Еротски приказни: РАБОТИТЕ СЕ ПОПРАВААТ
Инспекторите во разговор ни предочија за организираното бегство од затворот на Хуго и на неговите приврзаници. Нè предупредија да внимаваме бидејќи тие барајќи скривалиште може да дојдат кај нас. Ни кажаа дека направиле проверка во собите и пак ќе направат и затоа нè повикале за да бидеме известени за нивното проверување кај нас, особено во мојата соба. Цел затворски персонал бил ангажиран во потрагата и нè предупредија сè што ни е сомнително да провериме затоа што тие се многу разјарени и опасни.
Ние потврдивме дека ќе се раководиме според нивните упатства. Потоа, им се извинивме и заминавме бидејќи на Ема ѝ беше потребен одмор. Влеговме со Ема в соба, неа ја средивме и јас заминав на работа, а Кармен остана со Ема и се договоривме потоа јас да ја заменам Кармен.
Отидов во болничките соби. Штотуку примија една пациентка. Ја сместуваше сестра Жизел. Многу се радував кога бев дежурна со Жизел. Додека пациентката беше видно вознемирена и плачеше, Жизел цело време ја смируваше и ја тешеше пациентката дека здравјето за кусо време ќе ѝ се среди и за да ѝ го оттргне вниманието ѝ го објаснуваше редот во клиниката. Жизел беше симпатична и пристојна девојка, која совесно си ги извршуваше обврските. Уште кога ја видов за првпат во клиниката, таа за сè што работеше се консултираше и се договараше со мене. Секогаш ме покануваше да одиме в град заедно за да се забавуваме, но јас одбивав.
Денес беше ден за комплетна визита на нашето одделение. Се разгледуваше комплетната хигиена низ клиниката, поплаките од пациентите и пофалбите. Ни јавија на разглас да одиме на визита. Тргнавме по протокол. Прв одеше директорот Руди Кес, па Филип, по него Џо, други доктори, неколку нови доктори, ние сестрите и останат болнички персонал.
Отидовме во неколку соби и ни заѕвони новата пациентка и повторно се вративме кај неа. Таа постојано плачеше. Јас и Жизел седнавме и подолго разговаравме со неа. Ја уверувавме дека со овој престој овде ќе ѝ се поправи нејзината состојба, меѓутоа треба и таа да се потруди и да има доверба во нас и во нашата клиника.
Визитата влезе во собата. Џо им ја објаснуваше на останатите здравствената состојба на пациентката. Филип гледаше бледо и отсутно. Се доближи до мене, а јас немав желба да разговарам со него. Не сакав да го погледнам в очи и тој ме праша дали Ема е добра и јас потврдив.
По визитата, пациентката заспа, а јас и Жизел тивко излеговме од собата и отидовме да се напиеме кафе за да ја искористиме паузата. Ѝ понудив на Жизел да одиме зад клиниката во паркчето и таа прифати. Седнавме на мојата омилена клупа.
Го гледав хоризонтот и им се одушевував на сончевите зраци со златноцрвената боја, што го исполнуваше горниот дел на матните црносиви облаци. Тие ја разбудуваа мојата љубопитност и ми создаваа длабока носталгија, поврзана со тага. Посакував да сум птица и да летнам високо, да видам што се крие зад тие црносиви облаци и да ја решам енигмата што разбудува во мене некои посебни чувства, што не можев да ги дефинирам, но ми беа во душата.
Се расприкажавме и таа ми рече: ,,Те молам, сакам да ти предложам заедно да излеземе викендов. Двајца пациенти кои престојуваа во клиникава, се сеќаваш на нив Арчи и Дастин, сакаат да се видиме. Арчи ми се допадна и мене. Случајно се сретнав со нив и Дастин се распрашуваше за тебе. Ќе останат овде на служба уште некое време. Можеби не е етички да се забавуваме со пациенти, меѓутоа немаме голем избор за ширење познанство“. Ѝ ја раскажав ситуацијата со Хари, но таа инсистираше да ѝ ветам ако е сè в ред да излеземе.
Паузата заврши и се вративме веднаш кај пациентката. Таа уште спиеше. Ги проверивме и другите пациенти и сè беше в ред и отидовме да подготвиме терапија.
Ѝ се јавив на Кармен за да проверам како е. Таа весело ми соопшти дека Ема е добра. Заврши работното време. Отидов кај Ема, беше добра и ми се смири душата. Двата следни дена, до викендот, поминаа мирно и вообичаено. Ема се опоравуваше, а од бегалците ни трага ни глас. Дојде викендот. Им реков за понудата на Кармен и на Ема. Тие се израдуваа затоа што некој од нас мораше да почне со нешто ново.
Саботата наутро ми се јави Жизел: „Нада, мила, како си? Ќе одиме да се забавуваме. Треба да се подготвиме“. Имав мала доза на двоумење, но на крај прифатив.
Отидовме со такси до градот. Бевме на фризер и на козметичар, купивме соодветна гардероба, долна облека и чевли со високи потпетици. Отидовме в хотел, најмивме соба и се средивме. Двете се облековме предизвикувачки со прекрасна долна облека. Јас во црвено, а Жизел во плаво.
Арчи и Дастин нè чекаа во една кафетерија. Кога нѐ видоа двајцата, се изненадија. Не бевме оние сестри кои не знаеја. Нашата раскошност и нашата убавина предизвика значаен поглед и од присутните во кафетеријата. Почнавме обичен разговор. Пиевме кафе и разговаравме за клиниката, па за нашата посветеност и тие кажаа додека се на контрола во клиниката ќе останат овде.
Никогаш се немам почувствувано толку пријатно. Ова беа мажи кои го поминале светот и умееја да се однесуваат со дами. Разговорот беше пријатен и ми се допаѓаше – со шеги, пријатни разговори и смеа. Веќе се стемни. Не помислив на времето. Ни предложија да продолжиме во блискиот ноќен клуб.
Отидовме и седнавме на убава тркалезна маса. Една убава девојка играше примамливо и секси на подиумот. Таа речиси беше соблечена. Ги нишаше колковите во склад со музиката. Го фрли градникот низ масите и отиде до една маса на која седеа двајца постари мажи. На едниот му седна в скут и почна да го гали и да ги ниша колковите. Човекот почна да се поти и се препушти на играта. Таа му го отвори ременот и му ги откопча панталоните. Човекот ги потспушти гаќите и неговиот набрекнат „орган“ рипна како фонтана. Таа седна врз него. Присутните почнаа да аплаудираат.
ПРИЈАТЕЛКИ