентите. Сега ќе ја повикам болничарката за да ви покаже каде е вашата соба и да се преоблечете. Подоцна, ќе одиме на визита кај пациентите“.

  Овие негови зборови ме утешија и ме успокоија затоа што овие први денови ги поминав гледајќи го Фис, кој со своето однесување ме потсетуваше на Џино. Длабоко во срцето бев разочарана. Едвај избегав од ѕвер, а пак дојдов кај ѕвер. Меѓутоа, разговорот со Филип ми даде надеж дека луѓето се различни –со различен карактер.

  Ја повика болничарката. Таа дојде и ме однесе во една убава соба. Имаше кауч, маса, компјутер, телевизор и други работи кои се потребни за една работна соба од медицинска сестра. На каучот имаше две униформи. Едната ја зедов и ја облеков и за миг се најдов во главната сестринска соба. Таму беа Ема, две сестри и главната сестра Кетрин. Се запознав со нив и веднаш заѕвони ѕвончето и заминавме на визита.

  На визитата ги видов пациентите. На број беа околу триесеттина, кои беа скоро дојдени. „Не е мала клиниката“, кажав на глас. Ема ме слушна и ми шепна: „Има и други пациенти, а некои се овде со години. Има работа“.

  Пациентите љубезно се поздравија со мене. Изгледаа нормално или беа добри под дејство на терапијата. Филип ја водеше визитата и со него имаше уште две лекарки. Со нас доаѓаа и болничарите. Филип ми објасни дека сите мораат да одат заедно на визита.

  Подоцна, стававме терапија, па еден пациент имаше напади. Останавме со Ема подолго во неговата соба. Потоа, ја запишував терапијата. После тоа, ручаа, имавме и ние пауза и подоцна ги носевме пациенти на прошетка и така помина првиот работен ден.

ПРИЈАТЕЛКИ