Еротски приказни: СРЕДБА СО СТАВРЕ

Добивај вести на Viber

Престој во куќа близу езеро со сите природни убавини се поистоветува со слобода на телото и на душата. Грандиозен спокој на срцето што секогаш се бунтува од прегласната и метежната градска врева. Секој градски жител би посакал релаксиран викенд за да се одмори од работата, состаноците и ред други обврски што секој ден му се појавуваат.

  Додека во градот сме во целосна трка со времето, овде, во куќичкава, почнав да дишам со полни бели дробови. Телото ми се наполни со свеж воздух. Неколку часа престојувавме, но ми се чинеше како да сме биле со години. Откако дојдов во ова место, заборавив на сите што ме напнуваа, вознемируваа и за кои се грижев.

  Езерото со околината заедно се вклопуваа и беа вистински предизвик за да седам надвор и да ѝ се воодушевувам на оваа дива убавина. Се надевам дека утре ќе поминеме повеќе време надвор за да ја запознаеме околината.

  Душан беше партнерот на Теодора, а Ставре беше нивен пријател. Привлечен емпатичен млад човек, кој откако ме запозна, не ги тргна очите од мене. Тие негови темносиви очи што делуваа како да кријат некоја огромна тајна, ми го демнеа секое мое движење. Ми беше непријатно да го погледнам бидејќи чувствував дека тие очи ме впијуваат.

  Кога влеговме во куќичката, се распакувавме и си ја наместивме масата за јадење. Седнавме да јадеме, меѓутоа, се јавија Душан и Ставре и ги почекавме заедно да јадеме. Јадењето на сите им се допаднаа и потоа седнавме да пиеме кафе околу каминот што веќе беше разгорен и ја дополнуваше со топлина и онака пријатната атмосфера што го исполнуваше просторот.

  Кога ни се сретнаа очите со Ставре, се сетив на училишните клупи и на безгрижните младешки години. Бевме искрени, наивни и воспитанието ни беше хумано. Како поминуваа годините сè се изгуби. Остана само сјајот на очите за едно убаво време што имаше некој продолжен никулец ветувајќи дека ќе се прошири во убав изданок. Којзнае.

  Се шегувавме, пиевме кафе и подоцна Теодора донесе сортно вино од подрумот. Тури в чаши и голтка по голтка шишето се празнеше, а ние си ги разврзавме јазиците. Разговаравме, се смеевме и по извесно време Теодора и Душан се прегрнаа и си шепотеа меѓусебно.

  Ние со Ставре продолживме да си евоцираме спомени за другарството, симпатиите, училиштето и полека се опуштивме. Детството е незаменлив период во животот и постојат толку носталгични спомени што може со денови да се дискутира и да се разговара, а особено со некој со кој си поминувал дел од времето заедно.

  Од реченица на реченица преминавме во поинтимен разговор. Ставре ми кажа дека имал брак со развод и имал тригодишно дете по име Микаел. Ми покажа слика на едно прекрасно плаво дете со златна коса. Бев одушевена од убавината и харизмата на малото дете и му реков на Ставре: „Микаел е како принц“.

  Значи не сум осамена во моите брачни проблеми – и другите имаат такви проблеми. Јас на накусо му објаснив мојата моментална брачна состојба. Ставре полека се приближи кон мене и ми кажа: „Не очекував дека денес ќе се најдеме овде. Навистина се изненадив. Сите убави настани во животот се случуваат непредвидливо“.

  Јас не му изреагирав ништо на ова. Бев разочарана од сите. Го нема Ален да се јави веќе неколку дена. Досега тој се јавуваше по неколкупати на ден. Милан веќе не постоеше за мене. Вложив многу емоции и труд, посветив многу време и на двајцата. А како жена доживеав огромен неуспех.

  „Оставам на времето. Сега сум во оваа убава куќичка и ќе мислам на сегашноста – на моментот. Ќе се забавувам. Друштвото ми одговара и добро ми дојде промената. Ќе ми се разбистрат многу нешта обвиткани со таен превез, особено во однос на врската со Ален“, си помислив во себе.

  Не забележав дека Душан и Теодора ги снемало. Сигурно се повлекоа во собата на Теодора. Останавме сами. Ставре се повлече кон мене. Со прстите почна да ми го милува лицето и ми рече: „Ми беше голема симпатија и на мене и на сите машки од класот. Бевме мали и не сакав да ти признам. Не те ни погледнував, срам ми беше и бегав од тебе. Мислев дека си недостижна и недопирлива“.

Почнавме да се смееме двајцата и му кажав: „Знаеш дека и ти мене ми беше симпатија? Многу сакав да те видам, а ти ми бегаше. Мислев дека сум грда и дека не ти се допаѓам. Колку сме биле искрени и чесни!? Тоа беа чисти и наивни симпатии, вистинска љубов иако детска чиста како солза, а сега сме изгубени.

Некогаш сме изгубени во животниот виор. Очекуваме и партнерите да ни бидат исти како нас, но всушност, секој човек е со различен карактер и постои неприспособеност на карактерите“.

Мојата привлечност кон Ставре и неговата привлечност кон мене сега само продолжи. Привлечноста демнее и многупати извира од длабочината на срцето каде што била заклучена со години, а клучот стои некаде и во одреден момент сам си ја отклучува бравата.

Ставре почна да ми ги гали очите. Ми ги милуваше веѓите и челото. Потоа, ми се приближи кон усните. Со врелиот јазик ми ги облизнуваше усните. Ме бакна полека, наивно и детски. Кога го видов зацрвенет во лицето, не можев а да не се насмеам. Ставре ме прекори велејќи ми: „Не е смешно. Се вратив некаде во детството кога за мене беше прескапа порцеланска кукла што секој момент ќе се скрши. Денес мозаикот се склопи. Мојата риболовна авантура ми донесе среќа“.


ОСАМЕНА