Еротски приказни: СТРИПТИЗ-КЛУБ

Добивај вести на Viber

Ја прифатив понудата на Жизел да излеземе заедно со Арчи и со Дастин. Се двоумев, но на крај прифатив. Ги познавав двајцата. Тие беа наши поранешни пациенти кои останаа уште некое време на островот поради следење и контрола на нивната здравствена состојба.

  Со Жизел се дотеравме и изгледавме како прави дами. Кога не видоа Арчи и Дастин, беа пријатно изненадени од нашата убавина. Ова ми беше прилика да променам нешто во мојот досегашен живот. Не знам колку беше правилно, меѓутоа се договоривме со Ема и со Кармен да завртиме нов лист во животот.

  Веднаш штом се видовме, започнавме да разговараме спонтано како да се познаваме отсекогаш. Евоциравме спомени за нивниот престој во клиниката. Тие рекоа дека беа многу задоволни од нивниот третман кај нас, а потоа продолживме за разговараме за други теми. Времето поминуваше, а нам не ни се стануваше да си одиме.

  Обично, ваквите излегувања се куси, но ова беа мажи кои го поминале светот и имаа големо искуство и умееја да се однесуваат со жени. Не помислив на времето. Ни предложија да продолжиме да се забавуваме во блискиот ноќен клуб.

  Отидовме во клубот. Амбиентот беше прекрасен. Складно наместен клуб со убаво декорирани маси во медова боја и исти такви тапацирани широки столови. Низ просторот беше полутемно, само на сцена беше посветло. Гласна еротска музика го исполнуваше просторот. Сцената беше направена во форма на елипса за да се гледа подобро.

  На една шипка играше витка девојка со долга плава коса. Ги нишаше колковите во согласност со музиката и полека почна да си го откопчува градникот. Си ги масираше градите и брадавиците што се стегнаа и што изгледаа како пролетни пупки. Полека го извади градникот и го фрли низ публиката. Публиката доживеа делириум, едни викаа, други ракоплескаа – кај нив адреналинот достигна врв. Иако првпат доаѓам во бар, гледајќи ги веселите лица на присутните, сфатив дека навистина се забавуваат. Не може секој да си дозволи ваков луксуз, меѓутоа тој што може и што сака ќе си помине интересно. За да седи човек во овие барови, парите се значајни и тие командуваат.

  Таа точно знаеше каде го фрли градникот и извивајќи го своето тело по такт со музиката, полека се приближи кон таа маса на која седеа двајца постари мажи. Гостите стануваа и ѝ доближуваа, но таа вешто ги одбегнуваше. На едниот му седна в скут и почна да го гали и да ги ниша колковите. Човекот почна да се поти и ѝ се препушти на играта. Му го отвори ременот и му ги откопча панталоните. Тој, целиот задишан и црвен во лицето, ги потспушти гаќите со панталоните и неговиот набрекнат „орган“ рипна како фонтана. Таа седна врз него и почна да ги ниша колковите. Тој почна да ја прегрнува и да ја влече кон него.

  На присутните им се допадна играта и погледите ги упатија кон нив. Арчи потврди дека и друг пат кога и да дојделе, се одвивал невообичаен стриптиз пропратен со еротски игри.

  Другиот почна да ѝ го става градникот, галејќи ја по градите. Таа длабоко дишеше, а него од возбуда толку му се тресеа рацете, што се забележуваше во пригушеното светло. Тој почна да ѝ ги лиже брадавиците. Таа милно се виткаше околу неговото тело. Полека ја закопчуваше и ѝ ставаше пари во градникот. Од банкнотите градникот стана претесен и од него излегуваа нејзините бујни гради. Тој што седна врз него се обидуваше да ѝ ги турне гаќичките но таа беше цврсто седната врз него. Подоцна, на сцената се појави едно момче со мускулесто тело, кое беше само по тенки слип гаќи. Тој почна во такт со музиката да игра на сцената и со погледот ја бараше девојката.

  Со полузатворени очи се вртеше низ сцената, сакајќи да го истакне „мирисот“ на страста, копнежот и љубовта. Кога ја виде се упати кон неа.

  Девојката ја играше својата игра толку добро и толку смело, што целиот клуб беше одушевена. За сѐ треба да си надарен за да те сака публиката. Клубот беше преполн. Секоја професија, која и да е, треба да ја изработиш со умеење храброст и харизма.

  Гостите уживаа во глетката, но и многу пиеја и јадеа. Келнерките, кои беа само по танга-гаќички и по градник, не престанаа да носат пијалаци, ладни предјадења и апетисани. Сигурно само тоа беше дозволено. Сите им ставаа бакшиши во градникот. Тие се вртеа заводливо со танц по музиката, послужавниците ги вртеа и занишуваа со градите и колковите. Па некој ќе станеше и ќе ги погалеше, некој, пак, ќе ги штипнеше и ќе им ставеше пари во градникот.

  Момчето, играјќи и истовремено правејќи кругови, дојде до девојката. Почна да ја гушка и полека да ја влече кон него. Таа стана и додека двајцата на масата се свестија, таа и момчето тргнаа полека кон сцената. Се вртеа низ масите, се бакнуваа и се милуваа и кога стигнаа на сцената, таа почна полека да му ги соблекува гаќите. Тие тоа лесно и вешто го правеа, сигурно го вежбале и се соживеале со улогата усогласени. Се качија на сцената и продолжија да се вртат на шипката. Глумеа секс – тој постепено ѝ ги соблекуваше гаќичките и на крај, под тие гаќички имаше помали танга-гаќички, а напред имаше еден мал лист од смоква заврзан со врвци.

  Гаќичките ги фрли низ масите и еден човек ги крена и одушевено ги мафташе. Дастин го препозна човекот и радувајќи се истрча кон него.

  Се ракуваа и Арчи рече: Ааа, еве го Барни! Нашиот пријател. И тој дошол овде. Ќе ви го претставам. Сигурно ќе седнат со нас. Еве и некој друг станува. Имаме уште два празни стола“.

  За кусо време, Арчи и другите двајца седнаа на нашата маса. Арчи ги претстави: „Ова е нашиот пријател Барни со неговиот партнер Едо“. Додека се поздравувавме, тие нѐ погледнаа љубопитно и потоа, Арчи нѐ претстави како две нивни пријателки, изоставајќи ја клиниката. До крајот на вечерта, имаше заедничка разнолика изведба од повеќе играчи – стриптизети и стрипери.

ПРИЈАТЕЛКИ