Еротски приказни: СО МИЛИ ЛУЃЕ СЕКАДЕ Е УБАВО

Добивај вести на Viber

Кога дојдовме, се договоривме ручекот за нас да се сервира подоцна, за да се одмориме. Јас и Кримо водевме љубов, се средивме и слеговме долу. Им кажавме на келнерите дека ќе ги чекаме и другите. Тие беа многу љубезни и за да не ни биде пријатно, нè седнаа надвор под сенка на една голема маса. Рекоа додека ручаме, да се насладиме од чистиот и свеж воздух и ни донесоа чаша природен сок од боровинки.

  Беше тивко и мирно. Се слушаше жуборење на вода од близина и крекање на жаби. Одеднаш, се паркира пред нас еден постар џип. Од него излезе плав, висок човек и кога го виде Кримо, се израдува: „Ова е Сем, сопственикот на овој прекрасен бунгалов!“ Тој радосно ни се приближи, нè поздрави и седна со нас.

  Започнаа со шеги и со смеење и по разговорот заклучив дека се блиски. Кримо му објасни за инцидентот со моторот. Сем кажа дека ќе го побара мајсторот што ним им ги поправа колите и моторите, да праша кога е слободен за да се поправи моторот.

  Кога повторно слушнав крекање на жаби и жуборење на вода, почнав зачудено да се вртам и Сем ме виде, се насмеа и ми рече: „Овде природата е дива, заносна. Кој дошол еднаш и видел, а особено ако престојувал два-три дена, повторно се враќа. Ќе ја разгледаш околината и ќе кажеш за твојот впечаток. Веднаш зад ритчево има мала рекичка. Отидете заедно со останатите, прошетајте за да ја видете“.

  Додека разговаравме, дојдоа Ен и Сузи со Том и Роби и седнаа на маса. Беа одморени и весели. Кога нè видоа, очите им засветеа од среќа. Седнаа и започнаа со шеги, почнаа да евоцираат спомени од минатогодишните доаѓања. Рекоа дека следниот пат ќе ги соберат сите оние со кои се дружеле досега во оваа прекрасна дивина и дека ќе одржат мала забава. Јас уште сега се радував на ваквата дружба и веднаш се замислував дека сум присутна. Сем се извини и стана.

  За тоа време дојдоа келнерите и донесоа за предјадење топено сирење во тава, печурки во сос од дивеч со печени компири, салата и домашно лепче. Почнавме да јадеме. Беше превкусно. Кримо седеше до мене и цело време ме прегрнуваше и ме хранеше. Ми сечеше парчиња од месото кои се топеа в уста. Сите неколкупати биле овде и добро го познаваа и менито и околината. Додека јадевме. дојде Сем и рече дека ќе дојде мајсторот и дека ќе го поправи моторот.

  Ручавме во пријатна атмосфера и веднаш потоа станавме. Кримо беше нетрпелив да одиме за да ја видам рекичката пред зајдисонце. За две минути бевме таму. Се вчудовидов од глетката. Никогаш не сум верувала дека ќе видам вакво нешто. Околината беше пурпурно црвена.

  Водата беше мирна и имаше бранови на оние места каде што имаше мали карпи. На тие места, проѕирната вода се пенеше и во милијарда капки се преливаше правејќи многу водопади. Некои жаби крекаа во водата или летаа над малкуте чапии. Се чувствуваше свежината на вечерта што доаѓа. Под нејзино влијание се чувствував прекрасно покрај рекичката. Нејзиниот мир ми се совпаѓаше со мојот и се чувствував како да сме стари добри пријатели. Ги „потпирав“ очите на нејзините големи зелени брегови и посакав вечно да уживам во нејзината убавина.

  Молчев не сакајќи да го уништам овој прекрасен миг. Кримо ми ја разбра желбата и само молчеше за да не го прекине мојот занес. Пејзаж што воодушевува и инспирира, а тој го имал досега многупати почувствувано. Сончевата топка стануваше сè помала и нејзината пурпурна боја почна да се менува во виолетова, опколена со небесно темна боја од малите облаци кои ја покриваа сè повеќе и повеќе.

  Сакав да уживам во оваа дива убавина Очите ми беа широко отворени. Сакав ништо да не ми го прекине овој душевен мир, но колку времето побрзо минуваше, јас уште толку сакав никогаш да не се стемни, но природата си го правеше своето. Почна темнината да го зазема престолот од денот.

  Кримо почна да ме гушка. Ми годеше неговата љубов, љубовта што ми ја даваше искрено и несебично. Не знам како се однесувал досега и дали имал некоја пред мене, но во едно бев сигурна – дека премногу ме сакаше. Во оваа наша безвременска и безгранична љубов каде што сè функционираше беспрекорно, ми недостасуваше нешто... беше многу таинствено тоа нешто... кое набргу ќе го дознам, но во тие не многу далечни моменти се е нестварно и сите настани ги гледаме од друг агол.

  Кримо почна да ми ги милува усните со зборовите: „Ах Дора, ќе заминеш далеку и нема да се видиме долго време“. Го тешев велејќи му дека на есен пак ќе дојдеме и дека ќе биде како сега.

  Ми ги бакнуваше усните, па потоа и рамената. Го фатив со рацете за лицето и почнав страсно да го бакнувам. Која привилегија ја имавме. На дива плажа бевме сами двајцата, го пречекавме зајдисонцето и го дочекавме почетокот на ноќта. Кримо почна да ми го откопчува градникот. Потоа, ми ги бакнуваше белите и цврсти гради. Погледнав надолу и неговиот „орган“ беше набрекнат и подготвен. Ми ги соблече кожните панталони. Останав по гаќички.

  Почна полека да ми ги соблекува гаќичките – мераклиски. Започна да ми ги бакнува бутовите. Се навлажнив целата и тој ме подигна, ме „стави“ на неговиот скут и неговиот набрекнат „орган“ „влезе“ во мене. Нашите тела се нишаа во ритам на тивките бранови. Двете тела се споија во една душа. „Влегуваше“ и „излегуваше“ во мене силно и еруптивно. Заедно ни се згрчија телата. Почнавме да се тресеме. Откако „завршивме“ долго лежев во неговата прегратка.

  По извесно време слушнавме гласови, смеење, кои беа се поблиску до нас. Ни викаа: „Ајде заљубени. Доаѓајте веднаш. Ќе пиеме кафе. Дојдоа едни пријатели со џип донесоа и гитара“. Станавме. Тoa беа Сузи, Ен и Том. Станавме и се приближивме кон нив. Кримо праша кои се тие, а Ен одговори: „Мајк и Лиза. Ги познаваш Кримо, тие кои пеат и кои свират на гитара“. Кримо климна со главата.

  Се собравме во бунгаловот. Се запознав и со нив бидејќи со Кримо се запознаа и се поздравија срдечно. Разговаравме и пиевме кафе. Подоцна Лиза почна да свири на гитара. Другите почнавме да пееме. Се забавувавме доцна во нoќта.

СТУДЕНТКА