Еротски приказни: РАЗДЕЛБА СО МИЛАН
Другиот ден отидов на ручек кај моите родители. Кога
влегов, сестра ми Ангела, која нестрпливо ме чекаше, веднаш ја зеде гитарата и
почна да свири. Таа одеше на курс по гитара и кога ја слушнав, се одушевив
бидејќи свиреше убаво и самоуверено. Тоа ми даде сила да си го отворам срцето
пред моите родители.
Додека траеше ручекот, не можев да голтам, само ја чепкав храната. Чекав моите родители да завршат со ручекот, но и тие не јадеа многу. Се понуди Ангела да ни свари кафе. Таа ме обожаваше и сакаше да живеам со нив како порано и ми угодуваше за да ми докаже колку ме сака.
Седнавме да пиеме кафе. Додека таа ме развеселуваше со нејзиното тинејџерско однесување, јас ја искористив шансата и им ја објавив мојата цврста одлука дека се разделувам со Милан. Ме погледнаа родителите со многу каење. Од очите им се сливаше тага и бес.
Им раскажав што се случи кога се вратив од викенд. И ним им ја раскажав истата приказна што ја знаеше Милан, дека со другарка ми која има куќа на езеро отидовме да се одмориме. Потоа, продолжив да им објаснувам: „Кога се вратив дома, имав што да видам, куќата беше претворена во бордел. Не можев да ги избркам затоа што никој од нив не беше свесен – сите беа пијани и дрогирани“.
На мајка ми ѝ се насолзија очите, а јас не ја погледнував бидејќи солзите ми беа под клепките и продолжив тивко да раскажувам: „Морав да повикам полиција за да ги заплаши да си заминат од мојот дом. Им зедоа изјави и потоа со нив замина и Милан затоа што и тој не беше свесен што се случува. Но, имаше многу гнев кон мене, а беше в кревет со некоја жена што работи како послуга во хотелот каде што сме вработени. Тоа е крајно понижувачки кон една жена, а особено што сме венчани маж и жена“. Морав да им раскажам сè за да имаат појасна претстава за настанот.
Татко ми ми го потврди истото што ми го кажа по телефон: „Ние видовме дека Милан не е за тебе, меѓутоа не сакавме да ви правиме проблеми. Утре ќе побарам адвокат за да можеме да се спасиме од овој човек побезболно. Сè ви помогнавме за да имате солиден живот. И наследството што го добивте ви е дадено да поуживате, а не да се растура“.
Мајка ми го дополни: „Ние сме традиционална фамилија и со полно срце и љубов сакавме да ви обезбедиме подобар почеток на вашиот заеднички живот. Знам колку се трудиш на работа да се усовршиш, но најди време ,научи да возиш и земи си ја колата. Таа е твоја“.
Моите родители во овој тежок момент на разочарување делуваа отмено и достоинствено, а и сигурно немаа желба пред мене и пред Ангела да реагираат поинаку. Нивниот совршен брак беше заснован на многу доверба, почит, меѓусебно разбирање и љубов. Двајцата имаа многу заеднички особини. Беа одмерени и присебни. Разговорот продолжи во доцните часови.
Ангела инсистираше ноќта да останам да спијам дома – таа ќе ми свирела гитара и ќе сме пееле заедно за да се расположиме. Ѝ реков дека ќе останам, дека сум многу изморена и дека ми се спие. Всушност, си легнав и сакав да си ги средам мислите.
Ете љубовта што прави. Се заљубив и не мислев дали Милан ме сака и како се однесува со мене. Сега кога занесот се олади, сфаќам дека сум живеела во опсесија или во лага. Во мојата љубов постоеше верба во неверојатно. Кога престанав да си замислувам, сфатив колку недостатоци има Милан, а ако направам споредба помеѓу Ален или Милан, таа разлика е земја и небо.
Милан не е достоен за мојата љубов. Ален сѐ уште не го познавам, меѓутоа овој викенд добив надеж дека постојат и мажи кои ги почитуваат жените. За да сакаш некого, треба, првенствено, да се сакаш и да се почитуваш себеси. Милан ни себеси не се почитува, а другите, пак, воопшто. Нема Милан капацитет за љубов. Љубовта бара сила и моќ, а Милан ги нема тие доблести. Треба да имаш добрина во себе и големо срце за да го делиш моментот, денот и животот со некого.
***
Се најдов в дрвена куќа. Околу куќата се нишаа палми по тивкото ветерче, а сонцето силно ги пуштило сончевите зраци. Бев со некого. Сонцето ни ги сушеше грлата, бевме жедни и пиевме ладно пиво. Не можев да му го видам лицето, но срцето ми беше весело. Скоро трчајќи отидовме на плажа. што беше недалеку од куќата.
Од пивото сѐ ми беше како во магла. „Премногу испивме, затоа главата ми беше матна. Јас никогаш не пијам пиво“, си помислив во себе.
Двајцата бевме во костим за капење. Лицето му го гледав, меѓутоа не можев да го распознам. Ме фрли на песок. Моите раце се префрлија на неговите колена и одеа сè погоре. Се обидував да му го ослободам „органот“, што само не излегол. Тој се обидуваше да навлезе во мене, но поради пијанството, не можеше да ја погоди „дупката“ во која требаше да влезе.
„Застани!“, му реков и одлучив во тој момент да ги земам работите во свои раце. Му го зграпчив „органот“ и сакав да го ставам до крај. Песокот ме прободе во грбот и во тој момент почувствував дека има песок и на неговиот орган. Додека тој немилосрдно се обидуваше да влезе внатре во мене, неговиот „орган“ неколкупати падна на песокот и се заглави таму.
Почувствував дека ми стави песок и си го стружеше на вагиналните ѕидови. Тоа ми создаде да ми биде потопло. Ги кревав долгите нозе нагоре, убаво сместувајќи му го неговиот „петел“. Му го преместив „органот“ од едниот агол на мојата вагина во другиот.
Ритмички треснав. Го возбуди. Ми ги грабна отечените гради и почна дивјачки да ги стиска. Гласни воздишки се ширеа низ целата плажа. Се смирив затоа што имав претчувство дека е близу до кулминацијата. Не згрешив, следеа сѐ посилни и посилни удари еден по друг додека неговото тело се тресеше.
На моменти ми се чинеше дека пичката ми пука како балон од силниот притисок што удира во неа...
ОСАМЕНА
Поврзани вести:
Еротски приказни: РАЗДЕЛБА СО АЛЕН
Еротски приказни: НА ЖИВОТЕН КРСТОПАТ