Еротски приказни: СЀ ШТО Е УБАВО КРАТКО ТРАЕ

Добивај вести на Viber

Со Ален слеговме на појадок. Немав чувство на глад, но повеќе уживав во моментот. Јадев цереалии со млеко и пиев бело кафе. Времето беше тмурно, темно и само што не заврнало. Гледајќи го тмурното време, се двоумев дали да го посветиме на разгледување споменици и паркови или да се качиме во собата.

Ален беше поупорен од мене и немаше намера да се откажеме: „Никој не може да ни го упропасти денот, а најмалку дождот. Дождот е минлив, по пат ќе купиме импрегнирани мантили за дожд и ќе уживаме. Денес ќе одиме да прошетаме низ градот, да видиме места што нема можеби да ги посетиш никогаш. Ќе разгледуваме и ќе седнеме да ручаме и да се релаксираме. Не брзаме никаде и се надевам дека ќе си поминеме прекрасно“. Ми ја стискаше раката сакајќи да ми влее сигурност и доверба. Неговите продорни очи посебно ми влеваа душевен мир и спокој.

Двајцата прегрнати, тргнавме на прошетка. За кусо време мојата насмевка трепереше на свежиот и ладен воздух. Над мене висеше небото, а над него се раздиплиле сини, бели и сиви облаци. Сонцето се бореше со упорните облаци, расфрлајќи ги своите златни зраци наоколу, правејќи златна пајажина што не опкружуваше, меѓутоа не можеше да ги победи облаците. Пешачевме низ уличките што беа многу убаво аранжирани со мали клупи за одмор и цвеќиња.

Почна да роси дожд како од сито. Калдрмите се освежија, плочките засветеа. Имаше многу културни споменици што беа сведоштво на едно време и сѐ беше складно и пријатно направено и сѐ се вклопуваше едно со друго.

Не шетав низ околината туку летав. Се топев под врелите раце на Ален. Ги впиваше во мене неговите меки усни и кога и да ме бакнеше чувствував благост и трпки по целото тело.

Потоа влеговме во комерцијалниот дел од градот. Сакаше да ми покаже каде работи, но гледајќи нагоре под влажните плочки јас се спрепнав и речиси паднав. Ги скинав хулахопките и чевлите. Отидовме во еден дуќан и се снабдив со нови. Бевме блиску до неговата работа и Ален ми кажа да отидеме таму за да се средам. Ме однесе на работа.

Имаше човек од обезбедување кој беше многу коректен. Се качивме горе и се изненадив од тоа колку беше убаво и вкусно наместено. Мали канцеларии преградени со пластичен материјал што изгледаше како ѕид, биро, стол и шкаф. Бирото беше празно бидејќи компјутерот беше на една повисока преграда. Ги соблеков хулахопките и со влажни марамчиња почнав да ги бришам валканиците од падот. А и тој се понуди да ме избрише.

Ме качи на бирото и почна да ме брише. Меѓутоа, ние секунда да останевме сами ќе се погледневме и веднаш почнувавме да се галиме. Ми ги галеше нозете и потоа со влажни марамчиња ги поминуваше. Како поминуваше, така трпки ми лазеа по телото. Ми ја масираше ногата. Искрено, ногата ми беше здрвена од падот и по масирањето почнав да ја движам. „Ален, изгледа добар масер си“, му реков. „Да, Каролина. Еден период одев на курс за физиотерапевт и бев доста успешен, но немам време да работам две работи“, ми одговори.

Подоцна, полека се движеше кон моите нозе сѐ погоре и погоре. Потоа, полека го стави неговиот „орган во мене“ до пола. Ме дразнеше многу и јас „влегував како со сврдел во него“ и „си додавав“ колку ми требаше и го ослободував неговиот „орган“ со лесни движења. По неколку минути ја смени позицијата затоа што беше премногу напред и можеше сѐ да испрска пред нас.

„Седнав врз него“ и тој почна малку да се ниша. Воздивнав и навистина уживав во тоа – беше прекрасно. Го „ставив“ длабоко во мене. Почна да се крева нагоре и надолу – тоа ми даваше задоволство. Не по долго време, почувствував како се забрзува со посилно стенкање – тој почна да свршува! Му се придружив со крик на уживање и се споија нашите души и тела. Спонтан, но тоа беше мојот најубав секс со него досега.

Слушнавме чекори и јас веднаш отидов во бањата за да се средам. Слушнав машки глас и претпоставив дека е некој колега на Ален. Напнатоста ми попушти и се средив, ставив шминка, се преоблеков и се појавив во канцеларијата на Ален. Ален ме претстави и не запозна.

Тоа беше Сем. Беше многу љубезен и Ален пред него беше многу природен. По очите му се познава на човек дали има добрина во него или е лош. По разговорот со Сем заклучив дека се блиски со Ален. Слеговме долу и седнавме во малото бистро и пиевме кафе. Убаво ми дојде разговорот со Сем. Ме прашуваше за мојот град и јас го поканив да не посетат заедно со Ален. Кога некој е многу внимателен и добар, целата енергија се преобразува во добрина и обратно. По кафето, Сем се извини и замина.

Јас и Ален тргнавме со такси кон нашиот хотел. Дождот што врнеше делуваше носталгично и патем залади. Како и да е, ние претпладнето профитиравме од времето, меѓутоа, сега, се враќавме во ресторанот за да се преоблечеме и за да ручаме. Попладнето ќе одиме на железничка станица и ќе си одам.

Ах тоа време. Кога доаѓав, мислев два дена се премногу, но беа ептен малку. Колку и да седев ќе ми беше малку. Ручекот го сервираа внатре во една свечена сала каде што се свиреше тивка музика, а целата сала беше преполна со цвеќиња.

Ален слезе пред мене, а јас облеков фустан со гол грб, што ми стоеше навистина убаво, наметнав еден свилен шал и слегов. Кога ме виде Ален, не можеше да ги одвои очите од мене. Ручавме многу убав традиционален ручек. Танцувавме заедно. Подоцна, се качивме горе и се одморивме. Доцна попладнето тргнавме кон железничката станица.

ОСАМЕНА