Еротски приказни: СТРИПТИЗ
Антонио нè покани на забава по повод враќањето на Исидора во родниот крај. Сите ние од пансионот, заедно со Кримо и Стипе отидовме на забава кај него. Кога влеговме во неговиот стан, бевме изненадени од пространата дневна соба, која беше модерна и луксузна.
Освен ние десетмина заедно со Стипе и Кримо, имаше пристигнато тројца пријатели, кои ги запознал месецов. Тоа беше Давид, со кој заедно работеа и Кетрин и Џо, пријатели на Давид. Антонио чекаше да дојдат двајца свои сограѓани, кои живееја во соседната зграда – Итан и Оливер. Кетрин и Џо ја започнаа вечерта со музика и со стриптиз. Со нивната изведба на стриптиз и соблекувајќи се останаа по гаќи. Да биде поефектно, Антонио ги изгаси ламбите.
Само свеќите гореа давајќи ѝ на просторијата загонетен изглед. Исидора која што откога дојдовме цупкаше со нозете, не можеше да се воздржи и стана и го повлече за рака Антонио. Започнаа да играат. Со нејзиното прекрасно тело сите ги одушеви. Телото ѝ беше прекрасно, градите ѝ беа како две свежи јаболка и ѝ стоеја цврсто и испакнато, а маицата која ѝ беше без прерамки, само со деколте, ја правеше уште поубава. Таа го прегрна и почна да му ги бакнува носот, лицето и вратот. Извивајќи се по ритамот на музиката го вртеше Антонио, кој не можеше да игра во такт, туку рипаше околу неа како скакулец.
Телефонот што го имаше ставено во задниот џеб почна да му ѕвони и не престануваше. Застана да види кој е и викаше неартикулирано и потоа застана и важно ни кажа :„Еве сега. доаѓаат двајцата мои сограѓани“. Тој кога застана да види кој го бара на мобилен, Исидора не престана, туку сама продолжи да игра.
Давид како вистински џентлмен, стана и ја фати Исидора за раце и продолжија да играат, а Исидора ова многу ја импонираше и се најде во прегратките на Давид. Нивната игра беше далеку позаводлива од таа со Антонио. Тие почнаа во ритамот на музиката да се вртат, да играта страствено, копнежливо и со некој заводлив такт се вртеа по ритамот низ целата дневна соба. Првпат се видоа, но ако некој не го знае тој факт, би помислил дека многупати настапувале заедно.
Ги погледнав другите, делуваа изгубено. Ова требаше да биде една обична проштална забава, а се претвори во сосема спротивното. Искрено, се загрижив дека којзнае што ќе се случи до крај на забавата. Избегнував да го гледам Кримо бидејќи седеше до мене, а по неговото забрзано дишење, знаев дека е изнервиран.
Кримо во еден момент ме погледна и ми шепна:„ Што се случува овде? Ова личи на претстава во ноќен клуб, односно во стриптиз-бар. Сакал да направи забавна атмосфера, но на ваков начин нема да успее. Не се познаваме, не сме блиски и не може да се воспостави рамнотежа во ваква интимна атмосфера затоа сите сме многу напнати“. Не му одговорив ништо.
Заѕвони ѕвончето од влезната врата. Антонио истрча на врата. Се слушна смеење, восклик. Влегоа пријателите на Антонио, Итан и Оливер и почнаа театрално да се поздравуваат. Меѓутоа, изгледа увидоа дека триумфот за забавата нема да им припадне ним и седнаа до Ен и Габи. Се запознаа со нив, разговараа и потоа станаа и играа. Им ги забележав лицата на Ен и Габи, кои им зрачеа благо пријатно.
Кетрин и Џо ја продолжија својата изведба поатрактивно во гушкање, бакнување и лижење. Исидора, исто така, со Давид се обидоа да ги имитираат Кетрин и Џо. Започнаа полека, но како времето поминуваше нежно, беа притиснати еден до друг. Многу дива еротика избиваше од нивните допири. Вртејќи се низ собата, Исидора му откопчуваше копче по копче од кошулата и на крај му ја соблече фрлајќи ја како ласо. Се покажа мускулестото тело на Давид, кое изгледаше како да беше создадено за да биде стриптизер, а може и да беше. Како ги вртеа телата околу нас сè повеќе, размислував дека овие тројца вечерва кои ги донесе Антонио, не се аматери, кои сега се учат, туку овие се професионалци – таа стриптизета, а тие стриптизери.
Во собата имаше еден тенок столб. Со играње се приближија Кетрин и Џо кон него и буквално го опкружија и почнаа да имитираат секс на столбот. Таа беше пред него, а тој зад неа и имитираа водење љубов. Додека тие двајцата ја изведуваа вешто и самоуверено нивната точка, Давид почна да ја прегрнува и да ја гушка Исидора.
Во еден миг ѝ ја турна маичката и се покажаа нејзините голи гради. Сите се вчудовидовме. Антонио наеднаш избувна, а Давид набрзина ѝ ја врати маичката назад, но веќе беше предоцна. Антонио се доближи до него и го фати за вратот. Почна да вика неартикулирано: „Што е ова?! Престанете! Не те викнав за да ми ја „преземеш“ девојката! Ти не си научил да се дружиш! За вас забавата заврши, одете си!
Кетрин и Џо, кои беа како во транс, едвај се освестија и почнаа да прашуваат што се случило и побрзаа да си ја најдат облеката, која беше расфрлана низ собата. Давид почна перфидно и безобразно да му смее в лице на Антонио. Антонио уште повеќе се разгневи и почна уште повеќе да го притиска и го удри со глава. Кримо, кој дотогаш ги следеше со внимание движењата на сите, стана и почна да ги разделува. Но, Антонио не попушташе и му удри шамар на Давид. Давид сакаше да возврати, но Кримо го фати за надлактицата. Со ногата го „шутна“ Антонио, по што тој врескајќи падна на под.
Станаа Итан, Оливер и Стипе, се вмешаа и конечно ги разделија. Кримо им предложи да заминат веднаш за да не се направи поголем проблем. Кетрин, Давид и Џо си отидоа целите црвени во лицата и целата облека им беше неуредна.
СТУДЕНТКАПретходната исповед ја имате тука